петок, 6 март, 2026
Meta.mk

Ознака: кривичен законик | 84 резултати

Контраспин: Ставот на Пендаровски околу измените на КЗ е спин

17 април 2024

Претедателскиот кандидат Стево Пендаровски тврди дека со тоа што го потпишал указот за измените на КЗ не згрешил, затоа што требало да им се упати порака и лекција на корумпираните судии. Па потоа тврди дека бил принуден да го потпише веднаш зашто добил порака од партиите што го гласале дека ако не го потпише ќе […]

Екоцидот и официјално е ново кривично дело, правниците сметаат дека тешко ќе се докажува

16 март 2024

Екоцидот и официјално е ново кривично дело во македонското законодавство. На 15 март стапија во сила одредбите од измените на Кривичниот законик кои се однесуваат на дела против животната средина и природата. Екоцидот е дефиниран како долготрајно и широко распространето загадување на животната средина кое предизвикува сериозна штета, а казната која е предвидена е од […]

ЕК: Да се подобрат резултатите во борбата против корупцијата, особено на високо ниво

11 март 2024

Комисијата ги повикува властите на Северна Македонија да вложат постојани напори за да обезбедат независност, професионализам, транспарентност и непристрасност на судството. Комисијата ја истакна потребата да се подобрат досегашните резултати во борбата против корупцијата, особено на високо ниво. Ова се дел од заклучоците од 18. состанок на Поткомитетот за стабилизација и асоцијација за правда, слобода […]

Контраспин: Од ВМРО-ДПМНЕ гласале против измените на КЗ, но, де факто, ги поддржаа

25 февруари 2024

Илија Димовски говори вистина кога кажува дека ВМРО-ДПМНЕ гласале против измените на КЗ кои и зададоа голем удар на антикорупцијата и злоупотребите на моќ во државата, но не кажува дека со своето присуство во Собранието и отсуството на амандмани и други трикови, де факто ги поддржаа. Од друга страна, Петре Шилегов од СДСМ, од каде […]

Иако вети, Лога сè уште не ги презентирал измените во Кривичниот законик со кои се ублажија казните за функционерите

12 февруари 2024

Измените во Кривичниот законик во Северна Македонија, со кои се спасија или ублажија казните за корумпираните функционери, продолжуваат да генерираат негативни ефекти врз правниот систем на државата, но и остри критики од внатрешниот и меѓународниот фактор. Министерот за правда Кренар Лога пред четири месеци најави презентација на новите измени, но до денес тоа не го […]

Индекс на перцепција на корупцијата: Кривичниот законик ја сопна Македонија [инфографик]

30 јануари 2024

Северна Македонија е на 76. место со 42 поени од 180 држави според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата. Земјата напредувала две места во споредба со извештајот за 2022 година. Сепак, и покрај напредокот, државата во најновиот извештај е означена како земја со сериозни проблеми со корупцијата. Во Извештајот се нотирани измените во Кривичниот законик, […]

Ковачевски е директно одговорен за владеење на правото

17 јануари 2024

Премиерот Димитар Ковачевски целосно се амнестира од одговорноста за владеење на правото што е необјасниво и недоследно. Ако некој е прв во редот на одговорните, покрај другите во државата, тогаш тоа е и претседател на влада, кој е задолжен исто така како и други чинители, за владеење на законите и почитување на правото, пишува Вистиномер. […]

Судскиот совет – институцијата на срамот за правдата во 2023 година

4 јануари 2024

Судството никако да се оддели од тешката сенка на недовербата. Минатата 2023 година, според проценките на Европската комисија во Извештајот за земјата, беше една од најлошите години за власта што треба да дели правда. За негативните резултати во голема мера оваа година придонесе Судскиот совет, кој наместо да обезбеди независност и транспарентност, се претвори во […]

Контраспин: Јавното обвинителство не сака да ги наведе деталите за пречекорените истраги

17 ноември 2023

Министерот за правда Кренар Лога излезе со мислење во име на Министерството за правда дека Годишниот извештај на Јавното обвинителство на РСМ (ЈОРСМ) за работата во 2022 година има недостатоци, при што посебно го потенцираше долгото траење на предистражните и истражните постапки во Обвинителството, на што доби остро појаснувачко-кавгаџиско соопштение од ЈОРСМ.  Додека се подготвува […]

Застаре и „Траекторија“ за кинеските автопати – уште еден случај жртва на измените во Кривичниот законик

3 ноември 2023

Поради измените во Кривичниот законик, застаре уште еден предмет кој го водеше Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Станува збор за случајот „Траекторија“, кој се однесуваше на постапката за избор на кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Обвинети во овој предмет беа експремиерот Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, […]

Еврокомесарот за правда загрижен за кривичните предмети кои застаруваат

27 октомври 2023

Една од најострите реакции во врска со измените на Кривичниот законик од страна на меѓународната заедница дојде денеска, од страна на еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс на денешниот форум на ЕУ со Западен Балкан што се одржува во Скопје. Тој изрази изненаденост и загриженост околу измените на Кривичниот законик, со кои досега застареа повеќе судски […]

Поради измените во Кривичниот законик, преквалификувано делото за Мухамед Зеќири

24 октомври 2023

Судењето за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, денеска почна од почеток, бидејќи поради последните измени во Кривичниот законик обвинението беше преквалификувано. Зеќири претходно се гонеше за „Злоупотреба на службена должност“ според член 353, став 5 кој предвидуваше казна затвор од минимум 5 години. Со контроверзните измени во Кривичниот законик, кои предизвикаа лавина реакции […]

Контраспин: Со измените на КЗ, асистирани и од опозицијата, се амнестирани многу поранешни и сегашни членови на ВМРО-ДПМНЕ

20 октомври 2023

По пропаѓањето на крунскиот случај од поранешниот СЈО Таргет-Тврдина и де факто амнестијата од кривична одговорност за Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и други инволвирани во овој случај, да се тврди ако Пендаровски не ги потпишеше измените, ќе се спречела аболиција на идни случаи на функционери на СДСМ и на ДУИ, во најмала рака е лицемерно. […]

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ е последна која треба да реагира на измените на КЗ, бидејќи го направи кворумот

20 октомври 2023

Опозицијата ме обвинува дека со потпишувањето на указот за измените на Кривичниот законик сум се додворувал на СДСМ и ДУИ за поддршка за втор мандат и дека измените на Кривичниот законик се однесуваат на сегашните функционери, кои кога нема да бидат на власт нема да одговараат бидејќи ќе го нема членот 353, истакна претседателот Стево […]

Речиси 200 обвинети функционери се засегнати од измените во Кривичниот законик

19 октомври 2023

Тајмингот на носењето на измените во Кривичниот законик е нешто што претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, го посочи како клучен проблем, а во однос на застарувањето на голем број предмети по носењето на спорните законски измени. Во судот со кој тој раководи, како последица на овие измени, речиси секој ден застарува по […]

И случајот „Топлик“ на Миле Јанакиески замина во историјата со измените во Кривичниот законик

18 октомври 2023

Точно седум години откако беше отворена истрагата за предметот „Топлик“, Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата, а со тоа предметот поврзан со Сончев Град доби апсолутна застареност, согласно новите измени во Кривичниот законик. Со одлуката на Апелација, шестмината кои првостепено беа осудени за „Топлик“, на повтореното судење ќе бидат ослободени, бидејќи делата им застареа […]

СДСМ го отвори предметот, СДСМ и неславно го затвори скандалот со масовното прислушување

18 октомври 2023

Премиерот Димитар Ковачевски одбива да даде негов став во однос на застарувањето на еден од највисоко профилните судски предмети во историјата на правосудството – масовното прислушување, скандал кој го отвори токму СДСМ, партијата од каде што тој доаѓа, а токму и со таа цел беше формирано Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Случајот „Таргет-Тврдина“ вчера и официјално […]

Се урна „Таргет-Тврдина“, сметката ќе ја платат граѓаните

17 октомври 2023

За жал, нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, соопшти Ленче Ристоска, обвинителката од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) за случајот „Таргет Тврдина“. За предметот настапува комплетна застареност, што е директна последица на измените во Кривичниот законик, со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба, несовесно работење во службата и злосторничко […]

Измените во Кривичниот законик го застареа и предметот против Ивона Талевска

17 октомври 2023

Уште еден предмет застаре, како последица на носењето на измените во Кривичниот законик. Станува збор за случајот познат како „Продуцент“ што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), во кој беа обвинети поранешната новинарка во ТВ Сител Ивона Талевска, и поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски. „Јавното обвинителство предложи судот да донесе решение за запирање […]

Со новите измени во Кривичниот законик застареа делата на 10 обвинети за случајот „Моќник“

13 октомври 2023

Антонио Милошоски се спаси од едно обвинение, со новите измени на Кривичниот законик, со кој за делото за злоупотреба на службената положба апсолутна застареност настапува по 10 години (наместо како претходно, за 40 години). Милошоски беше еден од 13-те обвинети за случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), познат како „Моќник“. Нему ќе продолжи да […]

Страна 1 од 4