fbpx

Вистиномер: Виралното видео од мажот кој вежба на плажа не е снимено на охридскиот брег

-

Видеоснимката оригинално е објавена на минатиот месец на Твитер и станува збор за видео снимано на плажата Бриони на реката Сава во Сремска Митровица во Србија. Освен низ Србија и Македонија, ова видео со многу прегледи, споделувања и реакции се најде и на социјалните мрежи во Романија, Унгарија и на неколку канали на руски јазик, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Во објава на Фејсбук е споделено вирално видео за кое се тврди  дека прикажува маж снимен како вежба на охридска плажа. Ова не е точно, видеото не е од Македонија.

Добро утро Охриде, почвиме од сабајле со малце фискултура покрај езеро ❤️, пишува во постот

На видеоснимката се гледа маж во костим за капење кој вежба на плажа и симулира потези од боречки вештини, при што ги смее бројните капачи на плажата. Ова видео предизвика лавина коментари и стана многу вирално. Но, манипулативно се тврди дека е снимано на плажа во Охрид. Видеото е објавено на Фејсбук страницата Охриѓани и во самата објава е наведено дека е снимано во Охрид покрај езеро.

Меѓутоа, ако го подзагледате добро видеото ќе видите дека човекот се наоѓа на плажа, но брегот што е од спротива е многу блиску, па така не e логично дека е снимено на некое езеро во Македонија, а уште помалку во Охрид. Ваков брег на Охридското Езеро нема ниту во Охрид, ниту во Струга.

Видеоснимката оригинално е објавена на минатиот месец на Твитер и станува збор за видео снимано на плажата Бриони на реката Сава во Сремска Митровица во Србија.

Оваа снимка беше актуелна и вирална и на српските медиуми и социјални мрежи, по што портал од Србија успеал и да го пронајде мажот од видеото. Станува збор за Расим Биберовиќ од Сремска Митровица и нема никаква врска со Охрид, како што неточно се тврди во објавата.

Освен низ Србија и Македонија, ова видео со многу прегледи, споделувања и реакции се најде и на социјалните мрежи во Романија, Унгарија и на неколку канали на руски јазик (тука и тука).

Она што може да се забележи од речиси сите 176 коментари на видеото досега, е дека корисниците на социјалните мрежи се измамени и поверувале дека станува збор за видео снимено на охридскиот брег. Ваквото тврдење дека видеото е од Охрид е напишано само за да предизвика внимание, а тоа добро го знаат креаторите на вакви сензационалистички објави, кои користат вакви „мамки“ на социјалните мрежи за да привлечат што е можно поголем број на кликови, споделувања и видливост, како на објавата така и на самата Фејсбук страница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...