недела, 14 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Таргет Тврдина | 31 резултати

На седница на која вриеше од кавги и обвинувања, разрешена претседателката на Судскиот совет Весна Дамева

26 април 2023

По кавги и меѓусебни обвинувања, денешната седница на Судскиот совет заврши со разрешување на претседателката Весна Дамева, по низа обвинувања од страна на заменик претседателот на советот, Селим Адеми. Меѓу другото, Адеми ја обвини Дамева дека го криела писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер во кое се изразува загриженост за состојбите во правосудството. „Прво, не […]

Обврската за транспарентност важи и за скопска Апелација

23 декември 2022

Вицепремиерката Славица Грковска има право кога вели дека обврската за транспарентност не може да биде адресирано само на Владата, на пратениците, туку и на адреса на правосудството. Оттука и нејзината изјава во врска со соопштението на Апелациониот суд во Скопје за случајот Таргет-Тврдина го оценуваме како вистина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме […]

Контраспин: Барањето одговори за одлуката за „Таргет-Тврдина“ не е притисок врз судството

20 декември 2022

Во услови на висока исполитизираност на општеството и на сè уште премногу дебати за нецелосна поделеност на трите власти, како и во услови на многу ниска доверба на јавноста во судството (од само 4 отсто) за кое постои перцепција за силно влијание од политички, но и од бизнис елити, сосема е разбирлива реакцијата и на […]

Пендаровски: Шокиран сум од одлуката на скопскиот Апелациски суд за случајот „Таргет-Тврдина

17 декември 2022

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски објави остра реакција по одлуката на Апелацискиот суд Скопје да ја укине пресудата за случајот „Таргет-Тврдина” и да го врати случајот на повторно судење. „Шокиран сум од одлуката на апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“. Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки […]

Пресудата за „Таргет-Тврдина“ падна на Апелација

16 декември 2022

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, соопштиja во судот. Случајот беше отворен за масовното нелегално прислушување, а резултираше со вкупна затворска казна од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито […]

Порталб: Во Апелација молк по скандалозното ослободување на Мијалков од притвор

24 декември 2021

Остри реакции уследија откако Апелациониот суд завчера одлучи да го ослободи од притвор поранешниот началник на тајната полиција Сашо Мијалков, кој со првостепена одлука во два предмети е осуден на вкупно 20 години затвор, а осомничен е и во неколку други случаи. Ослободувањето на Мијалков од притвор е скандалозно и поради тоа што во февруари […]

Разузнавачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски добитници на државната награда „Мето Јовановски“

7 декември 2021

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, разузнавачите кои го открија незаконското прислушкување, се овогодишни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, соопшти Министерството за култура. Наградата „Мето Јовановски“ која претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права за 2021 година ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември […]

Вистиномер: Институциите го притиснаа Мијалков или некој си поигра и со правдата и со правната држава?

1 март 2021

Премногу е чудна целата приказна со (не)бегањето на Сашо Мијалков – од скандалозното исчезнување до неговото ноншалантно појавување пред Обвинителство облечен во црна маичка. А, чудна е и изјавата на премиерот дека тој лично координирал со акцијата во која директно се вклучени правосудните институции, иако таму извршната власт нема ингеренции. Има многу нејаснотии и околу […]

Судот одлучи: Сашо Мијалков оди во притвор во Шутка до правосилноста на пресудата

26 февруари 2021

Судскиот совет денеска донесе решение да го уважи барањето на обвинителката Ленче Ристоска и ја укина мерката куќен притвор на Сашо Мијалков и му определи мерка притвор во КПУ Затвор „Скопје“ до правосилноста на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, односно до започнување на издржување на казната затвор од 12 години. Притворот може да трае најмногу 60 […]

Пресуда за Таргет-Тврдина: Мијалков осуден на 12 години затвор, Јанкуловска на 4 години

26 февруари 2021

За злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување и примање награда за противзаконито дејание, на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска му беше досудена затворска казна од 12 години во случајот Таргет-Тврдина кој се однесува на незаконското прислушување на 20.000 граѓани од 2008 до 2015 година во време на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ. На […]

Премиерот Заев за случајот Таргет-Тврдина: Испратена е пораката дека системот функционира

25 февруари 2021

Премиерот Зоран Заев денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието говореше за последните случувања со бегството и враќањето на Сашо Мијалков пред утрешното изрекување на пресудата во случајот Таргет-Тврдина. „Тоа што секој сегмент на нашето општетсво, а тоа е извршната власт, преку Министерството за внатрешни работи и тоа за правда, судската власт преку судовите […]

Глас на Америка: Стејт департментот одблизу ја следи ситуацијата со Мијалков

22 февруари 2021

Свесни сме за овие извештаи, и ја следиме ситуацијата одблизу, изјави кусо портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка, по повод бегството на Сашо Мијалков. Министерството за внатрешни работи (МВР) веќе распиша меѓународна потерница по поранешниот шеф на тајната полиција. Мијалков е во бегство од вчера. Јавното обвинителство соопшти дека полицијата го известила оти […]

Пендаровски за бегството на Мијалков: Неприфатливи случувања за земја која очекува преговори за членство во ЕУ

22 февруари 2021

Претседателот Стево Пендаровски во врска со бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ги повикува сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за негов притвор. „Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем […]

Заев бара одговорност за бегството на Мијалков, негира постоење на политички договор

22 февруари 2021

Премиерот Зоран Заев по излегувањето од судницата претпладнево, каде сведочеше во процесот „Титаник“, негираше дека постои политички договор и побара одговорност за недостапноста на Сашо Мијалков токму пред пресудата за предметот „Таргет – Тврдина“. „Изречено е решение од суд за домашен притвор некаде 18-18:30, МВР веднаш постапило и лицето не е затечено во домот или […]

МВР преку национална потерница ќе го бара Сашо Мијалков во државата

22 февруари 2021

Министерството за внатрешни работи информира дека за Сашо Мијалков е распишана национална потерница. Причината за тоа е што: „од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено“, велат од МВР, кои од вчера го бараат Мијалков за да му го врачат решението за куќен притвор. Од МВР уште утрово навестија дека ќе побараат од […]

МВР трага по поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за да му врачи решение за куќен притвор

22 февруари 2021

Министерството за внатрешни работи од вчера попладнето го бара поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за да му го врачи донесеното судско решение за куќен притвор, а сѐ уште не се знае дали по него ќе биде распишана и потерница. Од МВР за Мета.мк велат: „Откако судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков, […]

„Таргет-Тврдина“: Јанкулоска се брани претставувајќи се како жртва, а не соучесник во прислушувањето

19 февруари 2021

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во завршните зборови на денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ се брани претставувајќи се како жртва, тврдејќи дека не била вмешана во уништувањето на опремата со која од 2008 до 2015 година се вршело незаконско прислушување на десетици илјади граѓани за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешната министерка е […]

Продолжи судењето за случајот „Таргет-Тврдина“, обвинетиот Мијалков се појави на судското рочиште

3 ноември 2020

Во Основниот кривичен суд-Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за незаконското следење на комуникациите од страна на УБК. Обвинетиот поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков наводно се опоравил од ковид-19 и денеска се појавил на судското рочиште. Судењето започна со половина час задоцнување поради доцнење во спроведувањето на обвинетата поранешна министерка […]

Случајот „Таргет-Тврдина“ одложен за 16 октомври, Мијалков бил со симптоми на ковид-19

14 октомври 2020

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков денеска не се појави на рочиштето за случајот „Таргет-Тврдина“, бидејќи развил симптоми на корона вирусот, извести неговиот адвокат Љупчо Шврговски на денешното рочиште кое се одложи за 16 октомври. .„Вчера доцна бев известен од Сашо Мијалков, дека неговата сопруга Александра Мијалкова е позитивна […]

Процес „Таргет-Тврдина“- прислушуваните сведоци бараат милиони евра отштета

30 септември 2020

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ за незаконското прислушување во периодот од 2008 до 2015 година. За нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, избеганите Горан Грујевски и Никола Бошковски, Тони Јакимовски, како […]

Страна 1 од 2