четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: разрешување | 131 резултати

Собранието ги разреши министрите на Алијанса, Меџити и Алиу

февруари 10, 2024

По целодневна и исцрпувачка дебата, собраниските пратеници доцна синоќа во две одделни гласања ги разрешија министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. За разрешувањата гласаа 62 пратеници, додека немаше ниту еден против ниту воздржан. Опозицијата, по учеството во дебатата и критиките упатени за владејачката коалиција, не учествуваше во […]

Ковачевски: Јас не го одобрив разрешувањето на Милена Стевановиќ

февруари 7, 2024

Не го одобрив разрешувањето на директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ, кое го направи министерот за здравство Фамир Меџити, рече денеска во изјава за медиумите Димитар Ковачевски, поранешниот премиер и претседател на СДСМ. Тој денеска со министерката Јованка Тренчевска, беше на состанок со претставници на Сојузот на пензионери на Македонија. „Тој ја разреши […]

Нема одговор од Меџити зошто ја смени директорката на Инфективна, Милена Стевановиќ

јануари 30, 2024

Милена Стевановиќ, по 7 години директор на Инфективната клиника во Скопје, повеќе не е на функцијата. Министерот за здравство Фатмир Меџити на нејзината досегашна  позиција – медицински директор, го постави д-р Фадил Цана. Во јавноста има голем број реакции околу смената на Стевановиќ, дотолку повеќе што таа раководеше со клиниката во еден од најтешките периоди […]

По упадот во контролната кула на М-НАВ: Револт, приведувања и најави за разрешувања

јануари 5, 2024

Владата најави дека на следната седница ќе го разреши целото раководство и сите членови на управниот одбор на М-НАВ по вчерашниот упад во контролната кула на М-НАВ од страна на неовластени лица кои натепаа контролор на летање на работното место. Контролорите на летање, заедно со двата синдикати на М-НАВ, синоќа одржале вонреден состанок, на кој […]

Арсовска го разреши Зоран Глигоров, ја назначи Наталија Митовска за нов секретар

декември 29, 2023

Преку соопштение Град Скопје денеска информираше дека е разрешен секретарот на град Скопје, Зоран Глигоров, кој беше во фокусот на интересот на јавноста поради наводни пријави за семејно насилство. На негово место ќе биде назначена Наталија Митовска, за која во соопштението се вели дека била на високи раководни функции во Владата. Инаку, Митовска е сопруга […]

Вилма Русковска повеќе не е јавен обвинител, советот едногласно ја разреши

ноември 23, 2023

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска, едногласно беше разрешена од страна на Советот на јавни обвинители, кој го усвои предлогот на Комисијата за утврдување на дисплинска одговорност. Претходно, членовите на Советот на јавни обвинители одлучија да се одбие жалбата на обвинителката во врска со предлогот за […]

Арсовска прво ја фалеше, а сега вели дека не била задоволна од работата на Мазнева

октомври 13, 2023

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, само три месеци откако ја пофали за работата, сега вели дека ја разрешила директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Косана Мазнева-Николиќ затоа што не била задоволна од нејзината работа. Според неа, од страна на директорката Мазнева не била реализирана програма „За модерно Скопје“ и затоа вчера била разрешена. Мазнева-Николиќ […]

Арсовска ја разреши Косана Мазнева од директорка на „Комунална хигиена“ Скопје

октомври 12, 2023

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја разреши од функцијата директорка на ЈП Комунална хигиена Скопје, Косана Мазнева. Од Град Скопје не одговорија на нашите прашања за ова последно од низата разрешувања, додека досегашната директорка, Мазнева за Мета.мк потврди дека не е повеќе на функцијата. „Точно е, разрешена сум од директорското место. Причините не ги […]

Министерството за култура ја разреши директорката на Филхармонија, таа реагира

септември 14, 2023

Министерството за култура ја разреши Тина Иванова од функцијата директор на Националната филхармонија, а за вршител на должност на оваа функција го назначи Даниел Лазаревски. Комисија која била формирана од Министерството за култура констатирала повеќе неправилности во работата на Иванова, а разрешени се и членовите на Управниот одбор во Националната филхармонија, бидејќи не дејствувале навреме […]

Ковачи е нов в.д. директор на „Улици и патишта“, Арсовска го разреши претходниот

јуни 30, 2023

Разрешен е в.д директорот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“, Саид Саид, а на негово место сега за нов в.д директор е назначен Ќамил Ковачи. Оваа информација попладнево ја соопшти Град Скопје. На директорското место во „Улици и патишта“ Саид дојде во септември минатата година, а претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“. […]

Лога вели дека за распуштањето на Судскиот совет ќе разговараат партиите во Собранието

јуни 19, 2023

Најавените законски измени ќе треба да се донесат со консензус меѓу сите политички партии во Собранието, најави денеска министерот за правда Кренар Лога во однос на можноста со законските преодни одредби да се овозможи распуштање на Судскиот совет и престанок на мандатот на сегашните членови на Судскиот совет. Министерот Лога рече дека ги осудува случувањата […]

Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, на чекор од разрешување

јуни 13, 2023

Откако вчера Вишиот судски совет на Бугарија со 16 гласа „за“ и 4 „против“ донесе одлука да го разреши Главниот обвинител Иван Гешев, кого го следат куп обвинувања и скандали, денеска Кирил Петков, копретседател на „Продолжуваме со промената“ и поранешен премиер на Бугарија, го повика бугарскиот претседател Румен Радев да издаде указ за разрешување на […]

Поранешната претседателка Дамева со тужба и со кривична пријава за разрешувањето од Судскиот совет

мај 19, 2023

Весна Дамева, поранешната претседателка на Судскиот совет која беше разрешена од функцијата на контроверзен начин, кој експертите го протолкуваа како незаконски, поднела тужба до Управниот суд и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за нејзиното разрешување. Во разговор со Порталб.мк, Дамева вели дека доколку институциите не утврдат одговорност во разумен рок, таа е подготвена во […]

Судскиот совет повторно не избра нов претседател, седницата беше одложена

мај 2, 2023

Преку соопштение, Судскиот совет денеска извести дека се одложила денешната седница на која требаше да се избира нов претседател, откако минатата недела беше разрешена досегашната претседателка Весна Дамева, случај кој предизвика жестоки реакции и дебати во јавноста. Во соопштението на Судскиот совет не е наведена причината за денешното одложување, ниту пак пишува за кога е […]

Адеми за Порталб: Со разрешувањето на Дамева, Судскиот совет не прекрши ниту еден закон

април 28, 2023

Разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, продолжува да ја бранува јавноста, по обвинувањата за политичко влијание, но и за незаконско постапување од страна на членовите на советот. Реакциите за разрешувањето не стивнуваат, особено во делот на начинот на кој беше разрешена претседателката на Судскиот совет, со оглед на тоа што познавачите тврдат дека […]

Не стивнуваат реакциите за разрешувањето на Дамева, дополнително се расклатува довербата во судството

април 28, 2023

За последните случувања во Судскиот совет, кога на скандалозна седница со кавги и препукувања беше разрешена претседателката Весна Дамева, денеска реагира и Врховниот суд, од каде што велат дека „внимателно ги следат случувањата и го охрабруваат советот да ја надмине состојбата, првенствено во интерес на граѓаните“. „Врховниот суд како највисок суд во државата и носител […]

Седницата на Судскиот совет се одложи, Министерството за правда бара увид во вчерашниот записник

април 27, 2023

Се одложи седницата на Судскиот совет на која, по вчерашното разрешување на претседателката Весна Дамева, која експертската јавност го оцени како скандалозно, требаше да се избере нов претседател. Заменик-претседателот Селим Адеми рече дека причина за одложувањето е тоа што е потребно присуство на седницата на сите 13 членови. За одложувањето гласаа осум, додека четири членови […]

Жестоки реакции по разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, се бара преиспитување на одлуката

април 27, 2023

Блупринт групата за реформи во правосудството ја изразува својата загриженост околу ескалирањето на состојбата при утврдувањето на дневниот ред на вчерашната седница на Судскиот совет, која заврши со разрешување на претседателката на Советот. Големи реакции околу експресното разрешување на Весна Дамева стигнуваат и од голем број поранешни судии, адвокати, експерти од правосудниот систем и од […]

На седница на која вриеше од кавги и обвинувања, разрешена претседателката на Судскиот совет Весна Дамева

април 26, 2023

По кавги и меѓусебни обвинувања, денешната седница на Судскиот совет заврши со разрешување на претседателката Весна Дамева, по низа обвинувања од страна на заменик претседателот на советот, Селим Адеми. Меѓу другото, Адеми ја обвини Дамева дека го криела писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер во кое се изразува загриженост за состојбите во правосудството. „Прво, не […]

Комисијата за дисциплинска одговорност бара разрешување на Вилма Русковска

март 30, 2023

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против три јавни обвинителки и разгледување на извештајот донесе решение, во кое меѓу другото се предлага разрешување на обвинителката Вилма Русковска. Во соопштението на Јавното обвинителство се вели дека „за поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство […]

Страна 1 од 7