сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Миле Јанакиески | 146 резултати

Одложено повтореното судење за „Организатори за 27 април“, ќе се бара амнестија

мај 9, 2023

Повтореното судење за предметот „Организатори за 27 април“ денеска беше одложено, откако обвинителот рече дека од вкупниот број на поднесоци, три се однесуваат на примена на Законот за амнестија и нагласи дека по тие барања во моментот не може да се произнесе. Претходно, Апелациониот суд ја укина пресудата за овој предмет, со образложение дека Кривичниот […]

Судот во Стразбур ги одби жалбите на помилуваните ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ

февруари 16, 2023

Европскиот суд за човекови права во Стразбур едногласно одлучи дека апликацијата на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои во 2016 година беа помилувани од тогашниот претседател Ѓорге Иванов се недопустливи, односно дека обвинетите не ги исцрпиле сите домашни правни лекови. Владимир Талески, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Тони Трајковски и Едмонд […]

Пресуда за уривањето на „Космос“: Никола Груевски доби девет години казна затвор, Јанакиески три

мај 20, 2022

Основниот кривичен суд-Скопје денеска ги објави пресудите во случајот „ТНТ“, којшто се однесува за рушењето на станбениот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Судот ги прогласи за виновни обвинетите, при што поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на девет години казна затвор. Некогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на три години […]

Миле Јанакиески призна вина и доби условна казна од 2 години за набавката на кинеските автобуси

март 10, 2022

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и две други обвинети лица денеска признаа вина во судскиот процес „Дизајн“ којшто се води за набавката на кинеските автобуси „Јутонг“ за ЈСП-Скопје во периодот од владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Откако тие признаа вина, Основниот кривичен суд Скопје објави дека Јанакиески и двете други обвинети се осудени на […]

Јанакиески и Јанкулоска осудени на затворска казна за „Титаник“, Протуѓер доби условна

февруари 28, 2022

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска беше осудена на казна затвор од 2 години и шест месеци. Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој исто така беше еден од соработниците на екс-премиерот Никола Груевски, доби ефективна казна затвор од 4 години и 6 месеци,  Коста Митровски доби по 3 години затвор […]

Јанкуловска, Јанакиески и Протоѓер признаа вина во случајот „Титаник“

февруари 11, 2022

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на кабинетот на на пребеганиот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, како и пет други обвинети лица, признаа вина на денешното судско рочиште за случајот „Титаник“. Судскиот процес почнува по трет пат од почеток поради смена на поротник. Обвинетите се […]

Дваесет и пет години затвор за организаторите на насилствата во Собранието на 27 април

јули 26, 2021

Кривичниот суд Скопје, ги прогласи за виновни обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” и ги осуди на вкупно години 25 години затвор. Највисока казна против организаторите на упадот и насилствата во Собранието од 27 април 2017 година доби поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој е осуден на шест години и шест месеци затвор, […]

Четворица обвинети за набавката на двокатните автобуси на ЈСП, меѓу кои Јанакиески и Јанушев

јули 14, 2021

По спроведената истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица во однос на набавката на двокатните автобуси за ЈСП-Скопје во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу обвинетите, се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле […]

Одбраната на обвинетите за 27 април тврди дека немале комуникација за да го загрозат уставниот поредок

јули 6, 2021

Oдбраната во случајот „27 април”, каде обвинети се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, денеска на судското рочиште истакна дека обвинетите за организацијата на 27 април ниту имале комуникација меѓу себе ниту во дејствијата за кои ги гони обвинителството има насилство за […]

Судење за „27 април“: Јанакиески бара полиграф, Ристовски не комуницирал со Нинџа, Атанасовски не знае зошто е обвинет

мај 28, 2021

Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Изјави дадоа поранешните министри за транспорт и врски, Миле Јанакиески и за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски. Миле Јанакиески побара да сведочи пред полиграф […]

Полициски претреси во становите на Груевски и на Јанакиески

март 23, 2021

Утрово се извршени претреси во објект на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески во Прилеп, а полициски претреси по налог на јавен обвинител се извршени во станови на Никола Груевски во Скопје, пишува „Слободен печат“. Според весникот, од јавното обвинителство потврдиле дека имало претреси во објекти во Прилеп, но не прецизирале за кои станува збор. […]

Талат Џафери сведочеше за настаните од 27 април во Собранието, следното рочиште е на 16 октомври

октомври 8, 2020

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска сведочеше за насилството што се случи на 27 април во парламентот. Тој, како што истакна денеска во Кривичниот суд, на 27 април имал смртен случај во семејството, починал брат му и затоа повремено доаѓал на седницатa. Оттука, поради тоа, немал лично сознание дали 31 пратеник доставиле писмо до претседавачот […]

Пребеганиот Груевски осуден на уште 1,5 година затвор, вкупно треба да одлежи 3,5 години во македонските затвори

септември 29, 2020

Четири години откако беше поднесено обвинението, поранешниот премиер, бегалец од правдата, Никола Груевски е осуден на една и пол година затвор и за случајот „Насилства во општина Центар“. Со првата пресуда од 2 години затвор, севкупно пребеганиот поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски треба да одлежи 3,5 години во македонските затвори. Покрај Груевски, на условна […]

Премиерот Спасовски сведочеше за настаните поврзани со упадот во Собранието на 27 април

мај 13, 2020

Премиерот Оливер Спасовски денеска по втор пат сведочеше за случувањата поврзани со упадот во Собранието на 27 април 2017 година во судскиот процес против организаторите на „крвавиот четврток“. Актуелниот премиер Спасовски во судницата се соочи со поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, кој е еден од обвинетите во судскиот случај. Спасовски сведочеше дека на 27 април […]

Сведоци на суд изјавија дека ВМРО-ДПМНЕ стоела зад протестите на „За заедничка Македонија“

мај 11, 2020

Сведоците Михаил Младеновски и Сашко Коцевски денеска ги дадоа своите изјави на новото судско рочиште во процесот против организаторите на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Младеновски, којшто претходно беше обвинет во судскиот процес за настаните од 27 април, рече дека тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) го подготвила планот за упад […]

Судот го прифати обвинението за организаторите на „Крвавиот четврток“

јануари 9, 2020

Основниот кривичен суд – Скопје информираше дека го прифатил обвинението за четири лица што се товарат за организација на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. На обвинителната клупа за „Крвавиот четврток“ ќе седнат поранешниот Претседател на Собранието Трајко Вељаноски, некогашните министри во владата на ВМРО – ДПМНЕ Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, […]

Апелација му го укина притворот на Груевски за „Космос“, СЈО бара нов притвор

мај 30, 2019

Апелацискиот суд Скопје му го укинал притворот на избеганиот екс-премиер Никола Груевски за случајот „ТНТ“, а обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара повторно Кривичниот суд да му одреди притвор, иако Груевски од Македонија избега уште на 11 ноември минатата година и е во Унгарија, каде доби азил. Рустеми побара повторно одредување притвор, […]

Цаноски повторно почна да го гради „Космос“

март 8, 2019

Компанијата „Фине ДОО“ и Фијат Цаноски од денеска ја започнуваат градбата на комплексот „Космос“, чија што градба треба да заврши најдоцна до почетокот 2021, информираат од компанијата. Споре најавите, тој ќе биде најелитниот станбен комплекс, а инвестицијата на комплексот изнесува близу 60 милиони евра. Сместен покрај реката Вардар, во населбата Ќерамидница, комплексот е предвидено да […]

Директорот на „Шутка“, Котевски ги поднел оставката и извештајот до Влада

февруари 26, 2019

Директор на истражниот затвор во „Шутка“, Ѓоко Котевски до Владата, Министерството за правда и до Управата за извршување санкции ги доставил оставката и извештајот во врска со инцидентите во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спире Ристовски и Миле Јанакиески. Котевски посочи дека првично биле покренати дисциплински постапки за 11 лица во затворот „Скопје”, кај […]

Заев побара оставка поради инцидентот, директорот на „Шутка“ се согласи да ја даде

февруари 22, 2019

Директорот на затворот „Шутка“, Ѓоко Котевски ќе го прифати барањето на премиерот Зоран Заев за негова оставка, по повод инцидентот кој вчера се случи кога приведените поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, наводно биле нападнати и повредени. – Барањето на премиерот е конечно и тоа ќе биде реализирано. Се надевам дека ќе има простор […]

Страна 1 од 8