среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: судство | 145 резултати

„Немате независно судство“ – Европската комисија со загриженост за владеењето на правото во земјава

24 јули 2024

Независноста на судството во Северна Македонија е клучен предизвик пред кој е исправена државата и е нотирана во најновиот извештај за владеење на правото на Европската комисија (ЕК). Овој извештај се објавува еднаш годишно за сите држави членки на Европската Унија (ЕУ), а оваа година за првпат во него се опфатени и земјите кои се […]

Вал: Со одлуката за повреда на правата на новинарите за 27 април, Уставен придонесе за развој на демократијата

15 март 2024

Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, Килијан Вал, го поддржа барањето на Уставниот суд да добие нов механизам за заштита на правдата – уставната тужба, а како европски стандард за заштита на слободата на говорот ја посочи одлуката за новинарите околу 27 април. Со оваа одлука, Уставниот суд директно придонесе за развојот на […]

ЕК: Да се подобрат резултатите во борбата против корупцијата, особено на високо ниво

11 март 2024

Комисијата ги повикува властите на Северна Македонија да вложат постојани напори за да обезбедат независност, професионализам, транспарентност и непристрасност на судството. Комисијата ја истакна потребата да се подобрат досегашните резултати во борбата против корупцијата, особено на високо ниво. Ова се дел од заклучоците од 18. состанок на Поткомитетот за стабилизација и асоцијација за правда, слобода […]

Антикорупциска, ревизија и правобранителот со најдобри резултати во однос на интегритет, транспарентност и отчетност

12 јануари 2024

Според извештајот на „Транспаренси интернешенл“ Македонија (ТИ), институции со најголем интегритет се Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Државниот завод за ревизија, и омбудсманот, односно Народниот правобранител. Во најниско оценетите столбови спаѓаат обвинителството, јавните претпријатија, бизнис секторот и судството. Овие беа клучните наоди на денешното презентирање на извештајот на „Транспаренси интернешенл“ Македонија за оценувањето […]

Гир: Судството е на критична точка, пристигнаа 40 препораки од оценската мисија на ЕУ

12 декември 2023

Вкупно 40 препораки има во извештајот на оценската мисија на Европската Унија за работата на Судскиот совет, информираше денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на брифинг со новинарите. Експертскиот тим на Европската Унија, предводен од судијата во Врховниот суд на Хрватска, Бранко Хрватин, дојде во земјава во септември за да ја „скенира“ состојбата со Судскиот совет, институција […]

Од март повисок минималец, зголемување на платите на администрацијата неизвесно

20 ноември 2023

Минималната плата во земјава од март 2024 година ќе изнесува 22.500 денари, но покрај оваа најава од владата, засега нема конкретен одговор за многубројните барања за покачување на платата на јавната администрација. Синдикатот на Фондот за здравствено осигурување најавува штрајк, а судската администрација и денеска организираше протест. Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска одговори дека вработените во […]

Изјавата на Аврамовска Мадиќ за интегритет и за напредокот на Судскиот совет е недоследна

10 ноември 2023

Судскиот совет може да има легитимитет, како што вели Мадиќ, бидејќи е избран во Собранието, но тешко дека може да се зборува со сигурност околу интегритетот на телото после се што се случи, а уште помалку дека работите се придвижувале само затоа што членовите на Советот носеле одлуки сè почесто едногласно, пишува „Вистиномер“ во својата […]

Итно да се прекине постапката за избор на нови членови во Судскиот совет, бара Блупринт групата

6 јули 2023

Блупринт групата за реформи во правосудство бара итно да се прекине со постапката за избор на нови членови во Судскиот совет. Во спротивно, како што велат од Блупринт групата, како крајно средство, ги повикуваат судиите кои треба да гласаат на изборите за членови на Судскиот совет, од судовите во Апелациското подрачје Скопје и Врховниот суд […]

Дебата: Штом се менуваат владејачките структури, и судиите се вртат како марионетки

4 јули 2023

Отсуствува темелност, дисциплина и постојаност во примена на решенијата и механизмите за реформи во правосудството. Врз одлуките на судиите влијаат нивните колеги, надредените, како и членовите на Судскиот совет, политичарите и бизнис елитите. Ова е заклучокот од настанот „Како до независно судство?“, којшто Институт за демократија денеска го организираше и на кој се дискутираше за […]

Блупринт група: Оставки треба да поднесат сите членови на Судскиот совет

7 јуни 2023

Блупринт групата за реформи во правосудството смета дека одлуката на двајцата члена на Судскиот совет кои поднесоа оставки од нивната функција е во добра насока и се надеваат дека и другите членови ќе го следат овој чекор. Инаку, вчера, по повеќе тензични случувања во институцијата надлежна за именување и разрешување судии, неотповикливи оставки од членови […]

Застарени предмети, бавна правда – зошто судските случаи се влечат низ лавиринтите?

25 мај 2023

Во 2006 година МВР објави снимки од носењето на осомничените пред судот во случајот што Обвинителството го нарече „Армиско оружје“. Поминаа 17 години од тој настан и по многу правосудна ентропија, сè уште нема конечна пресуда. И тоа не е изолиран случај. Иста е приказната со случајот „Арсенал“ од 2014 година, кој се однесува на […]

Одложено повтореното судење за „Организатори за 27 април“, ќе се бара амнестија

9 мај 2023

Повтореното судење за предметот „Организатори за 27 април“ денеска беше одложено, откако обвинителот рече дека од вкупниот број на поднесоци, три се однесуваат на примена на Законот за амнестија и нагласи дека по тие барања во моментот не може да се произнесе. Претходно, Апелациониот суд ја укина пресудата за овој предмет, со образложение дека Кривичниот […]

Сашко Георгиев експресно избран за нов претседател на Судскиот совет

4 мај 2023

Со осум гласа „за“ и четири „против“, на седница на Судскиот совет која беше закажана надвор од работното време, со соопштение кое доцна попладнево стигна до новинарите, за нов претседател беше избран Сашко Георгиев. Досегашната претседателка Весна Дамева не присуствуваше на денешната седница на Судскиот совет. Таа беше разрешена под околности кои дел од експертската […]

Судскиот совет повторно не избра нов претседател, седницата беше одложена

2 мај 2023

Преку соопштение, Судскиот совет денеска извести дека се одложила денешната седница на која требаше да се избира нов претседател, откако минатата недела беше разрешена досегашната претседателка Весна Дамева, случај кој предизвика жестоки реакции и дебати во јавноста. Во соопштението на Судскиот совет не е наведена причината за денешното одложување, ниту пак пишува за кога е […]

Адеми за Порталб: Со разрешувањето на Дамева, Судскиот совет не прекрши ниту еден закон

28 април 2023

Разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, продолжува да ја бранува јавноста, по обвинувањата за политичко влијание, но и за незаконско постапување од страна на членовите на советот. Реакциите за разрешувањето не стивнуваат, особено во делот на начинот на кој беше разрешена претседателката на Судскиот совет, со оглед на тоа што познавачите тврдат дека […]

Не стивнуваат реакциите за разрешувањето на Дамева, дополнително се расклатува довербата во судството

28 април 2023

За последните случувања во Судскиот совет, кога на скандалозна седница со кавги и препукувања беше разрешена претседателката Весна Дамева, денеска реагира и Врховниот суд, од каде што велат дека „внимателно ги следат случувањата и го охрабруваат советот да ја надмине состојбата, првенствено во интерес на граѓаните“. „Врховниот суд како највисок суд во државата и носител […]

Жестоки реакции по разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, се бара преиспитување на одлуката

27 април 2023

Блупринт групата за реформи во правосудството ја изразува својата загриженост околу ескалирањето на состојбата при утврдувањето на дневниот ред на вчерашната седница на Судскиот совет, која заврши со разрешување на претседателката на Советот. Големи реакции околу експресното разрешување на Весна Дамева стигнуваат и од голем број поранешни судии, адвокати, експерти од правосудниот систем и од […]

На седница на која вриеше од кавги и обвинувања, разрешена претседателката на Судскиот совет Весна Дамева

26 април 2023

По кавги и меѓусебни обвинувања, денешната седница на Судскиот совет заврши со разрешување на претседателката Весна Дамева, по низа обвинувања од страна на заменик претседателот на советот, Селим Адеми. Меѓу другото, Адеми ја обвини Дамева дека го криела писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер во кое се изразува загриженост за состојбите во правосудството. „Прво, не […]

Мијалков и официјално „куртули“ за случајот „Титаник 2“

8 април 2023

Официјално застаре и четвртото дело за кое беше обвинет поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за случајот „Титаник 2“, кој се однесуваше на договарање за гласање за приговори во корист на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година во Струмица. До застарување дојде откако поминаа речиси пет години од првото одржано рочиште. Еднаш се донесе […]

Кривичниот суд контра Апелација: Да се истражи зошто предметите застаруваат

4 април 2023

Основниот Кривичен суд од Скопје денеска излезе со соопштение, во кое се изразуваат критики во однос на работата на Апелацискиот суд, а откако повеќе судски предмети против високопрофилни лица застареа или пак беа вратени на повторно постапување. Првостепениот суд во писмото ги повикува медиумите и стручната јавност да анализираат каде и поради кои „суштествени повреди“ […]

Страна 1 од 8