Нуркачите ја накитија подводната новогодишна елка во Охридското Езеро

фото: Нуркачки центар „Амфора“

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка, соопштија од овој нуркачки центар. Со ова, велат тие, им ја чиститаат новата 2023 година на сите македонски граѓани.

Од „Амфора“ додаваат дека, како и секоја година, и оваа им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.

Подводната елка посетителите на Музејот на вода ќе можат да ја видат сè до крајот на јануари.