недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ракетирање | 108 резултати

Израелските сили во центарот на Газа, жителите чекаат прекин на огнот

ноември 10, 2023

Војници на израелските сили утринава ја опкружуваат болницата Ал Шифа во центарот на Газа, додека се водат интензивни борби со борците на Хамас во нејзината околина. Илјадници жители на Газа, заедно со локални новинари, се наоѓаат во болницата, пишува Би-би-си. Би-би-си пренесува дека на социјалните мрежи може да се видат видеа, на кои се гледаат […]

Жестоки борби меѓу украинските и руските сили кај градот Авдивка

октомври 25, 2023

Руските и украинските сили водат жестоки борби во околината на градот Авдивка во Донецкиот регион, пренесува весникот Гардијан. Русија се обиде да отпочне офанзива за обиколување на овој град во близина на Донецк, но засега претрпува големи загуби. Поради тоа, Русија сега применува и силни воздушни напади на Авдивка. Украинскиот генералштаб информираше дека само во […]

Шарл Мишел: Украина би можела да стане членка на ЕУ до 2030 година

октомври 4, 2023

Украина би можела да стане членка на ЕУ во 2030 година, ако сите услови за тоа бидат исполнети, порача претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел во интервју за германски „Шпигел“. „Украина може да стане членка на ЕУ во 2030 година, ако двете страни си ја сработат домашната задача“, вели Мишел, одговарајќи на прашањето дали мислел […]

Украина денеска повторно го ракетираше градот Севастопољ на Крим

септември 23, 2023

Украинските вооружени сили утрово извршиле уште едеен напад на градот Севастопољ на полуостровот Крим што Русија го анектираше пред 8 години, јави новинската агенција „Асошиејтид Прес“. Нападот доаѓа еден ден откако претходно Украина го нападна штабот на руската Црноморска флота, по што, според руски извори, еден припадник на руските сили е исчезнат а главниот објект […]

САД со нова воена помош за Украина во висина од 325 милиони долари

септември 22, 2023

„Доколку не добиеме помош, ќе ја загубиме војната“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на САД. Американските власти одлучија на Украина да ѝ доделат нова воена помош во висина од 325 милиони долари, пренесува Гардијан. Сепак, како што пишува британскиот весник, се поставуваат и прашања за текот на американските долари кон Украина, […]

Украина втор ден по ред со дронови го нападна окупираниот Крим

септември 14, 2023

Украинските власти тврдат дека уништиле руски систем за противвоздушна одбрана во близина на градот Јевпаторија на окупираниот полуостров Крим, пренесува Гардијан. Нападот бил извршен со дрон во текот на изминатава ноќ од страна на безбедносните служби на Украина. Русија пак претходно соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 11 дронови над полуостровот Крим, којшто Русија го […]

Украинските сили напредуваат кон Новопрокопивка, соборен дрон над Москва

август 31, 2023

Откако го освоија селото Роботине пред неколку дена, украинските сили напредуваат кон селото Новопрокопивка во регионот Запорижја, информираа од украинскиот Генералштаб. Тие се движат во правец кон Мелитопол, а крајната цел на украинските сили е да се пробијат кон Азовското море, пренесува Гардијан. Од друга страна, украинскиот Генералштаб информира дека Русија концентрирала 110.000 војници во […]

Жестоки ракетни напади врз Кијив и врз шест руски региони

август 30, 2023

Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени како резултат на рускиот напад врз Кијив што се случи изминатава ноќ, јавува Гардијан. Станува збор за еден од најжестоките напади врз украинскиот главен град од пролетта. Во Кијив и околниот регион се оштетени куќи, станбени и други објекти, при што е предизвикана и голема материјална штета. […]

Украинските сили напредуваат, руските единици повторно напаѓаа цивилни цели

август 17, 2023

Во текот на изминатото деноноќие во Украина се воделе 20 битки меѓу украинските одбранбени сили и руските инвазиски сили, а офанзивата на вооружените сили на Украина на југот на земјата продолжува, соопшти утрово Генералштабот, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Одбранбените сили на Украина продолжуваат со офанзивата кај Мелитопол и Берѓанск, при што успешно ги […]

Масовни ракетни напади на Русија врз западна Украина, загинаа најмалку три лица

август 15, 2023

Русија изврши масовни ракетни напади врз западните делови на Украина, во кои животот го загинаа најмалку три лица, пренесува Гардијан. Погодени се објекти во регионите Лвив и Волин, кои граничат со Полска. Најмалку три лица загинаа во Луцк и неколку се повредени откако руска ракета погоди комерцијален објект во овој град кој е административен центар […]

Руско ракетирање врз Херсон и Одеса, десетина загинати и повредени цивили

август 14, 2023

Најмалку седум загинати лица во Херсон и тројца повредени во Одеса е билансот на руските ракетни напади од изминатово деноноќие, јавува Гардијан. Во Одеса биле погодени супермаркет, образовна институција и станбена зграда во центарот на градот, а гувернерот на регионот Одеса, Олег Кипер изјави дека украинската противвоздушна одбрана успеала да пресретне 15 камикази дронови и […]

Три лица загинаа, а девет се повредени во рускиот ракетен напад врз Запорижја

август 10, 2023

Русија изврши нов ракетен напад врз градот Запорижја, во кој животот го загубија најмалку три лица, а девет се повредени, јавува Укринформ. Меѓу повредените е и 11-месечно бебе. Руските ракети завршиле во станбен кварт во Запорижја, а како резултат на ракетирањето имало и пожар во погодените објекти. Покрај станбени згради, погодени се и продавници и […]

Руски ракети погодија станбена зграда во Покровск, загинаа најмалку осум лица

август 8, 2023

Најмалку осум лица загинаа во најновиот руски ракетен напад, во којшто во изминатава ноќ беше погодена станбена зграда во градот Покровск во Донецкиот регион, јавува Гардијан. Украинските спасувачки тимови се на терен и работат на пронаоѓање преживеани лица под урнатините на петкатниот објект. Украинскиот претседател Володимир Зеленски информираше дека во ракетниот напад е погоден цивилен […]

Русија го гранатираше украинското пристаниште во Измаил на границата со Романија

август 2, 2023

Руските сили извршија ново опасно бомбардирање на украинското пристаниште Измаил во непосредна близина на границата со Романија. Во напад со дрон се уништени силоси со жито и пристанишна инфраструктура во градот кој се наоѓа на реката Дунав, на крајниот југозапад на Украина, јавува Би-би-си. Романските медиуми пренесуваат дека во рускиот напад е погодено пристаништето во […]

Руски ракети погодија станбена зграда во Криви Рих – има загинати и повредени лица

јули 31, 2023

Руската воена агресија во Украина продолжува со ненамалено темпо. Утрово во руски ракетни напади биле погодени станбени објекти, универзитска зграда и други објекти, а најголеми штети се предизвикани во градот Криви Рих во централниот дел на Украина, пишува Гардијан. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм објави видео од ракетниот напад врз станбена зграда во Криви […]

Бројот на загинати во Лвив се искачи на 10, двајца загинаа од руски дрон во Днипропетровск

јули 7, 2023

Расте бројот на загинати лица по вчерашниот ракетен напад што го изврши Русија врз станбена зграда во Лвив, во крајниот западен дел на Украина. Властите соопштија дека 10 лица загинале во нападот, а 42 се повредени, пренесува весникот Гардијан. Рускиот напад со ракета „Калибр“ се случи вчерашниот ден, а беше истрелана од Црното Море. Украинските […]

Најмалку четири цивили загинаа во рускиот ракетен напад врз Лвив

јули 6, 2023

Рускиот ракетен напад врз станбена зграда во Лвив уби најмалку четворица цивили, а уште 32 лица се повредени, пренесува Би-би-си. Градоначалникот на Лвив, Андриј Садовиј информира дека сериозни оштетувања претрпеле најмалку 60 домови, а неколку покриви на згради биле уништени. Училиште и студентски дом биле исто така оштетени во рускиот напад врз градот лоциран во […]

Руски ракети завршија во ресторан во Краматорск – 8 загинати и 60 повредени цивили

јуни 28, 2023

Најмалку 8 цивили загинаа, а 60 се повредени од рускиот ракетен напад врз ресторан во центарот на градот Краматорск во Донецкиот регион, јавува Укринформ. Меѓу загинатите лица, се и тројца тинејџери, една девојка на 17-годишна возраст и две сестри на возраст од 14 години. Како што информира украинското јавно обвинителство, ресторанот во Краматорск бил погоден […]

Русија со нови напади врз Украина, има загинати и повредени цивили

јуни 2, 2023

Во најновиот руски воздушен напад врз Украина биле употребени 15 крстосувачки ракети и 21 камиказе-дронови, информираат украинските вооружени сили. Сите се уништени од украинската противвоздушна одбрана, но остатоците од ракета повредиле две лица во Кијивскиот регион, а оштетени биле автомобили и куќи, пренесува Гардијан. Покрај нападите од воздух, руските сили изминатово деноноќие продолжиле и со […]

Бахмут е украински град, Русија го нападна, не го ослободи

мај 29, 2023

Бахмут е украински град и тој не може да биде ослободен од Русите, како што се тврди во постот. Русија го нападна Бахмут и целосно го уништи. Тоа што Русија тврди дека овој град е нејзин, е спротивно на реалноста.  Според Киев, дел од Бахмут сè уште е под контрола на Украина, пишува „Вистиномер“ во […]

Страна 1 од 6