понеделник, 9 март, 2026
Meta.mk

Ознака: царинска управа | 121 резултати

Кривична пријава против две лица кои криумчареле „ајфон“ телефони

9 октомври 2025

Цариниците поднеле кривични пријави против две лица кои криумчареле „ајфон“ телефони во вредност од 355 илјади денари, соопштија од Царинската управа. Делото било откриено на влез на граничен премин Ново Село, кога при извршен детален преглед на возилото со кое патувале осомничените, во багажниот простор се откриени вкупно пет нови „iPhone 16“, од кои три […]

Царинска управа: Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

15 септември 2025

Од Царинска управа известуваат дека се запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД. Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил […]

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречиле обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови

20 август 2025

Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија обид за шверцување на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот простор на изнајмено возило. Против едно лице, државјанин на Косово, Одделението за истраги во Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „шверцување“. Станува збор за аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори […]

Кривична пријава за петмина вмешани во мрежа за шверц на цигари

5 август 2025

Царинската управа, преку секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со акцизна стока – цигари, соопштија оттаму. „Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела – криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на […]

Цариниците заплениле повеќе од 5.000 фалсификувани „Епл“ маски за телефони

16 јули 2025

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“ при што запленети се вкупно 5,6 илјади парчиња, информираат во Царинската управа. „Мобилен царински тим заплени над 5,6 илјади парчиња фалсификувани маски за телефон „Ејпл“ коишто […]

Цариниците заплениле дрон, детски електрични автомобили и цигари

24 јуни 2025

Царинските службеници минатата недела откриле неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, детски електрични автомобили. Во два одделни случаи на граничните премини Богородица и Дојран запленети се 22 штеки цигари без акцизни маркички. „Мобилни тимови на влез во држвава на граничниот премин Блаце спречија обид за шверц […]

Спречен обид за шверц на накит, цигари и над пет илјади алатки и средства за тетовирање

17 јуни 2025

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен и сребрен накит, опрема и средства за тетовирање, цигари, тутун, моторцикл, делови за прозорци и фалсификувана стока. При контрола на автобус на граничниот премин Деве Баир на влез во државата кај патничка од Косово пронајдена е […]

Царината спречи обид за шверц на парфеми од Дубаи

23 април 2025

На Меѓународниот Аеродром Скопје, државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија, се обидел да криумчари во државата 76 парфеми, информираат во Царинската управа. Како што се наведува во нивното соопштение, патникот, кога пристигнал во државата, се определил на зелен канал, при што поради сомневање е селектиран на царинска контрола. „При контролата во двата куфери […]

Цариниците за една недела вратиле 69 камиони зашто возачите немале сертификати

25 март 2025

Во период од една недела, Царинската управа извршила 8.181 контрола на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи за превоз кои треба да ги поседуваат товарните моторни возила и автобусите во меѓународниот патен сообраќај. Во четири случаи биле утврдени неправилности во делот на лиценците, од коишто за три се водат предкривични […]

Увезувале возила со фалсификувани исправи, заработиле кривични пријави

5 февруари 2025

Кривични пријави добиле четири лица зашто фалсификувале исправи, за да платат помали увозни давачки при увоз на глисери и едно возило, со што нанеле штета на буџетот од 143.453 денари, соопшти Царинската управа. Освен тоа, инспекторите уште во еден случај утврдиле грубо кршење на законските прописи при што возач, увозник и царински службеник се сомничат за […]

Запленети 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен, три лица ќе одговараат кривично

18 декември 2024

Секторот за контрола и истраги при Царинска управа спроведе поголема акција во Битола и Ресен во која се запленети 780 килограми режан тутун со вкупна вредност од 3,4 милиони денари. Во акцијата се извршени претреси на домови и помошни простории, а извршени се и контроли на градските пазари. Тројца сторители ќе одговараат кривично, а до […]

Царина заплени стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари и фалсификувана стока

7 ноември 2024

Царинските службеници и мобилните тимови во текот на изминатите денови спречиле обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока, кабли за електрична инсталација и друга стока, соопштија од Царинската управа. До едно лице е поведена и прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни […]

На „Богородица“ спречен обид за криумчарење на 72 штеки цигари

12 септември 2024

Царинските службеници спречиле обид за криумчарење на 72 штеки цигари што македонски државјанин без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин „Богородица“. Како што соопштија од Царинската управа, вкупната вредност на штеките цигари изнесува 167.588 денари, при што вкупните давачки што лицето сакало да ги избегне изнесуваат над 113.000 денари. […]

На скопскиот аеродром спречен шверц на рачни часовници во вредност од 240 илјади денари

25 јули 2024

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје вчера заплениле осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862 денари, соопшти Царинската управа. Часовниците биле откриени кај македонски државјанин кој слетал со лет од Австралија. Како што појаснуваат од Царина, патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали […]

Царината спречила шверц на цигари, свечени фустани и моторни возила

23 јули 2024

Во текот на минатата недела царинските службеници спречиле неколку обиди за криумчарење и непријавување за царинење на цигари, облека, моторни возила и друго. На Меѓународниот аеродром Скопје, кај македонскиот граѓанин кој патувал за Лондон пронајдени се 114 штеки цигари без акцизни маркички од марката „Karelia“ и 5 штеки цигари со бугарски акцизни маркички од марката […]

Царина заплени 7.800 евра – македонски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата

16 јули 2024

Царинската управа спречила нелегален износ на девизи на граничниот премин Блаце, во износ од 7.800 евра, откако при контрола на патник откриле поголема сума непријавени девизи. Од Царина информираа дека лицето е македонски државјанин кој патувал со автомобил со чешки регистарски таблички. На прашањето на царинските инспектори дали има нешто да пријави, одговорил дека нема […]

Во гепек сокрил парфеми во вредност од околу 4.000 евра, цариниците му ги нашле

15 јули 2024

На граничниот премин Табановце е спречен шверц на повеќе од сто парфеми од брендот „Гисада“, со вкупна вредност од 240 илјади денари (околу 4.000 евра). Царинските службеници дејствувале откако возач, без да ги пријави, се обидел нелегално да ги внесе парфемите во државата. Возачот негирал дека има нешто да пријави и тврдел дека носи само […]

Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

8 јули 2024

Мобилен тим на Царинската управа викендов спречил криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните, соопштија од Управата. Превозникот, а воедно и сопственик на транспортното возило, не го пријавил месото со царинска декларација, ниту пак поседувал ветеринарен сертификат за истото. Настанот се случил во саботата на царинската испостава Богородица на влез во земјава […]

Златен накит во вредност од 4 милиони денари запленет на ГП Богородица

7 јуни 2024

Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничниот премин Богородица, со што е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари, соопшти Царинската управа. Златото било откриено при личен претрес на патник кој се обидел накитот […]

Спречен влез на 1,7 тони спорни лекови во земјава

22 мај 2024

Царински службеници на влез на Меѓународен Аеродром – Скопје, спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „Силденафил цитат упс“ и „Сибутрамин“, кои се штетни по здравјето на граѓаните, соопштија од Царинската управа. Оттаму информираат дека лековите не биле регистрирани во Агенција за лекови, а фирмата увозник немала ниту дозвола за промет на големо со медицински средства, […]

Страна 1 од 6