недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Стефан Богоев | 30 резултати

Потпишан последниот протокол за заеднички граничен премин со Албанија

јули 27, 2023

Директорите на Царинските управи на Македонија и Албанија, Стефан Богоев и Генти Гажели на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане го потпишаа последниот Протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји. Со потпишувањето на Протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цaел […]

Богоев седна во директорската фотелја во Царина

јуни 15, 2023

Во Царинската управа денеска беше извршено примопредавање на функцијата директор, каде новоназначениот директор Стефан Богоев официјално ја презеде должноста од неговата претходничка Славица Кутиров. Таа го информираше Богоев за делокругот на работа, како и за тековните и планираните проекти и активности на Царинската управа, а истовремено му посака успех во продолжување на мисијата за заштита […]

Богоев бара полициска контрола за справување со палењето на депонијата кај СЦ „Борис Трајковски“

септември 18, 2020

Со механизација и вонредни дежурства на комунални редари, Општина Карпош ќе ја расчистува депонијата кај Спортскиот центар „Борис Трајковски”, која изминатава недела гореше во два наврати. Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев информираше дека утринава се обратил и до СВР Скопје, од каде побарал зголемени полициски патроли на овој предел и за дежурства во текот […]

Адеми: Користете неформална едукација додека трае кризниот период

март 18, 2020

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска на прес-конференција заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ја посочи оваа локална самоуправа и училиштата под нејзина надлежност за пример кој треба да се следи од аспект на тоа како може да продолжи едукацијата на учениците додека училиштата се затворени. „Образовните установи да изнајдат начини […]

Во изолација децата на родители што биле на симпозиум со „корона директорката“

март 10, 2020

Тројца ученици од основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле, а чии родители биле на симпозиумот со директорката на Клиниката за кожни болести заразена со корона вирус, од денеска се во изолација. Информацијата за „Мета.мк“ ја потврди градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. Уште два ученика од ОУ „Братство и единство“ се во изолација. – Однесувањето на […]

Филипче: Новиот Клинички центар ќе се гради во Бардовци, потребни се околу седум години

март 9, 2018

Новиот Клинички центар ќе се гради во Бардовци во близина на Психијатриската болница, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Парцелата на која што ќе се гради новиот објект изнесува 84 хектари и е трипати поголема од местото каде што сега се наоѓа Клиничкиот центар. Првичните анализи покажуваат дека инвестицијата ќе чини 420 милиони евра. […]

Општина Карпош ќе ги запре градежните активности и ќе субвенционира маски

декември 15, 2017

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев најави дека ќе се запрат сите градежните активности кои произлегуваат од работењето на општината и се однесуваат на тековно одржување на улиците, тротоарите и слични градежни зафати кои ги реализира oпштината, поради загадениот воздух. – Во контекст на ова, бараме сите приватни инвеститори и изведувачи да го следат примерот на […]

Две градинки во Карпош ќе добијат три јонизатори на воздухот

ноември 30, 2017

Советниците од Општина Карпош на денешната седница на Советот, го поддржаа предлогот на градоначалникот Стефан Богоев, локалната самоуправа да им отстапи три јонизатори на воздухот на две градинки. Клонот на градинката „Орце Николов“ во Карпош 2 ќе добие еден, а клонот на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 ќе добие два јонизатори за воздух. Советниците […]

Богоев и Макрадули договориле дополнителни мерки против загадувањето во Карпош

ноември 22, 2017

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, денеска имал средба со заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, и со директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Мирослав Богдановски, на која било разговарано за дополнителни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во оваа општина. Како што се наведува во соопштението на Општина Карпош, […]

Им престана мандатот на пратениците што станаа градоначалници

ноември 1, 2017

Во експресното прво продолжение на 18. седница, прва по долгата пауза поради локалните избори, Собранието денеска констатираше дека им престанал мандатот на пратениците што беа избрани за градоначалници во првиот круг на локалните избори, односно на Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Максим Димитриевски и Коста Јаневски, но и на Бардиљ Даути од ДПА и на Зеќирија […]

Богоев му го честиташе поразот на Јакимовски и најави ревизија на финансиското работење

октомври 15, 2017

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Карпош, Стефан Богоев, вечерва изјави дека со задоволство му го честита поразот на неговиот противкандидат Стевчо Јакимовски, најавувајќи ревизија на финасиското работење на Општината. – Карпошани уште еднаш докажаа дека се авангардата во Скопје и во Македонија. Докажаа дека знаат достоинствено, чесно и културно да го поминат изборниот […]

Јакимовски му ја честиташе победата на Богоев во Карпош

октомври 15, 2017

Кандидатот за градоначалник на Карпош од Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), која е дел од Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски, му ја честиташе победата на неговиот противкандидат Стефан Богоев, кандидат на СДСМ. Јакимовски на прес-конференција изјави дека Богоев води убедливо. – Јас му го честитам изборот за градоначалник. Очигледно е дека граѓаните […]

Богоев: Јакимовски е корумпиран измеќар на Груевски и на Мијалков во Карпош

октомври 3, 2017

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Карпош, Стефан Богоев, рече дека Карпош веќе неколку години е киднапиран од лажни ветувања и од урбаната мафија, која од зелена оаза направила бетонски монструм. – Го гледам деновиве, еден од шефовите на урбаната мафија, Стевчо Јакимовски, вели „резултати, а не приказни“. И да знаете, во право е. […]

Шилегов и Богоев најавија нов градски парк на површина од 30 хектари во Карпош

септември 25, 2017

Овие локални избори се поинакви бидејќи граѓаните избираат нови политики кои носат изградба на инфраструктура по план, нови можности, чиста животна средина, повеќе пари кај граѓаните и живот за сите во Скопје, порача кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за медиуми. – За да ги оствариме тие цели, чекориме по неколку […]

Богоев ветува ревидирање на урбанистички планови во Карпош

септември 10, 2017

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, Стефан Богоев, денеска вети дека ќе се ревидираат сите урбанистички планови во општина Карпош. Тој не кажа дека ќе се прави ревизија на досегашнтие. – Вчера со граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4 се договоривме веднаш по преземањето на локалната власт во Општина Карпош, целосно и темелно да […]

Попис на зеленилото и негова заштита, вети Богоев во Карпош

септември 4, 2017

Додека граѓаните на Карпош дишат опасен воздух кој и не е доволно испитан, локалната власт, предводена од Стефчо Јакимовски и од ВМРО-ДПМНЕ, со години го игнорира овој огромен проблем во општината, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев, и кандидат за градоначалник на општината. – Граѓаните на Карпош се оставени сами на себе да се борат […]

Пратеникот Стефан Богоев ќе биде кандидат за градоначалник на СДСМ во Карпош

септември 2, 2017

Пратеникот Стефан Богоев и претседателот на Социјалдемократска младина на Македонија официјално ќе биде кандидат за градоначалник во општина Карпош на претстојните локални избори. Веста за кандидатурата на Богоев, на социјалната мрежа „Фејсбук“, ја сподели потпретседателот на СДММ, Дарко Каевски, кој неодамна беше назначен за в.д. директор на Агенцијата за млади и спорт. „Промените во Карпош […]

Богоев: Скандалозна е пресудата на “сваровски судиите“ за Урко

август 15, 2017

Скандалозна е пресудата со која поранешниот телохранител на Никола Груевски, Дејан Митревски – Урко е осуден на условна казна за сообраќајната несреќа во која загина момче, изјави денеска на прес-конференција Стефан Богоев, пратеник и претседател на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ). Според Богоев, ова е уште еден доказ дека „поданиците на поранешниот режим сè уште […]

Укинување на екстерното – прв предлог на СДСМ до Собранието

мај 18, 2017

Пратениците на СДСМ денеска до Собранието на Република Македонија ќе ги достават предлог-измените на Законите за основно и за средно образование за укинување на екстерното тестирање. Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) и пратеник во Собранието, Стефан Богоев, на прес-конференција истакна дека очекуваат измените на законите да бидат донесени по скратена постапка и со […]

Илија Димовски ја нападна агенцијата „Мета“ од собраниската говорница

март 28, 2017

На второто продолжение на конститутивната седница на Собранието, пратениците Стефан Богоев од СДСМ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ влегоа во дискусија во врска со анализа на новинската агенција „Мета“. Богоев од собраниската говорница рече дека за неговиот говор ќе се послужи со анализата на „Мета“ за промената во наративот на ВМРО-ДПМНЕ за платформата на албанските […]

Страна 1 од 2