Кривичниот суд ги отфрли барањата за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“

Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков на рочиштето изјави дека по барањето на одбраната на обвинетите за примена на Законот за амнестија од 2018 година и по добиеното мислење на Јавниот обвинител, донел одлука со која барањето се отфрла како неосновано

-

Основниот кривичен суд од Скопје денеска го отфрли барањето за амнестија на обвинетите лица во случајот „Организатори на 27 април“. Барањето за амнестија го поднесоа поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и бившиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски.

Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков на рочиштето изјави дека по барањето на одбраната на обвинетите за примена на Законот за амнестија од 2018 година и по добиеното мислење на Јавниот обвинител, донел одлука со која барањето се отфрла како неосновано.

Барањата за амнестија од обвинетите беа поднесени на почетокот на повторениот судски процес, во кој тие се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Повторениот судски процес доаѓа откако Апелацискиот суд во Скопје во април годинава ја укина првостепената пресуда на Основниот кривичен суд, а предметот го врати на повторно судење.

Со првичната пресуда од Основниот кривичен суд во Скопје за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на шест и пол години казна затвор беше осуден Трајко Вељаноски, на по шест години и три месеци беа осудени Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, додека Владимир Атанасовски доби шест години затворска казна.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...