fbpx

На седница на која вриеше од кавги и обвинувања, разрешена претседателката на Судскиот совет Весна Дамева

Одредени лица од политиката ќе бидат и те како задоволни ако во ова успеат. Но, јас не се откажувам, битката продолжува, рече Дамева, откако беше разрешена на иницијатива на заменик претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми

-

По кавги и меѓусебни обвинувања, денешната седница на Судскиот совет заврши со разрешување на претседателката Весна Дамева, по низа обвинувања од страна на заменик претседателот на советот, Селим Адеми.

Меѓу другото, Адеми ја обвини Дамева дека го криела писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер во кое се изразува загриженост за состојбите во правосудството.

„Прво, не сум го криела писмото. Јас бев на одмор. Вие како потпретседател зошто не им го презентиравте како мој заменик? Особено што се согласувам во целост со писмото. Ние колеги сме поделени. Не се согласуваме со гласањето. Тука гласаме за избор, за разрешување на судии. Сето ова е зашто не се согласуваме во гласањето. Јавноста виде како гласаме и дека не се согласуваме. Се криете колега зад причината: меѓучовечки односи. Ќе си одам со гордо крената глава. Но, ви кажувам: Ако не сакаме да одиме по европскиот пат, не знам што ќе се случи со овој Судски совет, со државата“, рече Дамева.

Сепак, потпретседателот Адеми побара од неа да поднесе оставка, со образложение дека има нарушени меѓучовечки односи во институцијата. Дамева одби, по што Адеми ја стави точката за разрешување на дневен ред и истата беше изгласана. За разрешување на претседателката на Судскиот совет гласаа и Миљазим Мустафа, Мирсад Суроји, Ханиф Зендели, Лорета Георгиева, Павлина Црвенковска и Сашко Георгиевски.

Дамева се обиде да земе збор, но Адеми ја прекина:

„Утре во 11 часот продолжуваме, со избор на нов претседател“, рече тој.

Откако предлогот беше изгласан, Дамева стана и се обрати:

„Ви благодарам многу, ме спасивте. Оваа одлука ќе биде противзаконска, но очигледно нечии желби треба да бидат исполнети. Одредени лица од политиката ќе бидат и те како задоволни ако во ова успеат. Но, јас не се откажувам, битката продолжува. Сега веќе ова е анархија, Судскиот совет се вклучи во анархија. Основ за разрешување нема, не може со седум гласа да се одземе мандат“, тврдеше Дамева.

Веб-порталот „Сакам да кажам“ вчера, а и претходно објавуваше дека се подготвува смена на Данева и дека зад иницијативата за нејзино разрешување има сосема други мотиви. Според СДК, пред една недела била поднесена иницијатива за одговорност на апелациониот судија Енвер Беџети, за кого Судскиот совет констатирал дека 9 месеци го држел предметот „Тврдина-Таргет“ во фиока, за да застари. Но, оваа иницијатива била блокирана, а наводно планот бил доколку Дамева ја стави иницијативата за разрешување на Беџети на дневен ред, да биде разрешена, како што впрочем и се случи.

Според СДК, заменик претседателот на Судскиот совет Селим Адеми барал наместо иницијативата за разрешување на судијата да оди веднаш на седница и веднаш да се формира тричлена комисија, времено да се стопира. Образложението било дека треба иницијативата да се прошири и на останатите четворица членови на кривичниот совет од Апелациониот суд кои го работеле предметот за незаконското масовно прислушување против главниот обвинет Сашо Мијалков.

Инаку, судијата Енвер Беџети по скандалот со чувањето на предметот „Тврдина-Таргет“ девет месеци за да застари делото на Мијалков, веднаш бил преместен во одделот за прекршоци, од страна на претседателката на Апелациониот суд Скопје. Сепак, според порталот СДК, планирано било Беџети да не се разрешува, туку да биде унапреден во врховен судија.

Седницата на Судскиот совет продолжува утре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...