Нов видеонадзор на граничните премини – дигитални камери и автоматско препознавање на регистарски таблици

Новиот систем во секое време информира за фреквенцијата на граничните премини, кое возило со која регистарска табличка, боја и марка на возило влегло во земјава и како се движело низ граничните премини во одреден период

-

Сите гранични премини во земјава добиваат нов видеонадзор – се инсталираат 350 различни типови на дигитални камери, систем за автоматско препознавање на регистарски таблици и централен систем за складирање на податоци.

Набавката и инсталацијата на новиот видеонадзор чини околу 1 милион евра, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од граничниот премин Дојран каде со директорот на Царинската управа Стефан Богоев извршија увид во новиот систем.

„Водејќи се од потребата да го забрзаме и да го зголемиме протокот на сообраќај на граничните премини, Министерството за транспорт и врски го набави овој информатички систем како дел од Проектот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Веќе со Царинската управа работиме и на креирање на платформата за Национален едношалтерски систем, софтвер кој треба да поврзе 16 институции за давање на електронски услуги на економските операторите“, изјави министерот Бочварски, додавајќи дека проценетата вредност на овој проект е 4,5 милиони евра.

Богоев рече дека новиот систем за видеонадзор во секое време информира за фреквенцијата на граничните премини, кое возило со која регистарска табличка, боја и марка на возило влегло во земјава и како се движело низ граничните премини во одреден период, а исто така алармира и доколку некое лице се движи во недозволени области околу премините.

„Сите информации се внесуваат во податочен склад, при што, доколку понатаму е потребно да се извади статистика за движењето на одредено возило, за кое, на пример, има потерница, истите информации ни се достапни веднаш“, изјави директорот на Царинската управа, Стефан Богоев.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...