Во ОН ќе се гласа за нова резолуција за примирје во Газа, откако Русија и Кина ставија вето

Според Агенцијата Франспрес, во новата резолуција повторно се бара „итно примирје“, но такво што ќе довело до „трајно издржливо примирје“

-

Денес ќе се гласа за нова резолуција во за примирје во Газа во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), откако во петокот Русија и Кина ставија вето на нацрт-резолуција поднесена од Соединетите Американски Држави со која се бараше „итно примирје“, пренесува Гардијан.

Руски претставник во ОН изјави оти резолуцијата, наводно, не била доволно строга во своите барања за да се спасат палестински животи.

Според Агенцијата Франспрес, во новата резолуција повторно се бара „итно примирје“, но такво што ќе довело до „трајно издржливо примирје“. Дополнително, се бара ослободување на сите заложници кои Хамас ги зароби за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври, но и се бара непопречен проток на хуманитарна помош во Газа од страна на Израел. Последното барање доаѓа откако агенцијата на ОН за помош на палестински граѓани најави дека Израел спречува проток на хуманитарна помош во северот на Газа.

Резолуцијата е напишана од избраните членови на Советот за безбедност (односно не од големите пет земји кои имаат право на вето) кои сорабтувале со САД изминатиот викенд на пишувањето на нивната резолуција.

Инаку, потпретседателката на САД Камала Харис го предупреди премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, дека САД не би стоела зад копнена офанзива во Рафах, нешто што го кажа и државниот секретар.

„Каква било масовна воена операција во Рафах би била огромна грешка. Ја проучував мапата на регионот – нема каде да одат тие луѓе. А станува збор за милион и пол луѓе во Рафах кои се таму затоа што им било кажано да одат таму“, изјави Харис.

Претседателот на Франција, пак, Емануерл Макрон, предупреди дека дополнително раселување на граѓаните во Рафах би претставувало воено злосторство.

Бројот на убиени во Газа се качи до 32.333, а бројот на повредени е 74.694.

Истовремено, медицински работници во болниците во Газа ги опишаа условите за работа како „незамисливи“. Медицинските лица во болниците се справуваат со напади од израелските сили, недостиг на ресурси и прекумерен број на пациенти. На пример, Европската болница во близина на градот Хан Јунис моментално има 1.00 кревети, иако вообичаено има капацитет за само 200.

„Има околу 22.000 луѓе кои се раселени од другите делови на Газа, кои престојуваат во ходниците и во шаторите во болницата, бидејќи луѓето чувствуваат дека е посигурно да се биде овде отколку на кое било друго место“, изјави д-р Константина Илија Кариди, анестезиолог која е во посета во Газа.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...