fbpx

Антикорупциска, ревизија и правобранителот со најдобри резултати во однос на интегритет, транспарентност и отчетност

Според извештајот на „Транспаренси интернешенл“ Македонија, најнедоверливи институции се обвинителството, правосудството, јавните претпријатија и бизнис секторот

-

Според извештајот на „Транспаренси интернешенл“ Македонија (ТИ), институции со најголем интегритет се Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Државниот завод за ревизија, и омбудсманот, односно Народниот правобранител. Во најниско оценетите столбови спаѓаат обвинителството, јавните претпријатија, бизнис секторот и судството.

Овие беа клучните наоди на денешното презентирање на извештајот на „Транспаренси интернешенл“ Македонија за оценувањето на Системот за национална интеграција во Северна Македонија, заклучно со крајот на 2022 година. Во него се анализираат 15 клучни столбови во општеството, меѓу кои се претходно споменатите институции, како и законодавната и извршната власт, Државната изборна комисија, политичките партии, медиумите, граѓанскиот сектор, јавниот сектор, невладиниот сектор, како и агенциите за спроведување на законите.

Сите столбови, пак, се оценети по пет оски, односно, интегритет, средства, отчетност, транспарентност и независност. Потоа, за секоја оска се оценува од 0 до 100 колку законот соодветно ги определува нивните улоги, колку всушност тие исполнуваат своите одговорности во пракса, како и колку ја исполнуваат својата улога во борбата против корупцијата.

Еден од најзагрижувачките податоци од истражувањето е независноста на судството. Иако е оценето со 100 бода колку се коректно напишани законите во врска со независноста на судството, во пракса се оценети со само 25 поени.

За сите тела беа презентирани и препораки за подобрување на интегритетот на нивната работа. На пример, на Врховниот суд му беше препорачано да го ревидира Етичкиот кодекс за да вклучи постојано тело за него спроведување.

Според претседателката на ТИ-Македонија Слаѓана Тасева, не само што нема  напредок во повеќето столбови во споредба со извештајот од 2016 година, туку и се забележува повисоко ниво на корупција.

„Очигледно е дека независните институции покажуваат најдобар интегритет и подготвеност за борење против корупцијата. Оние што најмногу треба да покажат капацитет и подготвеност, најлошо се покажуваат, односно Јавното обвинителство и судството. Кулата на националниот интегритет сè уште не може да стои стабилна без сите овие столбови“, изјави Тасева.

Според не, независните институции не се почитувани поради политизацијата. Таа ги потенцира скорешните настани со М-НАВ како пример за тоа како во јавните институции се приоритизираат партиските вработувања и личните интереси при вработувањето над опслужувањето на народот.

На настанот говореше заменикот амбасадор на делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау, која ги истакна непотизмот и скромното доделување на средства како еден од посериозните препреки за просперитетот на Македонија. Тој посочи дека не се доволни антикорупциските стратегии, туку е потребно цврсто политичко лидерство.

Билјана Ивановска од Државна комисија за спречување на корупцијата говореше за препреките, но и подемите на работата на комисијата.

„Не почнавме од нула, туку од неколку позиции под нула, ако ги земете предвид оценките коишто Европската комисија ги даваше за оваа институција. Сме правеле анализа за десетина години наназад, до 2019 година навистина беа негативни оценки. Успеавме сето тоа да го поправиме, иако пак ќе кажам половина мандат имавме непроменети услови за работа, како просторни, така и во поглед на материјални, технички и човечки ресурси“, одговори Ивановска на новинарско прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...