fbpx

Стразбур пресуди во корист на Ристоски – повредено му било правото на слобода

Стразбур досуди нематеријална отштета од 750 евра која државата треба да ја плати во наредните три месеци

-

Европскиот суд за човекови права пресуди дека има повреда на правото на слобода во определувањето на притворот на ексминистерот Спиро Ристоски, обвинет во предметот „Организатори на 27-ми април“ и за притворот на Митко Пешов осуден во првиот предмет за 27 април.

За двајцата досудена е нематеријална отштета од по 750 евра.

„Втора пресуда на Европскиот суд за човекови права, во која се утврдува повреда за обвинетиот Митко Пешов, обвинет во предметот 27-ми април, во постапката со одредување на мерката притвор од домашните судови.Мали износи на штета, но за нас голема сатисфакција зошто знам дека ќе следуват и други пресуди со повреди од судот во Стразбург за оваа постапка. Се надевам судовите ќе извлечат поука и ќе ја променат праксата со притворите, за да не плаќаат граѓаните за нивните грешки!“, објави адвокатката на Пешов, Павлина Зефиќ на својот профил на Фејсбук.

На Пешов, според пресудата на ЕСЧП, му било повредено правото на слобода и сигурност затоа што мерката куќен притвор му била заменета со ефективен пртивор без да биде сослушан, ниту да му бидат доставени аргументите на обивнителството.

Ристоски, пак, повеќе од 20 месеци бил во притвор од кои најголем дел куќен. Стразбур лоцирал повреди поради должината на неговиот притвор од 21 месец за случајот, а второ затоа што, според пресудата, домашните судови се повикувале на политички причини, што не е според начелата на Судот во Стразбур.

Државата треба да ги плати парите во рок од три месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промовирани новите полициски службеници, генерација 2023-2024

Денеска се одржа пригодна церемонија по повод свечената Промоција на нови полициски службеници - генерација 2023-2024 година, во Центарот за обука на МВР во Идризово, на која покрај раководството...