fbpx

Од полноќ поскапува дизелот

Малопродажната цена на Еуросупер БС-98, се зголемува за 1,5 денари за литар, па сега новата цена на ова гориво ќе изнесува 87 денари за литар

-

Еуродизелот, еуросупер БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство, поскапуваат за еден денар односно за денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Не се менува само малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95, 85 денари за литар.

„Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98, се зголемува за 1,5 денари за литар, па новата цена на ова гориво ќе изнесува 87 денари за литар. Малопродажните цени на Еуродизел и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1 денар, па така, литар дизел ќе чини 77 денари, а екстра лесното масло 76 денари“, наведено е во соопштението на РКЕ.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,979 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,7 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...