петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Судски совет | 162 резултати

Собранието ја изгласа интерпелацијата за Весна Дамева – реформа или политички притисок врз судството?

март 11, 2025

Со 7 гласа „за“, македонското Собрание ја изгласа интерпелацијата за поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, но сè уште е нејасно дали тоа ќе значи и нејзино заминуваче од функцијата. Оваа одлука предизвика бурни реакции во јавноста, а самиот процес беше проследен со жестоки дебати меѓу власта и опозицијата. Пратениците кои ја поддржаа интерпелацијата […]

Сосема e неизвесно дали членовите на Судскиот совет ќе дадат оставки на своите функции

март 11, 2025

Доколку се земат предвид сите елементи, законот, деловникот, искажаните ставови во образложенијата и на интерпелацијата, но уште повеќе на субјектите на постапката, ставот на премиерот Христијан Мицкоски од пред еден месец дека со усвоена интерпелација не значи дека членовите ќе поднесат оставка, сосема е извесно дека интерпелација ќе помине и пред крајот на денот, но е […]

Одговорноста кај првите луѓе во правосудството е само дел од вистината за ниската доверба

март 2, 2025

Факт е дека кај првите луѓе во правосудството сигурно има огромна одговорност за ниската доверба. Но исто така е факт дека огромна одговорност има и во законите, од кои сега клучните се во фаза на измена, исто како што е факт дека огромна одговорност сноси и државата што не ги исполнува своите обврски и задолженија […]

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

декември 2, 2024

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, дека го опструираат судството и водат негативна кампања против неа и членови на Судскиот совет. „И кога нема слух […]

Јавен укор за судијката Спировска Панева – Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ

октомври 22, 2024

На 10 октомври годинава, Судскиот совет донел дисциплинска мерка – јавен укор за судијата Јованка Спировска Панева, со која се потврди дека таа незаконски ѝ забранила на јавноста да го следи соочувањето на рочиштето помеѓу бизнисменот Кочо Анѓушев и новинарката Сашка Цветковска за случајот „Фероинвест против медиумот ИРЛ“, постапка со која новинарите беа спречени да […]

Судскиот совет на итна седница го разреши осудениот судија Наќе Георгиев

август 16, 2024

Врховниот судија Наќе Георгиев кој беше осуден на казна затвор од три години поради примање поткуп денеска беше разрешен од функцијата. Судскиот совет на денешената итна седница му го констатираше престанокот на функцијата со оглед на тоа што законот предвидува дека на судија му престанува мандатот ако меѓу другото е осуден на безусловна казна затвор […]

Уставен суд: Кацарска има право да остане на функцијата

јули 10, 2024

Како реакција на тоа што Судскиот совет испратил известување до претседателот на Собранието, дека уставната судија Добрила Кацарска ги исполнила условите за остварување на старосна пензија во јуни 2022 година, со што наводно би требало да го изгуби статусот на активен судија, Уставниот суд излезе во нејзина одбрана. Оттаму велат дека Кацарска го задржува правото […]

Мицкоски за Судскиот совет: Земаат илјадници евра, седат во кожни фотелји и имаат 2 проценти доверба

јули 5, 2024

„Убава е нивната позиција, секој месец да си земате плата, а да имате два проценти доверба кај граѓаните. Таа е најубавата позиција, комфорна, заседнати во дебели кожни фотелји со црвени килими и секој ден да доаѓате на работа, да броите илјадници евра месечна плата, а кај граѓаните да уживате само два проценти доверба“, изјави денеска […]

Мицкоски се судри со амбасадорите за иднината на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители

јули 5, 2024

Неизвесна е иднината на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, откако премиерот Христијан Мицкоски децидно остана на ставот даден уште во предизборието, дека двата совета треба да се распуштат. На ова се спротивставија амбасадорите, но премиерот остана на својот став, со коментар дека „амбасадорите се мешаат во внатрешните работи“. Евроамбасадорот Дејвид Гир и […]

Лога преку писмо се пожали до Брисел и Вашингтон за најавите за распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители

јуни 4, 2024

Министерот за правда во техничката влада Кренар Лога испратил писмо до дел од амбасадорите во земјава, но и до официјален Брисел и Вашингтон, во кое ја изразува својата загриженост за најавата на ВМРО-ДПМНЕ која партијата ја даде уште пред изборите, дека ќе ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во писмото до амбасадорите, […]

Одземен му е имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев, одобрено барањето за притвор

мај 21, 2024

Судскиот совет вчера на седницата одржана на полноќ му го одзеде имунитетот на судијата на Врховниот суд Наке Георгиев, го одобри барањето за одобрување притвор и времено го отстрани од вршењето на судиската функција. На новинарите вчера не им беше дозволено да ја следат седницата, односно јавноста беше исклучена поради заштита на угледот и интегритетот […]

Во последен момент случајот „Ласкарци“ спасен да не почне од почеток

јануари 18, 2024

Судскиот совет попладнево свика итна седница, откако судијката Александра Ристеска денеска даде свечена заклетва како нов судија во Апелацискиот суд во Скопје. Седницата беше свикана со цел во последен момент да се „спаси“ судскиот случај „Ласкарци“. Судијката Ристеска беше втор член на судечкиот совет во процесот, па доколку таа заминеше во второстепениот суд, судењето за […]

Беса Адеми останува претседател на Врховен, Судскиот совет ја запре постапката за разрешување

јануари 17, 2024

Со седум гласа „за“ и четири „против“, Судскиот совет ја запре постапката за одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Членот на Судскиот совет Миљазим Мустафа, кој не учествуваше на седницата бидејќи беше подносител, бараше Адеми да биде разрешена затоа што во континуитет 21 седница по ред не доаѓа на седниците на Советот, иако е […]

Жените кои не молчат пред корупцијата: Ристоска, Дамева, Ивановска, Адеми, Трповска

јануари 16, 2024

За да се разбере најдобро степенот и напредокот во борбата против корупцијата во годината што измина, доволно е да се прочита втората реченица од Извештајот на Европската комисија во делот на борбата против корупцијата која буквално кажува сè – „не е постигнат никаков напредок“. Корупцијата како најверен, долгогодишен „пријател“ на земјава, си го задржа својот […]

Јан Коп до Ахмети: Две години пад на владеењето на правото, политичкото влијание врз Врховниот суд е неприфатливо

јануари 10, 2024

Холандскиот амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за му да ја пренесе пораката дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена во политичкиот спектар. Холандската амбасада во земјава на својот официјален профил на Фејсбук објави фотографија од Јан […]

Судскиот совет – институцијата на срамот за правдата во 2023 година

јануари 4, 2024

Судството никако да се оддели од тешката сенка на недовербата. Минатата 2023 година, според проценките на Европската комисија во Извештајот за земјата, беше една од најлошите години за власта што треба да дели правда. За негативните резултати во голема мера оваа година придонесе Судскиот совет, кој наместо да обезбеди независност и транспарентност, се претвори во […]

Весна Дамева се враќа на чело на Судскиот совет

јануари 3, 2024

Весна Дамева од денеска се враќа на чело на Судскиот совет, откако Управниот суд пресуди дека таа била незаконски разрешена. Од 9 часот изутрина членовите на Судскиот совет на работен состанок ја разгледуваа пресудата на Управниот суд, по тужбата што таа ја поднесе по нејзиното контроверзно разрешување во мај годинава. Попладнево, членовите закажаа итна седница […]

Судскиот совет има рок од 30 дена да постапи по пресудата за враќање на Дамева за претседател

јануари 2, 2024

Судскиот совет ја примил пресудата на Управниот суд, кој ја поништи одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседателското место во Судскиот совет. Од Судскиот совет соопштија дека пресудата утре ќе се разгледува на работен состанок. „Рокот да се постапи по пресудата е 30 дена. Нема право на жалба“, изјавија од Судскиот совет, но не прецизираа […]

Блупринт групата повикува на внимателност во постапката за одговорност на претседателката на Врховниот суд

декември 29, 2023

Блупринт групата за реформи во правосудството повикува на внимателно постапување од страна на Судскиот совет на РСМ и доследно почитување на Уставот, конвенциите, законите и востановените добри практики при водење на постапката за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. „Загрижува постапувањето на Советот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателката на […]

Дамева да се врати на чело на Судскиот совет, одлучи Управниот суд

декември 29, 2023

Управниот суд jа поништи одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседателското место во Судскиот совет. Ова значи дека Дамева треба да се врати на челната позиција на институцијата, од која беше разрешена на крајно контроверзен начин – случај кој предизвика реакции и кај домашната, но и кај меѓународната јавност. Одлуката на Управниот суд за […]

Страна 1 од 8