fbpx

Законот за амнестија на осудените од 27 април не помина, обвинувања кои пратеници не гласале

-

Откако пратениците од Собранието вчера не го прифатија предлог-законот за амнестија на осудените за „крвавиот четврток“ од 27 април 2017 година, денеска опозициските пратеници се расправаат зошто дел од нив не гласале за овој предлог кој беше поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, по претходна иницијатива на адвокатите Јанаки Митревски и Драган Пешевски.

На вчерашното гласање 58 пратеници гласаа „против“, додека 40 пратеници го поддржаа предложеното законско решение, за кој од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека осудата на лицата од 27 април е најголема неправда во поновата историја на земјава.

Сепак, пратеникот на Левица Димитар Апасиев денеска објави дека осум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ биле против предложениот закон за амнестија на осудените од 27 април, односно не гласале за амнестија на осудените за „крвавиот четврток“ на собраниската седница.

Како што се очекуваше, пратениците од владејачкото мнозинство гласаа против предложениот закон, но затоа пак пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето од собраниската говорница рекоа дека ќе го поддржат овој закон. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска од собраниската говорница пред гласањето ги повика пратениците да покажат простување и помирување, да покажале човечност и да не гледаат од која страна доаѓа предлогот. Од ВМРО-ДПМНЕ по гласањето за предлог-законот не реагираа со соопштение за јавност на оваа тема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...