понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ракетни напади | 54 резултати

Израел го нападна штабот на сириската војска во Дамаск

јули 16, 2025

Израел го бомбардираше влезот на сирискиот воен штаб во Дамаск во среда, во значајна ескалација на својата кампања на воздушни напади во соседната земја, пренесува Фајненшл Тајмс. Израелската војска, исто така, изврши напади во јужна Сирија, каде што насилството меѓу милитантите од Друзите и бедуинските племиња се разгоре во последните денови, при што загинаа десетици […]

Иран испали ракети врз американската база во Катар како одмазда за бомбардирањето на нуклеарните постројки

јуни 23, 2025

Експлозии беа пријавени околу главниот град на Катар, Доха, откако Техеран објави дека започнал ракетен напад врз американските бази во таа земја од Персискиот Залив и во Ирак, како одмазда за учеството на САД во израелската бомбардирачка кампања против Иран претходниот ден, пренесува Гардијан. Нападите следеа по бранот ракетни напади меѓу Израел и Иран, при […]

Бројот на загинати во вчерашните руски напади врз Украина се искачи на 18

јануари 24, 2024

Осумнаесет лица загинаа, а 130 се повредени во руските ракетни напади врз украинските градови што се случија вчера, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, а пренесува Би-би-си. Тој рече дека 139 куќи се оштетени, а бројот на жртви може да се зголеми бидејќи повеќе луѓе може да останат заробени под урнатините. Официјални лица во вториот по […]

Украинското МНР бара помош од меѓународната заедница по интензивните руски напади врз цивилни објекти

јануари 2, 2024

Ноќта на 2 јануари, Руската Федерација изврши уште еден масoвен ракетен напад врз украинските градови. Непријателот лансираше десетици ударни беспилотни летала, крстосувачки и аеробалистички ракети врз Кијив, Харкив, Миколајив, Кропивницкиј и други населени области, објави денеска Министерството за надворешни работи на Украина, а пренесе украинската амбасада во земјава. Од украинското МНР велат дека во Кијив […]

Киев е под ракетен напад, во Харков загина жена, а над 40 луѓе се повредени

јануари 2, 2024

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека повеќе проектили биле испукани кон Киев рано утринава, набрзо откако националните воздушни тревоги беа подигнати поради закана од руски бомбардирања, пренесува Гардијан, повикувајќи се на светските новински агенции. Серија од повеќе од 10 силни експлозии слушнале новинарите на агенцијата Франс прес утринава во Киев, додека зградите во центарот се […]

Зеленски не ги убеди Републиканците за дополнителна помош од САД, во Кијив напади

декември 13, 2023

Третата посета на Вашингтон на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше обоена во очај. На овој начин Би-би-си го започнува текстот за посетата на Зеленски, која претставува последен обид да се добие нова воена помош од американскиот Конгрес, пред да секнат досега одобрените средства за Украина од САД. Украинскиот претседател е очаен бидејќи судбината на неговата […]

Кијив и околината на Москва повторно цел на напади

ноември 11, 2023

Руските сили го нападнаа главниот град на Украина, Кијив, во текот на ноќта, а воздушни напади напади имаше и во источниот и јжниот дел на Украина. Руските власти, пак, соопштија за напади врз области околу главниот град на Русија, Москва и околу западниот руски град Смоленск, јавија новинските агенции. Балистичка ракета Искандер-М била соборена од […]

Администрацијата на Бајден не дава воена помош за Хамас

октомври 20, 2023

САД и администрацијата на Бајден не го финансираат Хамас. САД испраќаат хуманитарна помош за цивилите во Газа, но таа не оди за терористичката организација која има повеќе финансиери, меѓу кои главниот е Иран. САД ја прогласи Хамас за терористичка организација и ги гони своите државјани или постојани жители кои ја финансираат оваа милитантна група, пишува […]

Израел кажа дека „ја затнал“ границата со Газа, воздушните напади продолжуваат

октомври 10, 2023

Израел посочи дека целосно ја обезбедува границата со Газа, откако милитанти од палестинското движење Хамас, кое ја почна најновата војна со Израел во саботата, истиот ден ја пробија граничната бариера на повеќе места, известува Би-би-си. Денеска се очекува голем копнен напад на израелските сили во Газа. Според истиот извор, во текот на изминатото деноноќие немало […]

Бајден: Поддршката за Израел е непоколеблива, граѓаните имаат право да се бранат

октомври 7, 2023

Најмалку 200 луѓе се убиени во Израел откако милитантите на Хамас извршија ненадеен напад врз земјата утрово, информира израелската служба за итни случаи за спасување, пренесе Си-Ен-Ен. Дополнително, израелското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 1.452 лица се ранети. Американскиот претседател денеска од Белата куќа изјави дека поддршката на САД за Израел е непоколеблива и цврста. […]

Украина тврди дека освоила нафтени платформи во Црно Море што ги изгубила во 2015 година

септември 12, 2023

Украинската војска вчера се пофали дека освоила стратешки важни платформи за црпење нафта и гас од Русија. Станува збор за платформите „Бојко“ во Црно Море, што Русија ги презеде во 2015 година, по анексијата на Крим, јави новинската агенција „Асошиејтид Прес“. Русија ги користела нафтените платформи како морски хелиодроми, соопшти украинското Министерство за одбрана, порачувајќи […]

САД: Украина „ефикасно“ користи касетни бомби

јули 21, 2023

Белата куќа потврди дека Украина користи американски касетни бомби против руските сили во земјата. Портпаролот за национална безбедност на САД, Џон Кирби рече дека првичните повратни информации укажувале оти касетните бомби се користат „ефикасно“ врз руските одбранбени позиции и операции, пренесува Би-би-си. Касетните бомби се распрскувачки бомби кои се забранети во повеќе од 100 држави, […]

Во Хаг почнува со работа Меѓународниот центар за истрага на војната во Украина

јули 3, 2023

Денеска во Хаг се отвора Меѓународна канцеларија за истрага на руската инвазија врз Украина, како прв чекор кон можен суд за раководството во Москва, јавува „Гардијан“. Во Меѓународниот центар за гонење на криминалот за агресијата учествуваат обвинители од Украина, ЕУ, САД и Меѓународниот кривичен суд, објави агенцијата Франс-прес. Центарот ќе истражува и ќе собира докази, […]

Прекинати антитерористичките мерки во Москва, Шојгу за првпат во јавноста по бунтот на Вагнер

јуни 26, 2023

Градоначалникот на Москва ги укина „антитерористичките“ безбедносни мерки што ги воведе во текот на изминатиот викенд, кога силите на Вагнер се заканија оти ќе упаднат во градот. Сергеј Собјанин ја објавил одлуката на Телеграм, заблагодарувајќи им се на жителите за „смиреноста и разбирањето“, пренесува Би-би-си. Ројтерс објави дека рускиот национален антитерористички комитет, во посебна објава […]

Во Украина се водат жестоки битки, на припадници на баталјонот Азов им се суди во Русија

јуни 15, 2023

Исклучително жестоки битки се водат во делови на Украина додека силите на Кијив продолжуваат со контраофанзивата, изјави украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар. Како што пренесува Би-Би-Си, Малиар на Телеграм напишала дека украинските сили успеале да напредуваат во близина на Бахмут на исток и Запорижја на југ. Таа, исто така, признава дека руските сили имаат […]

СЗО предупреди на епидемија на колера во поплавените делови од Украина

јуни 9, 2023

Најмалку едно лице загинало, а неколку се ранети во руските воздушни напади врз Украина што се случиле во текот на изминатава ноќ, информираа украинските власти, а пренесува Укринформ. Еден цивил е убиен, а тројца се ранети во градот Звјахел во регионот Житомир. Според првичните информации, уништени се шест згради, а уште десетици се оштетени. Украинската […]

Зеленски: Подготвени сме за контраофанзива, но таа ќе има висока цена

јуни 3, 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изразил увереност дека Украина е подготвена за контраофанзива, но нагласил дека процесот ќе трае и ќе носи висока цена, пренесува Укринформ. Во интервју за „Вол Стрит Џурнал“ Зеленски сепак искажал и убеденост дека контраофанзивата ќе биде успешно. „Цврсто веруваме дека ќе успееме. Не знам колку долго оваа контраофанзива ќе трат. Да […]

Украина тврди дека го враќа теренот во Бахмут, Зеленски во посета на Италија

мај 13, 2023

Украина вели дека го вратила теренот во Бахмут, што претставува редок напредок по неколкумесечните успешни руски офанзиви во овој источноукраински град. Би-би-си пишува дека, според властите во Кијив, украинските сили напредувале 2 километра за една недела. Русија, пак, соопшти дека нејзините трупи се „прегрупирале“ во една област. Тврдењата сигнализираат промена на ситуацијата во Бахмут, но […]

Во најновите руски ракетни и артилериски напади врз Украина, 26 загинати, меѓу кои и три деца

мај 1, 2023

Русија утрово изврши серија ракетни и артилериски напади врз Украина, вторпат во последните три дена. Едно лице загина во регионот Херсон, а 25, меѓу кои и три деца, се повредени во Днепропетровск. Вооружените сили на Украина соопштија дека 15 од 18 истрелани проектили биле пресретнати од воздушната одбрана на земјата. Една од главните цели, како […]

Британско разузнавање: Русија ја менува стратегијата за ракетните напади во Украина

април 29, 2023

Најновите руски ракетни напади во Украина, во кои според досега познатото, има најмалку 25 загинати цивили, зборува за нова и побескрупулозна стратегија на напади, смета британското воено разузнавање, изнесувајќи ги своите заклучоци на Твитер. „Нападот вклучуваше помалку ракети во однос на нападите во текот на зимата и е малку веројатно дека за цел ја имал […]

Страна 1 од 3