fbpx

Лекарската комора ги обедини здравствените работници во борбата против дезинформациите за вакцините

За ниту една вакцина не е постигнат опфат од над 95 отсто. Покрај епидемијата на пертусис, во иднина постои голем ризик за епидемија на морбили, предупредуваат докторите

-

Претседателите на Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора, заедно со деканите на трите медицински факултети во Скопје, Штип и Тетово, директорот на Институтот за јавно здравје денеска потпишаа Декларација за поддршка на вакцинацијата. Ова е обид на здравствените работници да се спротивстават на ширењето на дезинформации во однос на вакцините, што доведе до епидемија на голема кашлица.

Во декларацијата за поддршка на вакцинацијата се наведува дека „имунизацијата и вакцините се едно од најголемите достигнувања на човештвото и ниту една друга медицинска интервенција не спасила повеќе животи. Се потенцира и дека дистрибуцијата на непроверени информации за вакцинацијата шири неоправдан страв кај родителите, што доведе до алармантен пад на бројот на вакцинирани деца.

На настанот беше просутен и Министерот за здравсгтво Илир Демири, кој посочи дека дезинформациите се шират во во секој сегмент од општеството, но кога е во прашање здравството тие можат да бидат опасни по живот.

„Оттаму, неопходно е заеднички да работиме на подигнување на нивото на здравствена едукација кај населението, имајќи предвид дека многу болести се превенирани токму поради вакцинацијата. Со потпишување на заедничката Декларација формираме поширок фронт за поддршка на вакцинацијата, одржување континуитет на активностите и потенцирање на важноста на имунизацијата. Наша заедничка цел е заштита и унапредување на здравјето на граѓаните и само заеднички – со здравствената фела можеме да ја реализираме оваа цел“, истакна министерот Демири.

Тој истакна дека на овој начин, со потпишување на декларацијата, целта е да се искористи влијанието на Лекарската комора која има 9.400 членови.

Калина Гривчева Старделова, претседателката на Лекарска комора истакна дека се соочуваме со враќање на болести кои требаше да останат во заборав.

„За жал, опфатот со редовен календар на имунизација за 2022 на ИЈЗ, покажува дека во однос на примарната вакцинација и ревакцина, не е постигнат опфат од над 95 отсто за ниедна вакцина на национално ниво. Како последица на ова, се соочуваме со епидемија на голема кашлица, а ризикот од повторно соочување со нови епидемии на мали сипанци е сериозно висок. Ги разбираме родителите кои се соочени со неточни инфоормации поврзани со вакцините, и кај нив тоа предизвикува одбивање на вакцинацијата, но со оваа декларација ќе се бориме против дезинформациите“, истакна претседателката.

Проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација, потсети дека во 2018 година имаше четири смртни случаи на деца и 1.901 случај на морбили.

„Тогаш направивме масовна имунизација која резултираше со опфат од над 95 отсто. Сега повторно се соочуваме со епидемија на пертусис и голем ризик од епидемија со морбили. Ниеден здравствен работник не смее да го доведе во прашање размислувањето на имунизацијата или да шири неточни информации кои ги бунат родителите. Мора да сме недвојбени во ставовите“, рече Грозданова.

Декларацијата ја потпишаа претседателите на Стоматолошката и Фармацевстката комора, д-р Маријан Денковски и дипл.фарм Весна Ставрова, деканите на трите медицински факултети во Скопје, Штип и Тетово, проф. д-р Светозар Антовиќ, проф. д-р Милка Здравковска и проф. д-р Невзат Елези, како и директорот на Институтот за јавно здравје проф. д-р Шабан Мемети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...