fbpx

Сашко Георгиев експресно избран за нов претседател на Судскиот совет

Со осум гласа „за“ и четири „против“, на седница на Судскиот совет која беше закажана надвор од работното време, со соопштение кое доцна стигна до новинарите, за нов претседател беше избран Сашко Георгиев

-

Со осум гласа „за“ и четири „против“, на седница на Судскиот совет која беше закажана надвор од работното време, со соопштение кое доцна попладнево стигна до новинарите, за нов претседател беше избран Сашко Георгиев.

Досегашната претседателка Весна Дамева не присуствуваше на денешната седница на Судскиот совет. Таа беше разрешена под околности кои дел од експертската јавност ги оцени како незаконски, а случајот предизвика огромно внимание и дебати во јавноста.

Жестоки реакции по разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, се бара преиспитување на одлуката

Откако ситуацијата до некаде се смири, Судскиот совет за попладнево, надвор од работното време (кое е до 15:30 часот), за во 16:30 часот ја закажа седницата за избор на нов претседател. Седницата беше со назнака „итна“, а на краткото соопштение за нејзиното одржување беше потпишан заменик-претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми, кој го иницираше контроверзното разрешување на Дамева. Веќе во 17:10 часот беше избран новиот претседател.

За разрешување претседател на Судскиот совет нема предвидено процедура во Законот за Судски совет и во Деловникот за работа. Во разговор за Порталб.мк, Адеми потврди дека таква процедура не постои, но изјави дека во случајов ќе се примени правило „мнозинството одлучува“, додавајќи дека сè што не е забрането со закон, е дозволено.

Адеми за Порталб: Со разрешувањето на Дамева, Судскиот совет не прекрши ниту еден закон

Новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев е член на советот од 2018 година. Тој бил вработен како адвокат во адвокатска канцеларија во Штип, а во 2008 година бил избран за судија во Основен суд Штип, каде до 2018 година работел како судија-кривичар. Во периодот од 2014-2016 година бил член на Управниот одбор на Здружението на судии а во 2017 година бил избран за претседател на Здружението на судии на подружницата во Основен суд Штип.

Од 2014 година е активен едукатор-предавач од кривична материја во Академијата за судии и обвинители, а од 2015 година е предавач во ОБСЕ на тема „Криминал од омраза“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...