среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Управен суд | 78 резултати

Поранешната претседателка Дамева со тужба и со кривична пријава за разрешувањето од Судскиот совет

19 мај 2023

Весна Дамева, поранешната претседателка на Судскиот совет која беше разрешена од функцијата на контроверзен начин, кој експертите го протолкуваа како незаконски, поднела тужба до Управниот суд и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за нејзиното разрешување. Во разговор со Порталб.мк, Дамева вели дека доколку институциите не утврдат одговорност во разумен рок, таа е подготвена во […]

За прв пат дојави за бомби испратени до Претседателот, до МВР, но и до медиуми

21 февруари 2023

Утринава дојава за поставени бомби е испратена до повеќе електронски адреси меѓу кои за прв пат и до Претседателот Стево Пендаровски, до Министерството за внатрешни работи (МВР), но и до два медиума: „ТВ Канал 5“ и „360 степени“, потврдија од МВР за Мета.мк.  „Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за […]

Екологистите бараат Вишиот управен суд да донесе одлука и да го затвори случајот со рудникот Иловица-Штука

26 мај 2022

Вишиот управен суд што побрзо да донесе одлука и конечно да го затвори случајот со рудникот Илoвица – Штука бараат еколошките активисти од југоистокот на земјава. Откако во март годинава беше објавена одлуката на Управниот суд со која се отфрли жалбата на компанијата „Еуромакс ресурсес“ и се потврди одземањето на концесијата, екологистите од Ново Село, […]

Управниот суд ги поништи изборните резултати од две избирачки места во Дебар и Шуто Оризари

25 октомври 2021

Тужбите на Алијансата на Албанците и Алтернатива за Дебар и на движењето Одлучно за промени за Шуто Оризари се прифатени од Управниот суд, што значи дека во недела во овие две општини ќе има прегласување за првиот круг на по едно избирачко место. Во општина Дебар, поништени се резултатите за избирачкото место бр.0543 за гласањето […]

Вишиот Управен суд ја потврди одлуката на Управниот суд за рудникот Иловица-Штука, екологистите најавуваат масовни протести

5 декември 2020

Вишиот Управен суд ги отфрлил жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“, во случајот рудник Иловица-Штука, како недозволени. Со тоа ја потврдил одлуката на Управниот суд и предметот повторно се враќа во Второстепената комисија. Образложението за одлуката на Вишиот суд е дека Законот за управни […]

Вишиот Управен суд донесе одлука за рудникот Иловица-Штука, но не се знае што пресудил

5 декември 2020

Вишиот Управен суд донесе одлука во предметот за рудникот Иловица-Штука, но нејзината содржина останува непозната за јавноста. Одлуката, како што потврдија од оваа институција за Мета, е донесена на 20 ноември. Сепак, таа сè уште не е објавена на веб страната на судот, каде што се објавуваат сите одлуки на оваа институција. Од Судот не […]

И оваа грејна сезона БЕГ, а не Град Скопје, ќе ги снабдува скопјани со топлинска енергија

10 септември 2020

На прагот и на претстојнава грејна сезона, нема да се реализира најавеното преземање на топловодната мрежа од страна на Град Скопје од сегашниот снабдувач „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ“ (ДТБЕ), за што Градот чека судска разрешница. Сè уште остануваат низа правни лавиринти на релацијата меѓу Град Скопје, Регулаторната комисија за енергетика и Управниот суд, […]

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд

8 септември 2020

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд. Жалбите на канадската компанија „Еуромакс ресурсис“ и Второстепената државна комисија за управни спорови за одлуката на Управниот суд, со која тој ја поништи одлуката за раскинување на договорот за концесија со „Еуромакс“, беа поднесени во јули, но предметот […]

Управниот суд ги одби сите 185 тужби што политичките партии ги поднесоа за изборите

24 јули 2020

Управниот суд ги одби сите 185 тужби што политичките партии ги поднесоа за изборите и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија (ДИК). По изготвување на одлуките, тие јавно ќе бидат објавени на веб-страната на Управниот суд. „Денешните јавни расправи по поднесените тужби од политичките партии: ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција Обнова на Македонија, Единствена Македонија и […]

ДИК ги отфрли сите приговори на партиите, најави за тужби до Управен суд

20 јули 2020

Државната изборна комисија (ДИК), вчера ги отфрли сите 2.141 приговори поднесени од партиите во врска со предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули. Левица поднесе 1.982 приговори, но ДИК најголемиот дел од нив ги отфрли бидејќи немале потпис и печат. Лидерот на партијата Димитар Апасиев, на неговиот фејсбук-профил најави поднесување тужби пред Управниот […]

Управниот суд сè уште не донел одлука за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

8 јули 2020

Управниот суд сè уште нема донесено пресуда за тоа кој ќе управува со дистрибутивната мрежа на топлинска енергија во главниот град во иднина. АД Градски енергетски системи (ГЕС) на 3 декември 2019 година поднесе тужба против Решението на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за прекин на постапката за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска […]

„Здрава Котлина“ утре ќе организира протест против одлуката на Управниот суд за Иловица

19 јуни 2020

Граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на рудникот Иловица во струмичкиот регион најавуваат протести, откако Управниот суд преку одлука за време на вонредна состојба ја врати можноста „Еуромакс Ресорсис“ сепак да го гради рудникот во близина на струмичките села Иловица и Штука. Во сабота, 20 јуни, со почеток во 11 часот ќе го организираат […]

Владата сè уште не ја добила пресудата на Управниот суд за рудникот во Иловица

20 мај 2020

Владата сè уште не ја добила пресудата на Управниот суд со која се уважува тужбата на поранешниот концесионер на рудниците во Иловица и Штука иако таа е донесена на крајот на март. „До Владата на Република Северна Македонија не е пристигнат никаков официјален документ за донесена пресуда од Управниот суд во полза на поранешниот концесионер […]

Тужбата од Еуромакс била од итен карактер па Управниот суд одлучувал за време на вонредна состојба

16 мај 2020

Управниот суд во Скопје смета дека тужбата на поранешниот концесионер за рудниците за злато и бакар во Иловица и Штука, „Еуромакс Рисоурсес“ била „од итен карактер“ па затоа по тој предмет требало да се решава за време на вондредна состојба. Иако судот вели дека ваквата одлука е уредно доставена до сите странки, од Министерството за […]

Лани имало 2.000 нови приклучоци на парно во Скопје, но нема развој на дистрибутивната мрежа

6 мај 2020

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) лани регистрирала 2.000 нови приклучоци во трите системи за снабдување со топлинска енергија во Скопје. Според Годишниот извештај за работењето на РКЕ во 2019 година, бројот на потрошувачи на топлинска енергија се зголемил на 57.517, од кои над 53.000 се приклучени на системот на БЕГ. Станува збор за рекорден број […]

Уште се чека на Управниот суд да пресече кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

11 април 2020

Уште една грејна сезона помина во Скопје, а прашањето за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во главниот град во иднина останува отворено. Сè уште се чека донесувањето на пресудата на Управниот суд во однос на тужбата што ја поднесе АД Градски енергетски ресурси (ГЕС) на почетокот од декември минатата година, против Решението на […]

Четири телевизии ја тужат ДИК, незадоволни од цената за платено политичко рекламирање

10 март 2020

Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма поднесоа тужба за поведување на управен спор против Државната изборна комисија (ДИК) пред Управниот суд поради одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање за последните пет изборни циклуси. Македонските национални телевизии се незадоволни од цената по која ќе треба да ги емитуваат […]

Годишно во Управниот суд и во второстепените комисии се постапува по 100.000 предмети

28 декември 2017

Според проценките, во државата има околу 100.000 предмети годишно по кои се постапува врз основа на некакво управно или административно барање на граѓаните до одредени институции. Против овие решенија се поднесуваат просечно околу 12-13.000 жалби, се вели во извештајот за работата на второстепените комисии и управните судови кој го подготви професорот на Правниот факултет, Драган […]

Апелација денеска ќе ја соопшти одлуката дали „бомбите“ за „Титаник 2“ ќе станат докази

22 ноември 2017

Апелацискиот суд Скопје денеска треба да ја соопшти одлуката дали „бомбите“ ќе се користат како докази во предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изборни нерегуларности „Титаник 2“. На јавна седница во скопскиот Апелациски суд, СЈО ги изнесуваше своите аргументи зошто снимките од прислушуваните разговори треба да бидат вклучени како докази во „Титаник 2“. Станува […]

Денеска е изборен молк – утре се прегласува на гласачко место во Чаир

11 ноември 2017

Од синоќа од полноќ почна изборниот молк поради утрешното прегласување во избирачкото место 2901 во општина Чаир. Тоа е единственото место на кое се прегласува по вториот круг од локалните избори. Политичките партии по вториот круг од локалните избори, одржани на 29 октомври поднесоа 16 тужби, но Управниот суд отфрли 15 од нив, а ја […]

Страна 1 од 4