fbpx

Судскиот совет – институцијата на срамот за правдата во 2023 година

Зад затворени врати се разрешуваа и именуваа претседатели на ова тело, што се претвори во вистински срам. Од друга страна, скандалозните измени на Кривичниот законик од страна на владината коалиција, со кои се омекнаа казните за корумпираните функционери, но и застареа многу предмети, беа разочарувачки за граѓаните кои бараат построги казни за тие што ги злоупотребиле нивните пари и доверба, пишува Порталб.мк

-

Судството никако да се оддели од тешката сенка на недовербата. Минатата 2023 година, според проценките на Европската комисија во Извештајот за земјата, беше една од најлошите години за власта што треба да дели правда. За негативните резултати во голема мера оваа година придонесе Судскиот совет, кој наместо да обезбеди независност и транспарентност, се претвори во гнездо на скандали каде што на незаконски начин, зад затворени врати се разрешуваа и именуваа претседатели на ова тело, што се претвори во вистински срам. Од друга страна, скандалозните измени на Кривичниот законик од страна на владината коалиција, со кои се омекнаа казните за корумпираните функционери, но и застареа многу предмети, беа разочарувачки за граѓаните кои бараат построги казни за тие што ги злоупотребиле нивните пари и доверба, пишува Порталб.мк.

Северна Македонија треба да го активира алармот откако Европската комисија во извештајот за оваа година, изрази „сериозна загриженост“ за надворешните влијанија во Судскиот совет и судството, но и измените на Кривичниот законик, со кои застареа голем број на предмети на поранешното Специјално јавно обвинителство.

Оценките за клучните области и поглавја на Поглавјето Темели се особено лоши. За Поглавјето 23 Правосудство и основните права констатирано е дека нема никаков напредок. Исто е проценето и за двете области на ова поглавје – Правосудниот систем и борбата против корупцијата. Кога ЕК изразува „сериозна загриженост“, треба да се активира алармот. Токму ова се вели за надворешните влијанија врз Судскиот совет и судството и за измените на Кривичниот законик со кои застареа голем дел од предметите на Специјалното јавно обвинителство, пишува Малинка Ристевска Јорданова, во анализата насловена како „Жолт картон“ од Европската комисија.

Институцијата што ги избира судиите во конфликт со законот

Изминатата 2023 година е една од најлошите години за судството на Северна Македонија во последните 20 години. Вака изјавија од невладината организација „Коалиција сите за правично судење“ на годишната конференција каде што се презентираа извештаите од мониторингот на Судскиот совет и Јавните обвинители. Тие истакнаа дека има закочување во реформите, а годината ја означиле серија инциденти кои во суштина беа главно од Судскиот совет и од Советот на јавните обвинители кои треба да бидат гаранти и заштитници на судската независност и тие што треба да придонесат во унапредување на судството во целост во нашата држава.

Забелешките главно беа за недостаток на транспарентност, но и сомнежи за корупција што самите членови ги истакнале.

На 26 април оваа година, во тензична атмосфера беше разрешена од функција Претседателката на Судскиот Совет, Весна Дамева. Нејзиниот заменик, Селим Адеми, по кавгите што траеја неколку часови и откако Дамева одби да ја стави на гласање точката што не беше на дневен ред, го стави предлогот на гласање. Седум членови го поддржаа заменикот, кој доби право да раководи со седницата во нејзино присуство.

Порталот СДК, извести дека причина за разрешувањето беше иницијативата за одгворност на Апелациониот Судија Енвер Беџети, за кого Судскиот Совет констатираше дека случајот „Таргет-Тврдина“ го чувал го фиока 9 месеци намерно за да застаре.

За разрешувањето на Дамева имаше жестоки реакции од домашниот и меѓународниот фактор, кои изразија загриженост за сериозните прекршувања на постапката и замешувањето на разни центри на моќ.

На едно интервју за Порталб.мк, Адеми ги негираше обвинувањата дека имал политички влијанија и дека поради иницијативат за разрешување на Беџети била разрешена Дамева. Според него во постапката за разрешување немало прекршување на законот и дека „се што не е забрането со Устав и со Закон, не е забрането“.

Случувањата во Судскиот Совет претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, ги нарече „страшен пазар на влијанија во Судскиот совет“.

На 4 мај, Судскиот совет ја одржа вонредната седница во која се избра новиот претседател, Сашко Георгиев. Меѓутоа, пред ова, Судскиот совет имал уште две вонредни седници, но истите биле тајни, без присуство на новинари, односно зад затворени врати.

На првата седница е ставена вон сила одлуката на 26 април за разрешување на Дамева, а половина час покасно Советот повторно одржал седница, исто така зад затворени врати и повторно ја разрешиле Дамева, но за разлика од првиот пат кога бројот на гласови за разрешување бил дискутабилен, односно 7, овој пат со 9 членови на Судскиот Совет се донело одлука за разрешување за Дамева.

По неколку тензии во Советот неотповиклива оставка поднесоа Мирјана Радевска – Стефкова од Врховниот Суд и Зоран Герасимоски од Апелациониот Суд во Скопје. Групата Блупринт за реформи во судството процени дека одлуката на двајцата членови на Судскиот Совет што поднеле оставка од нивните функции е на добар пат, проценувајќи дека другите членови треба да го направат истото.

Шест месеци потоа, Министерството за правда соопшти дека формирана е работна група што се реформира врз основа на начелото на „самоуредување“. Главна задача на оваа група е да ги идентификува дупките во законите, кои се злоупотребуваат од страна на членовите на Советот.

Групата почна со работа, но Блупринт групата од граѓанските организации за реформи во судството истакнаа дека треба да има законско решение за одговорност на членовите на Судскиот совет на Северна Македонија, бидејќи „опцијата за самоуредување“ што беше најавена од Министерството за правда не ја отсликува суштината на проблемот.

Додека работната група продолжува со работа, амбасадорот на ЕУ во Скопје на првата недела на декември ги собра новинарите на една неформална средба за да им ги покаже резултатите од Извештајот на проценителната мисија на ЕУ за работата на Судскиот Совет, во кој се нагласуваше дека „судството е доведено во критична точка“.

Извештајот за работата на Судскиот совет содржи 40 препораки, од кои 17 се во доменот на самиот совет, додека 23 други имаат потреба од Уставни измени и измени во законите што го уредуваат конкретното прашање. Извештајот им е доставен на надлежните институции, но ова не се направи јавно бидејќи како што рече амбасадорот на ЕУ, ќе се намалеше неговата ефективност.

Пораката на ЕУ е дека доколку РСМ сака да се зачлени во ЕУ, реформите во правосудството не смеат да се избегнуваат.

На 29 декември, Управниот суд ја уважи жалбата на разрешената претседателка Дамева и ја поништи одлуката на нејзино разрешување од позиција на претседателка на Судскиот совет.

Ова потврди дека Судскиот совет на незаконски начин ја разрешил Дамева од позицијата на претседател, а вчера, по долг работен состанок и кратка одржана седница, советот ја спроведе одлуката на судот – досегашниот претседател Сашко Георгиев даде оставка, а Дамева се врати на челната позиција во Судскиот совет.

Сепак, враќањето на Дамева во суштина не го менува кредибилитетот и функционирањето на ова тело, за кое експертите бараат целосно да се распушти, со оглед на недовербата што веќе ја има во јавноста. Дополнителен предизвик ќе биде и „закрепнувањето“ на меѓучовечките односи помеѓу членовите, кои и онака беа сериозно нарушени.

Одлуката на Управниот суд е уште една потврда дека телото што е на врвот на пирамидата на судството, е еден од најзаслужните за нарушената доверба на граѓаните во правосудниот систем, дотолку повеќе што и самиот Управен суд заклучи дека претседателката на ова тело била разрешена, иако во законот не постои законска одредба за разрешување на претседател, туку само на член.

Додека секој втор ден, меѓународните претставници нè „шамараат“ со обвинувања за политичко мешање во работата на советот, а истото го призна и самата Дамева, политичарите си плукаат во своето огледало дека се согласуваат со нивните „забелешки“.

Измените на Кривичниот Законик – кога политиката ја зема правдата во свои раце

Во септември минатата година Владата му предложи на Собранието измени на Кривичниот законик (КЗ) со кои се намалуваат казните затвор за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Вакви законски измени ВМРО побарало во 2018 година на тогашните средби на раководството на Зоран Заев и Христијан Мицкоски, со цел застарување на делата на поранешните обвинети функционери од Владата на Никола Груевски.

Со невидена брзина Собранието ги изгласа измените на КЗ и со ова овозможи да придобијат високите функционери осомничени за корупција.

Ако измените на Кривичниот законик требаше да бидат опишани на поедноставен начин, тогаш, според досегашните познавања на експертите, произлегува дека ниеден функционер нема да се соочи со повисока казна од 5 години затвор доколку истиот врши злоупотреба на службената позиција.

За донесување на скандалозните измени на КЗ имаше бран на реакции, и истите беа проценети како сериозна закана за правната безбедност во државата.

Платформата на организации на граѓанското општество против корупцијата побара од претседателот на Државата, Стево Пендаровски, да го искористи неговото право на вето загарантирано со Устав и да не го потпише Указот за прогласување на измените на Кривичкиот законик.

Меѓутоа, без разлика на повиците претседателот одлучи да го потпише Указот со образложение дека „измените на Кривичниот законик се приближни на Европската Директива за замрзнување и заплена на објекти и имот, што освен казната затвор, се фокусира и во конфискација на имотот на сторителите на овие кривични дела“.

Но, меѓународната заедница за која Пендаровски вели дека ја консултирал испрати сериозна загриженост за измените на КЗ, Европската комисија изрази жал за недостатокот на сеопфатна консултација на домашните заинтересирани страни со Европската комисија пред изгласување на истите, како и за користењето на постапката со знаменцето на ЕУ, што според нив треба да биде конзистентно и јасно поврзано со законите чија цел е главно усогласување на националниот закон со acquis-от на ЕУ“.

„ЕК со загриженост констатира дека некои од измените на Кривичниот законик, донесени по брза постапка од страна на Собранието на Северна Македонија, што ги редуктираат максималните законски казни и имаат импликации во спроведување на застареноста, допираат до голем број случаи на корупција на високо ниво“, истакна портпаролот на ЕК, Ана Писонеро.

Последиците од КЗ што предвидуваат помали казни, но и брзо застарување за делата на злоупотреба на должноста, дела од небрежност и криминално здружување, беа видени за прв пат во судница во случајот против поранешниот член на Судскиот совет, судијата од Тетово Зоран Теофиловски. Наместо во 2051 година, делото за него застаре.

Поради измените на КЗ во случајот на противзаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир“, обвинителството изврши корекција на обвинителниот акт со која застаре делото „Злоупотреба на службената позиција и овластување“ за кое се теретеше поранешниот Министер за транспорт и врски , Миле Јанакиески.

Застарувањето на овие и други судски предмети, освен штетата на довербата на граѓаните во судството, предизвикува и финансиска штета, односно кога се донесува пресуда со која обвинетите се ослободуваат од обвинението или пресуда за отфрлање на обвинението, трошоците за кривичната постапка, трошоците направени од страна на обвинетиот за постапката како и наградата за неговиот адвокат се плаќаат од парите на граѓаните.

Новинар: Суад Бајрами

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...