понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Амнестија | 85 резултати

Законот за амнестија оди во Собрание – ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешките дела

септември 26, 2023

Владата на денешната седница даде зелено светло за Законот за амнестија и тој ќе биде доставен до Собранието. На претходната седница овој закон беше вратен на усогласување, со цел да се регулира статусот на македонските државјани осудени во странство, кои казната ја издржуваат во земјава. Законот го предложи министерот за правда Кренар Лога, а неговото […]

Со измените на Кривичниот законик Груевски не се враќа во Македонија, тврди Пендаровски

септември 23, 2023

Со последните измени на Кривичниот законик, Никола Груевски нема да се врати во Македонија. Досега не се вратил, поради овие измени нема ни да се врати, тоа е сигурно, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за „Гласот на Америка“, дадено по неговото обраќање во ООН. „Тврдам, досега не се вратил, заради овие измени нема ни […]

Закон за амнестија: Од затвор ќе излезат 250 осуденици, а на ред чекаат да влезат 2.000 нови

септември 23, 2023

„Се срамам што сум премиер на земја во која има затвори со нехумани и супстандардни услови под секое човечко достоинство. Преку владината камера која влезе и сними внатре сѐ, ќе се обидеме преку вас медиумите, да ја поттикнеме дебатата во општеството овие услови под итно да се подобрат“, рече премиерот Зоран Заев во 2017 година, […]

Пендаровски фрли жешка топка во рацете на партиите – кој барал амнестија за Груевски?

септември 17, 2023

Откако претседателот на државата, Стево Пендаровски во гостување на емисијата „Трилинг“ рече дека на неформално ниво, пред 7-8 месеци од „некои актери на политичката сцена“ бил консултиран околу евентуална амнестија на експремиерот Никола Груевски, денеска политичките партии, секоја со своја теза, повторно ја вжештија темата. Пендаровски во емисијата истакна дека нема намера да го помилува […]

Опозицијата на два пати преку посредници барала од Пендаровски помилување за одредени политичари

септември 16, 2023

Претседателот Стево Пендаровски, соопшти дека оваа година, на два наврати опозицијата преку посредници му упатила „предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи закон за амнестија на актуелни или поранешни политичари“. „Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како […]

Кривичниот суд ги отфрли барањата за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“

јуни 16, 2023

Основниот кривичен суд од Скопје денеска го отфрли барањето за амнестија на обвинетите лица во случајот „Организатори на 27 април“. Барањето за амнестија го поднесоа поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и бившиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски. Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков на […]

Граѓаните што не ги почитувале ковид-протоколите ќе бидат амнестирани

март 20, 2023

Собраниските пратеници ги усвоија измените на Законот за амнестија, со кои граѓаните осудени на високи парични казни поради непочитување на протоколите за време на ковид-пандемијата, ќе бидат амнестирани. Во периодот по донесувањето на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба од страна на Претседателот Стево Пендаровски, од март 2020 година биле изречени голем број […]

Законот за амнестија на осудените од 27 април не помина, обвинувања кои пратеници не гласале

март 17, 2023

Откако пратениците од Собранието вчера не го прифатија предлог-законот за амнестија на осудените за „крвавиот четврток“ од 27 април 2017 година, денеска опозициските пратеници се расправаат зошто дел од нив не гласале за овој предлог кој беше поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, по претходна иницијатива на адвокатите Јанаки Митревски и Драган Пешевски. На вчерашното гласање 58 пратеници […]

ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за амнестија за осудените за упадот во Собранието на 27 април

февруари 3, 2023

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РСМ денеска поднесе предлог-закон, инициран од адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски, за целосна амнестија на лицата осудени за упадот во Собранието што се случи на 27 април 2017 година. „Овој предлог е само продолжение на претходниот закон за амнестија, кој е донесен во декември 2018 година, но […]

Уставниот суд ја одби иницијативата на Чавков за амнестијата за „27 април“

декември 4, 2019

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови од судиите не поведе постапка за оценка на уставноста на член 1 и член 2 од Законот за амнестија, врз основа на кои беа амнестирани лица инволвирани лица во насилството во Собранието на 27 април 2017 година. Иницијативата беше поднесена од Митко Чавков, поранешен директор на Бирото […]

Амнестираниот Борис Дамовски на новогодишен коктел на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

декември 31, 2018

Борис Дамовски, неодамна амнестираниот водач на движењето „За заедничка Македонија“, заедно со членката на Извршниот комитет, Иванка Василевска, изминатиот викенд беше почесен гостин на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Штип. Дамовски дојде во Штип на предновогодишниот коктел за членовите на штипскиот огранок на опозициската партија. На средбата во седиштото на партијата, покрај членовите, присуствува […]

Обвинителствата дадоа позитивно мислење за уште четири амнестии

декември 28, 2018

Основните јавни обвинителства, согласно пред некој ден изгласаниот Закон за амнестија, денеска до Основниот суд Скопје 1 доставиле мислења за преостанатите барања за амнестија и позитивно мислење дале само за четири од нив. Интересното е што Основното јавно обвинителство – Скопје, од 37-те барања се изјаснило позитивно само за едно, а другите ги оценило како […]

Мукоски, Василевски, Димовски, Арнаудов и Тарчуловски добија амнестија

декември 28, 2018

Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски се помеѓу првите обвинети што добија амнестија за крвавиот четврток на 27 април минатата година, пишуваат дел од медиумите. Покрај петте пратеници, амнестија е одобрена и за вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Елена Божиновска и Иван Цветановски, како и за […]

Во Јавно обвинителство пристигнале вкупно 66 барања за амнестија

декември 27, 2018

Јавното обвинителство извести дека пристигнале вкупно 66 барања за амнестија доставени согласно Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје. „Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнаа 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12. Во Основното јавно обвинителство Скопје пристигнати се […]

Чавков не поднел барање за амнестија, смета дека е невин

декември 26, 2018

Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност во времето на упадот и насилството во Собранието на 27 април 2017 година, не поднел барање за амнестија, според новиот закон. Рокот за ваквите барања истече вчера. Информацијата ја кажа утрово адвокатот Сашко Дукоски, бранител на Чавков, пред денешното рочиште за […]

Последен ден за поднесување барања за амнестија за „27 април“

декември 25, 2018

Денеска истекува рокот за поднесување барања за амнестија за настаните во Собранието од 27 април 2017 година според законот кој го подготви Координативното тело за помирување, а го изгласа Собранието со 95 гласа „за“. Заклучно со вчерашниот ден до Кривичниот суд во Скопје пристигнале вкупно 38 барања за амнестија од обвинетите во неколкуте случаи кои […]

До Кривичниот суд поднесени 12 барања за амнестија

декември 24, 2018

До утрово до Кривичниот суд во Скопје се пристигнати 12 барања за амнестија од обвинетите за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година Секој од обвинетите за „27 април” има право да поднесе барање за амнестија, ако смета дека ги исполнува условите пропишани со Законот. Петдневниот рок за доставување на барањата […]

Шест амнестии за 27 години

декември 19, 2018

Лавина реакции во македонската јавност предизвика вчерашното едногласно усвојување на Законот за амнестија за собраниските настани од 27 април за кој 95 пратеници од власта и опозицијата гласаа „за“. Главното прашање е дали политичарите со користењето на амнестијата како механизам го подриваат правниот систем во Македонија во зависност од моменталните политички интереси. Искуствата покажуваат дека […]

Со 95 гласа „за“ Собранието го усвои Законот за амнестија

декември 18, 2018

По скратена постапка со и со 95 гласа „за“ вечерва беше усвоен Законот за амнестија кој предвидува кој НЕ МОЖЕ да бара амнестија за настаните од 27 април, 2017 година. Откако ќе стапи на сила, обвинетите имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија. Според законот, не може да бидат амнестирани организаторите и […]

Утврден предлог-законот за амнестија на учесниците во настаните од 27 април

декември 12, 2018

Подгрупата за помирување во Собранието изготви предлог – закон за амнестија што денеска ќе биде доставен до Координативното тело за помирување, а ако биде прифатен, како предлог – закон ќе биде пуштен во собраниска процедура за да се носи во скратена постапка. Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи оваа подгрупа, […]

Страна 1 од 5