вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: споменик на природата | 23 резултати

Законот за Охридско Езеро ги крши меѓународните прописи, тврдат екологисти од „Фронт 21/42“

февруари 15, 2024

Со усвојувањето на текстот на Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата, Владата и Министерството за животна средина го прекршија домашното и меѓународното законодавство и постапија спротивно на Уставот, велат од еколошката организација „Фронт 21/42“. Тие се незадоволни и од изборот на ЈП „Колекторски систем“ од Охрид за управувачко тело на Охридското […]

Усвоен текстот на предлог законoт за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје

февруари 13, 2024

На иницијатива на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на денешната седница го усвои текстот на Предлог законoт за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата. Тој ќе биде доставен за усвојување до Собранието на РСМ. Според предлог законот, Охридското Езеро се прогласува за споменик на […]

Законот за заштита на Матка десет месеци чека да се изгласа во Собрание

декември 14, 2023

Десет месеци откако Владата го усвои Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата, постапката сè уште не е завршена. Изгласувањето на законот во Собранието треба да е последниот чекор за едно од највредните природни богатства да биде репрогласено како споменик на природата и да […]

Клисурата Демир Капија шест децении е споменик на природата, но нема никаква заштита

февруари 19, 2023

Клисурата Демир Капија повеќе од шеесет години е споменик на природата, но во овој период ниту еднаш не бил донесен ниту план за управување, ниту, пак бил определен управувач. Граѓанската организација „Еко свест“ отпочнува иницијатива за репрогласување на овој локалитет како споменик на природата од трета категорија, исто како и Матка, според новиот закон за […]

Заштитата на Матка мрдна еден чекор, Владата го усвои Предлог законот за прогласување на заштитено подрачје

февруари 1, 2023

Владата на Северна Македонија на денешната седница го усвои Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата. Со тоа, децениското игнорирање на едно од највредните подрачја во земјава се приближува кон крај, а постапката за заштита направи еден чекор напред. Во следната фаза законот треба […]

Постојана чуварска служба ќе треба да ги чува највредните богатства на Матка

октомври 21, 2022

Мермерни карпи стари милијарди години и уникатна флора и фауна се богатствата кои ги чува кањонот Матка. Кошаниновата темјанушка, велигденчето, наталиева рамонда, рибарчето… се само дел од видовите кои се сретнуваат само во овој предел или само во овој дел од светот. Нацрт-законот за прогласување на Матка како споменик на природата предвидува богатството на кањонот […]

Наместо како природно богатство, граѓаните Кањонот Матка го третираат како отпадна канта

октомври 12, 2022

Додека е на пат кон прогласување на споменик на природата, Кањонот Матка се гуши во смет по завршувањето на летната сезона. За скопјани, но и за другите граѓани на државава посетата на селото и Кањонот како простор за рекреација беше можност за ладење од топлиот асфалт во текот на летото и за одмор во природа […]

Објавен е Нацрт законот за репрогласување на Матка како споменик на природата

септември 26, 2022

Министерството за животна средина го објави Нацрт законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата, а јавната расправа за неговата содржина е закажана за 17 октомври. Кањонот Матка е вклучен во Националната Емералд мрежа на подрачја од посебен интерес за зачувување на Европската Унија, а бројните видови од Кањонот Матка се вклучени на […]

Матка ќе се репрогласи како споменик на природата до крајот на годината

август 15, 2022

Кањонот Матка сè уште чека репрогласување како споменик на природата и вистинска заштита на реткостите кои можат да се најдат на овој локалитет. Министерството за животна средина во моментов работи на додефинирање на текстот на Нацрт-законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата, откако ги доби писмените забелешки од Градот Скопје, Општината Сарај […]

Нацрт-законот за Матка е готов, но сега се чекаат мислењата на новите градоначалници на Скопје и Сарај

ноември 13, 2021

Репрогласувањето на Матка како споменик на природата ќе почека додека новите градоначалници и совети на Град Скопје и Општина Сарај се запознаат со Нацрт-законот за репрогласување на кањонот Матка како заштитено подрачје – категорија III. Првичната верзија на законот, која е изработена во согласност со Законот за заштита на природата и Извештајот за проценка на […]

Наместо скијачки центар, на Јабланица да се развива одржлив туризам, порачуваат од WWF и Еко-свест

ноември 2, 2021

По изјавата на директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дејан Павлески за планираната изградба на луксузни ски центри на Јабланица, Светската организација за заштита на природата – WWF и Еко-свест реагираат дека овие планови се во спротивност со заштитата на природата и со меѓународните стандарди. Тие напоменуваат дека пред само две години, Споменикот на природа […]

Се подготвува законот за прогласување на Матка за споменик на природата

септември 25, 2021

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) подготвува предлог закон за прогласување на кањонот Матка за споменик на природата. Најавата за почеток на процесот за подготовка на нацрт -законот е објавен во Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР), но детали уште не се споделени, пишува Порталб.мк. Кањонот Матка ќе биде прогласен за споменик на природата, […]

Нацрт-законот сѐ уште се работи, Матка 17 години чека да се репрогласи за споменик на природата

август 16, 2021

Кањонот Матка сѐ уште чека репрогласување како споменик на природата. Нацрт-законот сѐ уште е во Министерството за животна средина, иако уште пред неколку месеци беше најавено дека документот наскоро ќе се презентира пред јавноста. Процедурата тука нема да заврши, бидејќи по забелешките од јавноста ќе треба да се изработува Предлог-закон кој ќе мора да биде […]

Нуредини: Нема да дозволиме легализација на дивоградби на Матка

јуни 22, 2021

Изработката на Законот за репрогласување на кањонот Матка како споменик на природата е во завршна фаза и локалитетот наскоро ќе ја добие заштитата која му припаѓа, а ќе се решава и прашањето на дивоградбите. Министерот за животна средина Насер Нуредини одговарајќи на прашање на Мета.мк вели дека во моментов во тек се разговори меѓу Градот […]

Се подготвува Нацрт-законот за репрогласување на Матка за споменик на природата

март 19, 2021

Нацрт-законот за репрогласување на кањонот Матка за споменик на природата е во изработка и би требало да биде готов во текот на следните два до три месеци. Од Министерството за животна средина информираат дека постапката за заштита тече, откако овој уникатен локалитет чекаше 16 години и во тој период се соочи со низа узурпации, незаконски […]

Порталб: Во очекување на репрогласување на заштитено подрачје, Матка и понатаму загрозена

октомври 29, 2020

Додека кањонот Матка ги чека административните процедури да биде прогласен за заштитено подрачје, во езерото Матка и понатаму има моторни чамци, кои според одлуката Матка да се прогласи за споменик на природата се строго забранети, пишува „Порталб.мк“. Според оваа одлука, објавена во Службен весник во мај 1994 година, која сè уште е во сила, во […]

Обвинителството поднесе две кривични пријави за дивите платформи на Матка

октомври 16, 2020

Изградбата на дивите платформи на Матка ќе има судски епилог. Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Скопје поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Узурпација на недвижности, согласно член 225 став 1 од Кривичниот законик. Тие се обвинети дека узурпирале локација прогласена за споменик на природата во Матка. „Првиот обвинет, 39-годишен жител на […]

Матка 16 години чека да биде репрогласена како заштитено подрачје

септември 4, 2020

Кањонот Матка од 2004 година чека да биде репрогласен за заштитено подрачје како споменик на природата. Една од најубавите природни реткости во земјава и дом на многу ретки и ендемични видови на растенија и животни, меѓу кои и египетскиот и белоглавиот мршојадец, кои се на црвените листи на загрозени видови, речиси две децении е оставена […]

На Матка не смее да се скине ниту цвет, а не, пак, да се возат моторни чамци

август 24, 2020

Возење на моторни чамци во езерото на кањонот Матка е строго забрането, а Одлуката за прогласување на Матка за споменик на природата, која во 1994 година ја донело тогашното Собрание на Градот Скопје, предвидува дека во кањонот може да се движат пловила само на електричен погон. Според Одлуката, објавена во Службен гласник во мај истата […]

Страна 1 од 1