fbpx

Талат Џафери сведочеше за настаните од 27 април во Собранието, следното рочиште е на 16 октомври

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска сведочеше за насилството што се случи на 27 април во парламентот. Тој, како што истакна денеска во Кривичниот суд, на 27 април имал смртен случај во семејството, починал брат му и затоа повремено доаѓал на седницатa.

Оттука, поради тоа, немал лично сознание дали 31 пратеник доставиле писмо до претседавачот Трајко Вељаноски, кој е обвинет во случајот, со барање седницата да продолжи и по истекот на нејзиното вообичаено времетраење. Тогаш, како што истакна Џафери на сведочењето, немало техничка можност претседателот на Собранието да исклучи пратеник од говорница и затоа морал да побара да го направи режијата.

Собранискиот спикер потврди дека претседавачот Вељаноски неколку пати побарал од пратениците да се откажат од говорот, но не можел да ги принуди на тоа. Денеска во Кривичниот суд сведочеше само Џафери, а преостанатите сведоци ќе бидат сослушани на следното рочиште што е закажано на 16 октомври.

Обвинети во случајот „Организаторите на 27 април“ се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Случајот е во доказна постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...