Вал: Со одлуката за повреда на правата на новинарите за 27 април, Уставен придонесе за развој на демократијата

Со оваа одлука, Уставниот суд директно придонесе за развојот на посилно демократско општество, кажа Вал во совјот говор на конференцијата организирана денес по повод 60-годишниот јубилеј на Уставниот суд.

-

Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, Килијан Вал, го поддржа барањето на Уставниот суд да добие нов механизам за заштита на правдата – уставната тужба, а како европски стандард за заштита на слободата на говорот ја посочи одлуката за новинарите околу 27 април.

Со оваа одлука, Уставниот суд директно придонесе за развојот на посилно демократско општество, кажа Вал во совјот говор на конференцијата организирана денес по повод 60-годишниот јубилеј на Уставниот суд.

„Едноставното споменување на богатата судска пракса на Судот нема да им оддаде признание на нивните напори, но многу е важно да се истакне дека, низ целата негова стожерна работа, Уставниот суд воспостави доктрина на позитивната обврска на државата да ги обезбедува слободите и правата. Судот го постави овој стандард со тоа што ја зеде предвид праксата на Европскиот суд за човекови права при заштитата на слободата на изразување и заштитата на новинарите. Преку својата јуриспруденција, Судот не само што ги одбрани индивидуалните права на новинарите, туку и активно придонесе за слободно и демократско медиумско известување“, рече Вал.

Тој кажа дека долго време се застапува зајакнувањето на Уставниот суд преку воведување на сеопфатниот механизам на жалба.

„Со доверувањето мандат на Уставниот суд директно да ги обработува жалбите на граѓаните, наместо да се потпираме на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ја правиме правдата попристапна и поблиску до дофатот на сите граѓани на Северна Македонија“, порача Вал.

На денешната конференција свои обраќања имаа и претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, министерот за правда Кренар Лога, а меѓу говорниците беше и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

За воведувањето уставна тужба со која граѓаните, наместо во Стразбур, правда да бараат во Уставен, се согласи целиот државен врв.

Домашните говорници ја пофалија работата на Уставниот суд, додека американската амбасадорка порача притисоците врз судиите веднаш да престанат.

„Јас имам слушнато од многу од вас за притисоците коишто се ставени врз вас. Притисоците врз судската власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане, судиите мора да бидат слободни за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа и сè повеќе го бараат тоа“, порача Агелер од конференцијата по повод шестдецениската работа на Уставниот суд.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...