fbpx

Судскиот совет има рок од 30 дена да постапи по пресудата за враќање на Дамева за претседател

Дамева минатата недела го доби спорот пред Управниот суд, откако поднесе тужба по нејзиното контроверзно разрешување, кое предизвика лавина реакции и во домашната и во меѓународната јавност

-

Судскиот совет ја примил пресудата на Управниот суд, кој ја поништи одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседателското место во Судскиот совет.

Од Судскиот совет соопштија дека пресудата утре ќе се разгледува на работен состанок.

„Рокот да се постапи по пресудата е 30 дена. Нема право на жалба“, изјавија од Судскиот совет, но не прецизираа дали во рок од 30 дена треба да се прогласи за ништовно решението за прогласување на Сашко Георгиев за претседател на Судскиот совет, и на негово место повторно да седне Дамева. Од Судскиот совет велат дека утре по работниот состанок ќе соопштат повеќе детали.

Дамева го доби спорот пред Управниот суд, откако поднесе тужба по нејзиното контроверзно разрешување, кое предизвика лавина реакции и во домашната и во меѓународната јавност.

Поранешната претседателка Дамева со тужба и со кривична пријава за разрешувањето од Судскиот совет

Таа за Мета.мк во петокот изјави дека за одлуката на Управниот суд дознала од медиумите и дека ќе чека да ѝ биде доставена, пред да прејудицира било што. Доколку е одлуката поништена, вели таа, тоа би значело дека Судскиот совет на седница само би требало да ја констатира ништовноста на одлуката за прогласување на Сашко Георгиев за нејзин наследник, кој експресно, на седница одржана надвор од работното време, беше избран за нов претседател на Судскиот совет во мај годинава.

Постапката против Дамева беше отворена во мај, кога пред Судскиот Совет требаше да почне постапка за дисциплинска одговорност на апелациониот судија Енвер Беџети затоа што Беџети 9 месеци го држел предметот за масовното прислушување „Тврдина Таргет“ во фиока со што беше овозможено предметот против ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков да се приближи до застарување.

Дамева тогаш обвинуваше дека постапката против неа е политички мотивирана и незаконска. Невладините набљудувачи оценија дека Судскиот совет ја разрешил Дамева преку постапка која не е предвидена со закон, а овој случај се најде и во Извештајот на Европската комисија. ЕУ дополнително испрати и Оценска мисија, која недоамна го заврши извештајот со 40 препораки за реформирање на Судскиот совет.

Дополнително, во јуни, судиите кои гласаа против разрешувањето на Дамева – Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимоски, судија од скопскиот Апелациски суд, поднесоа неотповикливи оставки од функциите.

Законот за Судски совет дополнително ќе биде предмет на разгледување и на измени, меѓутоа засега во него не е предвиден начин за разрешување на претседател на Судски совет, туку само за разрешување на член.

Оттаму, доколку Дамева повторно седне на челната позиција на оваа институција, а членовите и понатаму инсистираат на нејзино разрешување, истото ќе треба да го сторат преку соодветна процедура и да ја разрешат како член на Советот, а со тоа и како претседател.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...