Фото: Укринформ

Украинските одбранбени сили успеале во изминативе 24 часа да ги изгонат руските воени сили од повеќе од 20 населени места, пренесува украинската новинска агенција ukrinform.net повикувајќи се на Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Руските сили ги концентрираат своите напори на воспоставување контрола врз територија во регионот Донецк, задржувајќи ја контролата на територии што ги држат и одговарајќи на офанзивата на украинските сили на некои места.

Во текот на изминатото деноноќие, од руските сили биле уништени 40 трансформатори, поради што биле оставени без струја многу населени места. Притоа загинале четири лица од персоналот.

Едно од тие места е термоелектраната Знивска, при што се погодени три трафостаници и и40 други трафостаници со различна моќност, две 750 киловатни и пет 350 киловатни далноводи се оставени без струја.

Продолжуваат нападите на руските сили врз украинските борбени позиции, а се спроведува и воздушно извидување и активности да се поврати контролата врз загубените територии.

Во текот на изминатото деноноќие, руските сили истрелале 18 ракети и извршиле 39 други воздушни напади на воени и цивилни објекти во Украина. Повеќе од 30 населени места се погодени. Меѓу нив и Комбинираната топлана и електрана во Харкив, како и други важи инфраструктурни објекти во овој голем град на североистокот на Украина, поради што дошло до прекини во снабдувањето со струја во Харкив и некои области.

По успешните воени активности на украинските сили во Херсон, руските сили доживеале загуби, информира ukrinform.net. Според агенцијата, 810-та Поморско пешадиска бригада стационирана во Севастопол загубила најмалку 85 отсто од своите човечки сили, известува украинската новинска агенција.

Според неа, само во текот на изминатиот ден се убиени 40 руски војници, уништени се четири тенкови во јужна Украина, а биле извршени на територијата на целата земја 270 борбени мисии. Уништени биле и четири оклопни возила, три Миста-5 самоодни хаубици и муниција.