среда, 11 март, 2026
Meta.mk

Ознака: охридско езеро | 189 резултати

Целосното интервју на премиeрот Мицкоски на Конференцијата за конзервативна акција во Вашингтон

22 февруари 2025

Пренесуваме целосен транскрипт на македонски јазик од интервјуто на премиерот Христијан Мицкоски кое го водеше Кејти Мекфарланд, член на Одборот на CPAC и поранешен советник за национална безбедност во првиот мандат на претседателот Доналд Трамп. Интервјуто се одржа на вториот ден од Конференцијата за конзервативна акција во попладневните часови по локално време: Разговор со премиерот […]

Студенти развија апликација за следење на жешките точки и еколошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро

14 февруари 2025

Група студенти разви веб-апликација која овозможува интерактивно прикажување на биолошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро. Оваа апликација е создадена да ги прикаже клучните еколошки параметри и податоци за двете езера низ годината кои произлегуваат од работата на Хидробиолошкиот завод Охрид, соопштија од Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) – организацијата реализатор на […]

Нови дивоградби го загрозуваат Студенчишко Блато, УНЕСКО повторно предупреди дека Охрид е наследство во опасност

4 декември 2024

Пет нови дивоградби за помалку од две години никнале на подрачјето на Студенчишко Блато, за кое има решение за привремена заштита. Во моментов уште две непречено се градат, иако граѓанската организација Фронт 21/42 уште лани случајот го пријавила кај пет државни и локални инспекторати. Од оваа организација обвинуваат дека и земјиштето е трансформирано на незаконски […]

Екологистите задоволни што законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато ќе се доработуваат

5 септември 2024

Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ги повлече предлог законите за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата. Граѓанската организација „Фронт 21/42“, која во изминатиот период имаше многу забелешки на текстот на законите, денеска информираше дека се задоволни од оваа […]

Собранието ги прогласи Охридското Езеро и Кањонот Матка за споменици на природата

14 август 2024

Вчера собранието усвои закони со кои три природни локалитети во државата добија посебен заштитен статус. Охридското Езеро и Кањонот Матка се прогласуваат за споменици на природата, а Студенчишко Блато кај Охрид ќе има статус на парк на природата. Владата минатата година во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во трета […]

Во Охридското езеро најдена рачна бомба од Втора светска војна

6 август 2024

Вчера во 18 часот, М.Д.(38) од ресенското село Јанковец пријавил дека во водите на Охридското езеро кај струшкото село Радожда забележал стара рачна бомба, извести МВР. „Од извршениот увид е констатирано дека се работи за рачна бомба од италијанско производство од Втората светска војна“, се вели во соопштението на полицијата. Бомбата била безбедно подигната од […]

ИЈЗ: Фекалиите се дробат, но не се филтрираат при испуст во делови од Охридското езеро

8 јули 2024

Отпадните води во автокамповите „Љубаништа” и „Ливадишта“, хотелoт „Св. Наум“, ресторанот „Острово” и другите угостителски објекти во „Св. Наум“, се директни загадувачи на Охридското езеро. Тие се приклучени на канализациониот систем, но истиот не функционира. Ова е наведено во последниот извештај за квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење од природните езера и […]

Мета факт: Пецаков не набави пловен објект за чистење на Охридско Езеро

3 јули 2024

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во својата предизборна програма пред локалните избори од 2021 година, насловена како „За Охрид гарантираме, создади нова иднина“, вети дека ќе биде набавен специјален пловен објект, наменет за чистење на отпадоците во Охридско Езеро. Ветувањето е наведено во секцијата за заштита од климатски промени и животна средина, каде што пишува дека […]

Спасено лице од Англија што од карпа паднало во Охридското Езеро

27 јуни 2024

Несреќа се случила денеска во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје – едно лице паднало од карпа во водите на езерото и се здобило со повреди. По несреќата, на посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, кои го извлекле лицето. […]

УНЕСКО бара, државата не испорачува, граѓанските организации разочарани од третманот на Охрид

1 март 2024

Ревидираниот Стратегиски план за рехабилитација на Охридскиот регион и понатаму е список на желби на домашните институции, кои не предвиделе ниту временска рамка за имплементација на проектите, буџет и приоритети за секоја активност како што тоа им го бара УНЕСКО. Граѓанската организација „Фронт 21/42“ реагира на Извештајот за состојбата на Светското природно и културно наследство […]

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид

20 февруари 2024

Владата на денешната седница го утврди Предлогот на закон за измени и дополнувања на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Од Министерството за култура известуваат дека со предлогот ќе се заостри режимот на заштита на споменичката целина на Старото градско јадро согласно препораките и Одлуките на […]

Законот за Охридско Езеро ги крши меѓународните прописи, тврдат екологисти од „Фронт 21/42“

15 февруари 2024

Со усвојувањето на текстот на Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата, Владата и Министерството за животна средина го прекршија домашното и меѓународното законодавство и постапија спротивно на Уставот, велат од еколошката организација „Фронт 21/42“. Тие се незадоволни и од изборот на ЈП „Колекторски систем“ од Охрид за управувачко тело на Охридското […]

Усвоен текстот на предлог законoт за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје

13 февруари 2024

На иницијатива на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на денешната седница го усвои текстот на Предлог законoт за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата. Тој ќе биде доставен за усвојување до Собранието на РСМ. Според предлог законот, Охридското Езеро се прогласува за споменик на […]

Костадиновска-Стојчевска: За да се зачува статусот на Охридскиот регион, двете земји треба заеднички да работат

17 септември 2023

За да се зачува престижниот статус, двете пријателски земји треба заеднички да се фокусираат во реализирање на препораките и обврските, бидејќи подеднакво ја споделуваат и одговорноста за Охридското Езеро. Ова го истакнала министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на нејзината посета во Ријад, на вчерашната средба со Шефот на Одделот за Европа и Северна […]

Спасени пет лица од едрилица во Охридското Езеро, сопственикот изгубил контрола поради невремето

20 август 2023

Сопственик на пловен објект – едрилица, на која, покрај него, се превезувале уште четири лица, изгубил контрола врз објектот поради невремето и поради кршење на крмен лист. Настанот се случил вчера околу 19 часот, по што случајот бил пријавен во СВР Охрид, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Полициски службеници на Полициската станица за граничен […]

Ветер оддувал чамец со две момчиња од Охрид кон Албанија

8 август 2023

Утринава во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, од страна на веслачкиот клуб „Црн Дрим“ од Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, на два километри од брегот, наспроти „Женска плажа“, неконтролирано се оддалечува чамец за веслање со двајца малолетници во правец на државната граница со Република Албанија. Од МВР информираат дека […]

ИЈЗ: Канализацијата не работи, во Охридското езеро пливаат и фекалии

17 јули 2023

Хотел „Десарет”, автокамп „Градиште”, „Љубаништа” и „Ливадишта“, ресторан „Острово” и другите угостителски објекти во „Св. Наум”, се приклучени на канализациониот систем кој е изграден во 2013 година, но истиот не функционира. Во фазата на третман на отпадни води постои само дробилица за фекалните материи, но не постојат филтри и нема хлорирање на отпадната вода пред […]

Нуркачите ја накитија подводната новогодишна елка во Охридското Езеро

25 декември 2022

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка, соопштија од овој нуркачки центар. Со ова, велат тие, им ја чиститаат новата 2023 година на сите македонски граѓани. Од „Амфора“ додаваат дека, како и секоја година, и оваа им ја посветуваат на децата со […]

Вистиномер: Виралното видео од мажот кој вежба на плажа не е снимено на охридскиот брег

15 август 2022

Видеоснимката оригинално е објавена на минатиот месец на Твитер и станува збор за видео снимано на плажата Бриони на реката Сава во Сремска Митровица во Србија. Освен низ Србија и Македонија, ова видео со многу прегледи, споделувања и реакции се најде и на социјалните мрежи во Романија, Унгарија и на неколку канали на руски јазик, […]

Вистиномер: Вест за возило паднато во Охридското Езеро, стара две години, се објавува како да е денешна

29 јуни 2022

Не е вистина дека вчера автомобил „Тојота“ паднал во Охридското Езеро. Веста која е мошне вирална на социјалните мрежи и беше една од главните вести вчера, е всушност стара, односно настанот се случил пред точно две години, на 27 јуни 2020 година, за што говорат и видео снимките и објавите во медиумите, пишува „Вистиномер“ во […]

Страна 1 од 10