недела, 15 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Весна Дамева | 18 резултати

Весна Дамева се враќа на чело на Судскиот совет

3 јануари 2024

Весна Дамева од денеска се враќа на чело на Судскиот совет, откако Управниот суд пресуди дека таа била незаконски разрешена. Од 9 часот изутрина членовите на Судскиот совет на работен состанок ја разгледуваа пресудата на Управниот суд, по тужбата што таа ја поднесе по нејзиното контроверзно разрешување во мај годинава. Попладнево, членовите закажаа итна седница […]

Судскиот совет има рок од 30 дена да постапи по пресудата за враќање на Дамева за претседател

2 јануари 2024

Судскиот совет ја примил пресудата на Управниот суд, кој ја поништи одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседателското место во Судскиот совет. Од Судскиот совет соопштија дека пресудата утре ќе се разгледува на работен состанок. „Рокот да се постапи по пресудата е 30 дена. Нема право на жалба“, изјавија од Судскиот совет, но не прецизираа […]

Дамева да се врати на чело на Судскиот совет, одлучи Управниот суд

29 декември 2023

Управниот суд jа поништи одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседателското место во Судскиот совет. Ова значи дека Дамева треба да се врати на челната позиција на институцијата, од која беше разрешена на крајно контроверзен начин – случај кој предизвика реакции и кај домашната, но и кај меѓународната јавност. Одлуката на Управниот суд за […]

Двајца членови на Судскиот совет поднесоа оставки

6 јуни 2023

Судиите Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимоски, судија од скопскиот Апелациски суд, поднеле неотповикливи оставки од функциите членови на Судскиот совет. Причините за оставките сè уште не се познати, а Герасимоски во изјава за Мкд.мк рече дека ќе почека оставката да биде констатирана на седница па јавно ќе ги кажел причините за одлуката […]

Судскиот совет расправаше за судир на интереси на експретседателката Дамева

5 јуни 2023

Расправии и меѓусебни обвинувања повторно се случуваат во Судскиот совет. На денешната седница на точка на дневен ред беше ставен евентуален судир на интереси на разрешената претседателката Весна Дамева. За Дамева имало обвинувања дека учествувала во постапки при одлучување одговорност за судии, каде што како странка се јавувал нејзиниот сопруг. Според Судскиот совет, сопругот на […]

Поранешната претседателка Дамева со тужба и со кривична пријава за разрешувањето од Судскиот совет

19 мај 2023

Весна Дамева, поранешната претседателка на Судскиот совет која беше разрешена од функцијата на контроверзен начин, кој експертите го протолкуваа како незаконски, поднела тужба до Управниот суд и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за нејзиното разрешување. Во разговор со Порталб.мк, Дамева вели дека доколку институциите не утврдат одговорност во разумен рок, таа е подготвена во […]

Дамева: Судскиот совет немаше правна основа да ја исклучи јавноста

8 мај 2023

Разрешената претседателка на Судскиот Совет (СС) на РСМ има право кога вели дека вчерашните седници (три) на кои СС ја повлече одлуката за разрешување од 28 април, па изгласа нова за разрешување со повеќе гласови, па закажа трета на која избра нов претседател на СС, се, де факто, настани кои не се во целост засновани […]

Сашко Георгиев експресно избран за нов претседател на Судскиот совет

4 мај 2023

Со осум гласа „за“ и четири „против“, на седница на Судскиот совет која беше закажана надвор од работното време, со соопштение кое доцна попладнево стигна до новинарите, за нов претседател беше избран Сашко Георгиев. Досегашната претседателка Весна Дамева не присуствуваше на денешната седница на Судскиот совет. Таа беше разрешена под околности кои дел од експертската […]

Судскиот совет повторно не избра нов претседател, седницата беше одложена

2 мај 2023

Преку соопштение, Судскиот совет денеска извести дека се одложила денешната седница на која требаше да се избира нов претседател, откако минатата недела беше разрешена досегашната претседателка Весна Дамева, случај кој предизвика жестоки реакции и дебати во јавноста. Во соопштението на Судскиот совет не е наведена причината за денешното одложување, ниту пак пишува за кога е […]

Адеми за Порталб: Со разрешувањето на Дамева, Судскиот совет не прекрши ниту еден закон

28 април 2023

Разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, продолжува да ја бранува јавноста, по обвинувањата за политичко влијание, но и за незаконско постапување од страна на членовите на советот. Реакциите за разрешувањето не стивнуваат, особено во делот на начинот на кој беше разрешена претседателката на Судскиот совет, со оглед на тоа што познавачите тврдат дека […]

Не стивнуваат реакциите за разрешувањето на Дамева, дополнително се расклатува довербата во судството

28 април 2023

За последните случувања во Судскиот совет, кога на скандалозна седница со кавги и препукувања беше разрешена претседателката Весна Дамева, денеска реагира и Врховниот суд, од каде што велат дека „внимателно ги следат случувањата и го охрабруваат советот да ја надмине состојбата, првенствено во интерес на граѓаните“. „Врховниот суд како највисок суд во државата и носител […]

Седницата на Судскиот совет се одложи, Министерството за правда бара увид во вчерашниот записник

27 април 2023

Се одложи седницата на Судскиот совет на која, по вчерашното разрешување на претседателката Весна Дамева, која експертската јавност го оцени како скандалозно, требаше да се избере нов претседател. Заменик-претседателот Селим Адеми рече дека причина за одложувањето е тоа што е потребно присуство на седницата на сите 13 членови. За одложувањето гласаа осум, додека четири членови […]

Жестоки реакции по разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, се бара преиспитување на одлуката

27 април 2023

Блупринт групата за реформи во правосудството ја изразува својата загриженост околу ескалирањето на состојбата при утврдувањето на дневниот ред на вчерашната седница на Судскиот совет, која заврши со разрешување на претседателката на Советот. Големи реакции околу експресното разрешување на Весна Дамева стигнуваат и од голем број поранешни судии, адвокати, експерти од правосудниот систем и од […]

На седница на која вриеше од кавги и обвинувања, разрешена претседателката на Судскиот совет Весна Дамева

26 април 2023

По кавги и меѓусебни обвинувања, денешната седница на Судскиот совет заврши со разрешување на претседателката Весна Дамева, по низа обвинувања од страна на заменик претседателот на советот, Селим Адеми. Меѓу другото, Адеми ја обвини Дамева дека го криела писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер во кое се изразува загриженост за состојбите во правосудството. „Прво, не […]

Страна 1 од 1