Британско разузнавање: Русија ја менува стратегијата за ракетните напади во Украина

Извор на фотографија: Генералштаб на украинската војска

Најновите руски ракетни напади во Украина, во кои според досега познатото, има најмалку 25 загинати цивили, зборува за нова и побескрупулозна стратегија на напади, смета британското воено разузнавање, изнесувајќи ги своите заклучоци на Твитер.

„Нападот вклучуваше помалку ракети во однос на нападите во текот на зимата и е малку веројатно дека за цел ја имал украинската енергетска инфраструктура“, пишува британското министерство за одбрана на Твитер.

Постои и одредена веројатност Русија да сака да ги уништи украинските складови за храна, како и неодамна пристигнатите воени материјали и техника. Со тоа Русрија извршила „неефикасен процес на одредување цели и го претпочитала тоа што го смета за неопходно, меѓу кои и смртта на цивили“, стои во оценката на британското воено разузнавање.

Сега се користат најмногу нискодострелни ракети од почетокот на март, што покажува дека Русија се откажува од користењето ракети со долг дострел.

Украинската армија соопшти дека во текот на ношта врз Украина биле истрелани 23 ракети, а 21 од нив и два дрона биле соборени.

Во централниот град Уман се погодени 10 станбени згради, а во градот Днипро, на истокот, загинале жена и дете.