fbpx

Киев е под ракетен напад, во Харков загина жена, а над 40 луѓе се повредени

Градоначалникот Виталиј Кличко вели дека струјата е исклучена во неколку области на главниот град. „Киев – останете во засолништа. Многу проектили се движат во ваша насока“, соопштија воздухопловните сили на Телеграм

-

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека повеќе проектили биле испукани кон Киев рано утринава, набрзо откако националните воздушни тревоги беа подигнати поради закана од руски бомбардирања, пренесува Гардијан, повикувајќи се на светските новински агенции.

Серија од повеќе од 10 силни експлозии слушнале новинарите на агенцијата Франс прес утринава во Киев, додека зградите во центарот се треселе.

Воената управа на градот соопштила дека делови од соборените ракети паднале во неколку области, вклучително и на станбени згради. Градоначалникот Виталиј Кличко вели дека струјата е исклучена во неколку области на главниот град.

„Киев – останете во засолништа. Многу проектили се движат во ваша насока“, соопштија од воздухопловните сили на Телеграм.

Напади има и североисточниот град Харков, изјави шефот на воената администрација Олег Синегубов. Агенцијата Укринформ известува дека загинала жена, а 41 лица се повредени во рускиот ракетен напад. Ова го изјавил гувернерот на регионот Харков, Олех Синиехубов, во објава на Телеграм.

„Медицинските лица им пружаат помош на 22 ранети. Шеснаесет лица се хоспитализирани. Службите продолжуваат да ги елиминираат последиците од непријателските напади“, се вели во објавата.

Во квартот Печерск во Киев, погоден бил покривот на деветкатница и уште една катна зграда, соопшти воената администрација. Пожари избувнале во супермаркет и во магацин, изјавил градоначалникот на Печерск.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.