fbpx
Таг: ракетни напади

таг: ракетни напади

Најмалку девет цивили загинаа во најновите руски напади врз Украина

Русија изминатово деноноќие изврши нови напади врз Украина, во кои животот го загубија најмалку девет цивили во различни украински региони. Најмалку шест цивили загинаа, а пет лица се ранети како последица на руските воени дејствија во Донецкиот регион, јавува Укринформ. Пет лица загинале во градот Константиновка при руски ракетен напад врз зграда, а едно лице го изгубило животот во...

Зеленски ги посети војниците на фронтот кај Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги посети војниците на линијата на фронтот во Бахмут, каде што борбите беснеат со месеци. Уништениот град долго време беше фокусна точка на војната, додека руските сили се обидуваат да ја оживеат својата воена кампања на исток, пренесе Би-би-си. Неговата посета дојде кога руските сили започнаа серија напади врз украинските градови, во кои најмалку осум...

Украинските вооружени сили одвратиле 92 руски напади вчера

Вкупно 92 руски напади се одвратени во пет области во Украина вчера, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина во својот утрински брифинг, пренесува британски „Гардијан“. Руските сили ги концентрираат своите напори на офанзиви кон Бахмут, Лиман, Авдиивка, Мариинка и Шахтарска, во областа Донецк. Во текот на изминатите 24 часа, руските сили лансирале пет ракети врз градот Запорижја, а извршиле и...

Во Украина се интензивираат воените дејствија, расте бројот на загинати цивили

Десетици илјади руски војници се стационирале во Луханскиот регион во изминативе недели, со кои Русија сака да започне нова воена офанзива, пренесува Укринформ. Руските сили во изминативе денови ги засилија операциите во близина на градовите Кремина и Билохоривка, а гувернерот на Луханскиот регион Серхиј Гајдај вели дека плановите на Русија се да ја исцрпи Украина на фронтот. Гајдај додава...

Нови ракетни напади врз цивилни објекти во Украина, пријавени загинати и повредени лица

Меѓусебни обвинувања на Украина и Русија за новите ракетни напади врз цивилни објекти во Украина, кои предизвикаа десетина загинати и повредени лица. Најмалку четири цивили загинаа, а 17 лица се повредени во руските ракетни напади во изминатово деноноќие врз населени места во Донецкиот регион, пренесува Укринформ. Најжесток бил нападот врз Костјантиновка, каде тројца цивили загинале од руските ракети. Руските власти...

Најмалку 18 лица загинале, меѓу кои и украинскиот министер за внатрешни работи, во хеликоптерска несреќа кај Кијив

Најмалку 18 лица загинаа во хеликоптерската несреќа што се случи утрово во градот Бровари, во Кијивскиот регион, пренесуваат светските медиуми. Си-ен-ен јавува дека меѓу загинатите се тројца високи украински функционери, меѓу кои е и украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски. Шефот на украинската полиција, Игор Клименко потврдил дека меѓу загинатите е и првиот заменик-министер и државниот секретар во...

Русија предновогодишно сака да ја остави Украина без струја, лансираше 120 ракети

Над 120 проектили истрела Русија кон Украина утрово, во нов ракетен напад кој ги остави без струја поголемите градови низ земјата. Речиси 90 отсто од жителите во градот Лвив на западот на Украина и околу 40 отсто од главниот град Кијив се оставени без струја по руските напади врз енергетската мрежа. Пријавени се најмалку три повредени лица во украинскиот главен...

Русија повторно го нападна Кијив со дронови

Украинскиот главен град Кијив и неговата околина изминатава ноќ беа повторно нападнати од руски дронови, при што е погодена критичната цивилна инфраструктура, јавува Укринформ. Кијивскиот градоначалник Витали Кличко информира дека инжинерски тимови работат на брза стабилизација на ситуацијата со снабдувањето со струја и греење на граѓаните. Без струја се оставени граѓани од Кијив и Кијивскиот регион како резултат на...

Русија изврши уште еден голем напад врз Украина, парни локомотиви во функција поради недостиг на струја

Украинските власти јавија за експлозии во најмалку три градови во земјата, објаснувајќи дека руските агресорски сили почнале голем ракетен напад на енергетски постројки и на инфраструктура, јави новинската агенција „Асошиејтид Прес“ (АП). Поради недостиг на струја, на шините сообраќаат и парни локомотиви, за возовите да продолжат да сообраќаат. Според објавеното на социјалните мрежи, експлозии имало во главниот град Кијив, во...

Од денеска ограничена цената на руската нафта, во Украина и понатаму се гине

Ограничувањето на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат денеска стапува на сила, пишува весникот Гардијан. Ваквата мерка против Москва е договорена од земјите на Г-7, а целта е да се намалат приходите на Кремљ од фосилните горива и да се ограничи способноста на Москва да ја финансира војната во Украина. Обединетото Кралство, Јапонија, Германија, Италија, Франција,...

Шест милиони Украинци без струја на првиот зимски ден

Речиси шест милиони луѓе во повеќе региони во Украина немаат струја на првиот официјален ден од зимата која во оваа земја започнува денеска, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украинската државна служба за вонредни состојби извести дека девет лица загинале во пожари, поради прекршување на безбедносните правила во обид да ги загреат своите домови, по руските напади врз електроенергетските постројки. што...

Бајден: Малку е веројатно проектилот што падна во Полска да е истрелан од Русија

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека мала е веројатноста проектилот што експлодираше на територијата на Полска да е истрелан од Русија, јавува Асошиејтед прес. Русија вчера со ракети повторно ја нападна Украина, но еден проектил заврши во полското село Пржеводов и уби две лица. Полска е земја-членка на НАТО. „Малку е веројатно во линиите на траекторијата дека е истрелан...

Зеленски ја обвини Русија за енергетски тероризам

Руските напади врз енергетската мрежа на Украина оставија 4,5 милиони луѓе без електрична енергија, заради што украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва за енергетски тероризам. Во последните неколку недели Русија изврши големи ракетни напади врз украинските електроенергетски постројки, откако официјални лица соопштија дека руските трупи најверојатно ќе се повлечат од клучниот јужен град Керсон. По овие најави во последните...

Здружението Лесја Украинка ќе протестира во Скопје по руските гранатирања на украински градови

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ за денеска најави протестен митинг против денешните руски гранатирања на украински градови. Протестот ќе почне во 18 часот, пред Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. Пред граѓаните кои ќе дојдат на протестот ќе се обрати претседателот на „Лесја Украинка“, Олександар Урбанович. По денешните разорни напади, Твитер со свој пост реагираше и амбасадорката...

Русија со ракетни напади врз Кијив, има повредени и загинати лица

Серија од експлозии го погодија украинскиот главен град Кијив, а руски напади се регистрирани и во други градови низ Украина, јавува Би-би-си. Дел од експлозиите утрово се случија во центарот на Кијив, при што се регистрирани неколку загинати и повредени лица. Украинските власти соопштија дека Кијив е нападнат во неколку наврати утрово и ги советуваа граѓаните да останат во засолниште,...

Жестоки напади во Украина, на југот украинските сили напредуваат

Вчерашното попладне, делумно ноќеска и претпладнево во Украина повеќе градови и региони беа цел на напади со ракети и дронови, но украинските вооружени сили сепак остваруваат напредок на југот на земјата, според кажаното од претседателот на Украина, Володимир Зеленски во ноќното обраќање. Руските сили вчеравечер извршиле голем артилериски и ракетен напад на населеното место Березнехувате во регионот Миколаив со две...

Според украинскиот Генералштаб, Русите изгонети од 20 населени места во последниве 24 часа

Украинските одбранбени сили успеале во изминативе 24 часа да ги изгонат руските воени сили од повеќе од 20 населени места, пренесува украинската новинска агенција ukrinform.net повикувајќи се на Генералштабот на вооружените сили на Украина. Руските сили ги концентрираат своите напори на воспоставување контрола врз територија во регионот Донецк, задржувајќи ја контролата на територии што ги држат и одговарајќи на офанзивата...

Низа жестоки напади од Русите во Украина, во Миколаив употребени ракети С-300

Во текот на изминатава ноќ, украинскиот град Миколаив беше гаѓан од руските сили со ракети С-300, од кои најголем дел паднале во индустриски комплекс на периферијата на градот. Претходно, Миколаив беше и гранатиран, а од нападите на Русите, во градот избија и четири пожари, извести украинската новинска агенција Укринформ. Како што извести Подрачната единица во Миколаив на Државната служба за...

Зеленски ги отпушти шефот на државната безбедност и главната обвинителка на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени шефот на украинската служба за државната безбедност СБУ, Иван Баканов и главната обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова, пренесува Гардијан. Главната причина за отпуштањето на две клучни фигури од украинското државно раководство се случаите на соработка со Русија на вработени лица во СБУ и украинското обвинителство. Зеленски во своето образложение рече дека досега 651 кривична...

Шестмина загинати и десетици повредени во ракетни напади во Украина денеска и вчера, напади и во Кијив

Кијив, главниот град на Украина денеска беше цел на ракетни напади од руските сили. Еден удар на ракета разурна станбена зграда, при што еден цивил загина, а уште најмалку четиримина се повредени - меѓу нив и дете. Нападите беа насочени на централното подрачје, при што една ракета падна и во дворот на детска градина, известува украинската државна новинска агенција...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...