(ВИДЕО) Сребрени прстени, ланчиња и обетки тешки 1,3 килограми запленети на ГП Богородица

Во ќеса што ја ставил зад задното седиште и во еден куфер ставен во багажниот простор, лицето криело 157 парчиња прстени, 21 нараквица, 45 ланчиња, 26 обетки и 20 привезоци

фото: Царинска управа

Патник кој патувал од Турција се обидел на внесе 1,3 килограми сребрен накит во земјава преку граничниот премин Богородица, без да го пријави кај царинските органи, соопшти денеска Царинската управа.

Цариниците го заплениле накитот, откако го откриле при преглед на патничко возило со кое лицето патувало како совозач. Станува збор за 157 парчиња прстени, 21 парчиња нараквици, 45 ланчиња, 26 обетки и 20 привезоци кои лицето ги скрило во ќеса што ја ставил зад задното седиште и во еден куфер ставен во багажниот простор.

Лицето изјавило дека сребрениот накит го набавил од Турција, но не поседувал никаква документација. Против него се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи.