fbpx

Судскиот совет повторно не избра нов претседател, седницата беше одложена

Во соопштението на Судскиот совет не е наведена причината за денешното одложување, ниту пак пишува за кога е закажана новата седница

-

Преку соопштение, Судскиот совет денеска извести дека се одложила денешната седница на која требаше да се избира нов претседател, откако минатата недела беше разрешена досегашната претседателка Весна Дамева, случај кој предизвика жестоки реакции и дебати во јавноста.

Во соопштението на Судскиот совет не е наведена причината за денешното одложување, ниту пак пишува за кога е закажана новата седница.

„Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека 439-та итна седница која беше одложена за ден 02.05.2023 година (вторник) во 11:00 часот се одлага. За денот и часот на одржување на седницата дополнително ќе биде објавено соопштение“, стои во соопштението.

Разрешување на Дамева беше иницирано од заменикот претседател Селим Адеми, во средата, по неколку часа тензии и расправии. Дамева, откако за нејзино разрешување гласаа седум од 13 члена, вклучително и иницијаторот Адеми, рече дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“. Адеми, пак, во разговор за Порталб.мк, изјави дека иако навистина законски не е предвидено како се разрешува претседател на Судски совет, „сè што не е забрането, е дозволено“. Како причина за разрешувањето, Адеми во разговорот посочи дека Дамева имала заострени меѓучовечки односи со други членови. Тој децидно демантираше дека било какви политички мотиви стојат зад нејзиното разрешување.

Разрешувањето на Дамева и случувањата во Судскиот совет предизвикаа бројни реакции во јавноста, а правните експерти го оценија како нелигитимно.

Адеми за Порталб: Со разрешувањето на Дамева, Судскиот совет не прекрши ниту еден закон

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...