Собранието ги разреши министрите на Алијанса, Меџити и Алиу

За разрешувањата гласаа 62 пратеници, додека немаше ниту еден против ниту воздржан. Опозицијата, по учеството во дебатата и критиките упатени за владејачката коалиција, не учествуваше во гласањето

-

По целодневна и исцрпувачка дебата, собраниските пратеници доцна синоќа во две одделни гласања ги разрешија министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

За разрешувањата гласаа 62 пратеници, додека немаше ниту еден против ниту воздржан. Опозицијата, по учеството во дебатата и критиките упатени за владејачката коалиција, не учествуваше во гласањето.

Меџити и Алиу се министри од редовите на политичката партија Алијанса за Албанците.

Предлогот за разрешување дојде откако во оваа партија се случи раскол и поделба меѓу лидерот Арбен Таравари и претседателот на Централното собрание Зијадин Села и нивните симпатизери. Министрите Алиу и Меџити застанаа зад Таравари, додека министерот за правда Кренар Лога – зад Села.

Откако беше поднесен предлогот за нивно разрешување, премиерот на техничката Влада, Талат Џафери рече дека предлогот не се однесува на нивната професионална подготвеност, туку „според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата“.

„Овие двајца министри се изјаснија дека ќе го поддржат статусот на претседателот на партијата дека ќе делуваат како опозиција, а според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зашто се предлага разрешувањето. Согласно Уставот, ова е мое право, а одлуката ја носи Парламентот“, истакна Џафери кој вчера го достави барањето за разрешување на двајцата министри.

Инаку, Зијадин Села е со став дека Алијанса за Албанците не треба да влегува во предизборни коалиции со албанската опозиција, додека Арбен Таравари ја предводи иницијативата за изборно коалицирање со здружениот Европски сојуз за промени, каде што се вклучени Алтернатива (Африм Гаши), Демократското движење (Изет Меџити) и партијата Беса (Билал Касами).

За денеска е закажан состанок на Централното собрание на Алијанса за Албанците, кој го свика претседавачот со ова партиско тело Села, кој е и поранешен лидер на оваа партија.

Актуелниот партиски лидер Таравари, пак, според најавата, нема да присуствува на состанокот.

Села претходно најави дека ќе се бара одговорност од Таравари, па како прва точка на дневен ред е ставен извештајот околу политичките случувања во врска со претстојните претседателски и парламентарни избори. Се очекува да се дискутира и околу одлуката на Претседателството на партијата од октомври лани за настапот на парламентарните избори закажани за 8 мај.

Меџити и Алиу – политички жртви од поделбата на Алијанса

Факт-чекингот најефикасна алатка за борба со дезинформациите за време на изборите во САД

Наодите од новиот извештај на колегите проверувачи на факти од Factchequeado, Maldita и Tech Policy Press покажуваат дека на повеќе од половина од содржините на Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Х, Јутуб на шпански јазик, во кои е идентификувана невистина или дезинформација,...

Трамп планира да потпише околу 100 извршни наредби по инагурацијата

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп се очекува да потпише околу 100 извршни наредби во рок од неколку часа по преземањето на функцијата, пренесува Њујорк Тајмс. Активности што ќе започнат во близина на местото...

АНАЛИЗА: Кредити на државата во 2025

Само за една година внатрешниот долг на државата се зголемил за 600 милиони евра. Од надвор – Унгарскиот кредит од 1 милијарда евра ќе биде клучен за инфраструктурните проекти. И годинава...

Нормализирана е испораката на топлинска енергија во Скопје

Во најкус можен рок е нормализирана испораката на топлинска енергија за корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина. Кај приклучените потрошувачи на системот за централно греење од овој реон испораката на топлинска...

Факт-чекингот најефикасна алатка за борба со дезинформациите за време на изборите во САД

Наодите од новиот извештај на колегите проверувачи на факти од Factchequeado, Maldita и Tech Policy Press покажуваат дека на повеќе од половина од содржините на Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Х, Јутуб на шпански јазик, во кои е идентификувана невистина...