fbpx

Одложено повтореното судење за „Организатори за 27 април“, ќе се бара амнестија

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, официјално побарале да бидат амнестирани за овој случај

-

Повтореното судење за предметот „Организатори за 27 април“ денеска беше одложено, откако обвинителот рече дека од вкупниот број на поднесоци, три се однесуваат на примена на Законот за амнестија и нагласи дека по тие барања во моментот не може да се произнесе.

Претходно, Апелациониот суд ја укина пресудата за овој предмет, со образложение дека Кривичниот суд сторил суштествени повреди, но недоволно образложил зошто ги одбил за амнестија обвинетите организатори за собраниските инциденти од 27 април.

Укината пресудата за организаторите за упадот во Собранието на 27 април

Рочиштето го води судијата Илија Трпков кој сите поднесоци доставени до него ги предаде на jавниот обвинител.

„Јавниот обвинител не може во моментот да се произнесе по овие барања во смисла на важење на Законот за амнестија и од тие причини предлагаме да се одложи денешното рочиште за да може јавниот обвинител да ги разгледа овие барања“, истакна обвинителот.

За ТВ 24, адвокатот Еленко Миланов потврдил дека тројца од неговите клиенти, обвинети за организација на „крвавиот четврток“, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, официјално побарале да бидат амнестирани за овој случај.

Кривичниот суд, на 26 јули 2021 година ги прогласи за виновни четворицата обвинети. Највисока казна против организаторите на упадот и насилствата во Собранието од 27 април 2017 година доби поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој беше осуден на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот министер за наука и образование Спиро Ристовски, беа осудени на шест години и три месеци. Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасов беше осуден на шест години затвор. Во април годинава второстепениот суд ја укина оваа пресуда и предметот го врати на повторно одлучување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...