fbpx

Од ноќеска сите горива поевтинуваат за еден денар

-

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за по 1 денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) согласно најновата одлука со која се врши намалување на цените на нафтените деривати во просек за 1,25 отсто.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,99 денари за килограм и сега ќе изнесува 51,473 денари за килограм.

Од ноќеска на полноќ максималната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84,5 денари за литар, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 87 денари за литар. Литар дизел од ноќеска ќе чини 97 денари, а Екстра лесното масло 93,5 денари за литар.

Од РКЕВУ додаваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,848 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...