Судот во Стразбур пресуди во корист на Јанакиески, државата ќе му плати 6.000 евра

Во одлуката на судот во Стразбур се вели дека на Јанакиески му биле прекршени правата од членот 5 на Европската конвенција за човекови права

-

Европскиот суд за човекови права и слободи (ЕСЧП) ја објави пресудата во случајот на Миле Јанакиески против Македонија, а во врска со притворот за случаите „Организација на 27 април“ од февруари 2019 година и „Шпански скали“ од јуни истата година.

Во одлуката на судот во Стразбур се вели дека на Јанакиески му биле прекршени правата од членот 5 на Европската конвенција за човекови права.

„Случајот се однесува на два сета на кривични постапки против господинот Јанакиески, првиот за терористичко загрозување на уставниот поредок, и вториот за злоупотреба на службената положба, за време на кои му биле нарушена слободата со одлуки на домашните судови. Потпирајќи се на Членот 5 (право на слобода и безбедност) од Конвенцијата, господинот Јанакиески поднесе жалба за наводни незаконитост и произволност, недостаток на релевантни и доволни причини и недостаток на брзо право на жалба на неговото лишување од слобода“, пишува во соопштението од Судот во Стразбур.

Државата ќе треба да му плати вкупна отштета од 6.100 евра на Јанакиески, од кои 3.900 евра за нематеријална штета и 2.200 евра за трошоците.

Од Кривичниот основен суд Скопје реагираа на одредени медиумски написи дека во случајов „притворот бил неосновано определен“ и повикаа на „прецизно и дословно известување за вакви сензитивни теми“.

„Пресудата во ниту еден дел не ја оспорува основаноста на определените мерки притвор и куќен притвор во прв степен, напротив ЕСЧП констатирал дека притворот бил оправдан, НО утврдува пропусти во лишувањето од слобода на обвинетиот, како и „брзината“ на жалбената постапка во повисок степен“, велат од Кривичниот суд.

Во прилог, од судот го цитираат образложението дека основаноста на определениот притвор бил поткрепен со соодветни докази, односно точка 95 од пресудата според која „нема индикации дека оценката направена од домашните судови во овој поглед била произволна или очигледно неразумна“.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...