fbpx

Преспанското јаболко доби заштитена географска ознака

-

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски потпиша 17 решенија на производители на преспанско јаболко, кои успешно ја поминаа верификацијата и ќе можат непречено да го користат заштитениот географски назив „Преспанско јаболко“.

Со заштитата на географскиот назив „Преспанско јаболко“, истиот се заштитува од имитација, злоупотреба и лажно декларирање. Всушност се заштитува угледот и автентичноста на овој произод. Потрошувачите кои ќе видат производ јаболко што ја носи оваа ознака, можат да бидат сигурни дека ќе конзумираат автентичен производ од Преспанскиот регион со загарантиран квалитет.

Врз основа на член 148 став 1 од Законот за квалитетот на земјоделските производи, Земјоделската задруга ЗЗ Преспанка – преспанско јаболче од Ресен, кон крајот на 2021 година поднесе барање за регистрација на географска ознака до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. За таа цел се формираше Стручна комисија за спроведување на постапка за регистрирање на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко.

Стручната комисија во целост ја запази постапката за регистрација, при што донесе две одлуки:

– Одлука дека барањето, ревидираниот елаборат и пропратната документација за регистрирање на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко се основани и

– Одлука дека предлог контролниот план изработен од страна на Државниот инспекторат за земјоделство за верификација на соодветноста на производот со елаборатот е основан.

Врз основа на горенаведените одлуки, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе одлука за одобрување на контролниот план, како и Решение за регистрација на заштитена географска ознака – Преспанско јаболко (Службен весник на Република Македонија бр. 265/2022).

Државниот инспекторат за земјоделство, согласно одобрениот контролен план, изврши верификација на соодветност на лице место на површините со јаболка кај секој поединечен член на Земјоделската задруга ЗЗ Преспанка – Преспанско јаболче од Ресен и достави Извештај за завршена верификација врз основа на кој министерот потпиша 17 решенија на производители на праспанско јаболко, кои во иднина ќе можат непречено да го користат заштитениот географски назив.

Министерството истакна дека ова е голем успех и дека продолжува со поддршка на сите кои сакаат да го заштитат својот производ со некоја од ознаките за квалитет: заштитена географска ознака, ознака за потекло и загарантиран традиционален специјалитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...