ЕК: Да се подобрат резултатите во борбата против корупцијата, особено на високо ниво

Комисијата ја повторила својата сериозна загриженост во врска со измените во Кривичниот законик усвоени во септември 2023 година, кои влијаеја, па дури и прекинаа бројни судски случаи на корупција на високо ниво, попречувајќи ја способноста на властите да ги истражат и гонат таквите дела, велат од Делегацијата на ЕУ во земјава

-

Комисијата ги повикува властите на Северна Македонија да вложат постојани напори за да обезбедат независност, професионализам, транспарентност и непристрасност на судството. Комисијата ја истакна потребата да се подобрат досегашните резултати во борбата против корупцијата, особено на високо ниво.

Ова се дел од заклучоците од 18. состанок на Поткомитетот за стабилизација и асоцијација за правда, слобода и безбедност меѓу Европската комисија и Северна Македонија кој се одржал на 5 и март во Скопје.

„Комисијата ја повторила својата сериозна загриженост во врска со измените во Кривичниот законик усвоени во септември 2023 година, кои влијаеја, па дури и прекинаа бројни судски случаи на корупција на високо ниво, попречувајќи ја способноста на властите да ги истражат и гонат таквите дела“, велат од Делегацијата на ЕУ во земјава.

Со состанокот копретседавале Алберто Камарата, вршител на должноста шеф на единицата за Албанија и Северна Македонија во Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија и г-ѓа Ева Илиевска, раководител на Секторот за преговори и интеграција во ЕУ при Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.

Македонските власти на состанокот ја претставиле новата Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028 година и нивните планови за следење на препораките од мисијата за стручна оценка од септември 2023 година за зајакнување на независноста, непристрасноста и кредибилитетот на Судскиот совет и за решавање на недостатоците во неговото функционирање.

„Во врска со основните права, Комисијата ги повика властите да ги подобрат условите во затворите во согласност со препораките на Комитетот за спречување на тортура. Комисијата го охрабри спроведувањето на легислативата за спречување и заштита од дискриминација и за заштитата од семејно насилство и развојот на Национален акциски план за правата на децата. Иако го забележа усвојувањето на законот во јули 2023 година за усогласување со Директивата за медиуми (ЕУ) 2018/1808, Комисијата изрази загриженост за амандманите усвоени во февруари 2024 година, нагласувајќи ја потребата од континуирано усогласување со правото на ЕУ“, се вели во соопштението на европската делегација.

Властите на Северна Македонија ја изразија својата посветеност да го забрзаат издавањето на нови пасоши, додаваат од Делегацијата на ЕУ.

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат...