четврток, 15 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Совет за безбедност на ОН | 44 резултати

Русија и Кина ја блокираа резолуцијата на САД за итен прекин на огнот во Газа

22 март 2024

Нацрт-резолуцијата на САД за прекин на огнот во Газа не помина на Советот за безбедност на САД. Гласањето заврши со 11 гласа „за“, три „против“ и еден воздржан, јави Би-би-си. Русија и Кина ставија вето на резолуцијата што го врзуваше итниот прекин на огнот во Газа со ослободувањето на заложниците што ги држеше Хамас. Против […]

Две години војна во Украина: Министрите за надворешни работи се обратија на Советот за безбедност на ОН

24 февруари 2024

По повод одбележувањето на две годишнината од руската инвазија врз Украина, Советот за безбедност на Обединетите нации одржа брифинг за Украина, каде се обратија голем број Министри за надворешни работи и други високи функционери. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк се обрати на брифингот. „Две години […]

САД подготвени да гласаат за ублажена резолуција во ОН за војната во Газа

22 декември 2023

Денеска се очекува конечно да се гласа за резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за безбеден пристап до хуманитарна помош и обезбедување на условите за примирје во појасот Газа, известува Гардијан. Сегашното барање е значајно помало од првичната верзија на резолуцијата, која бараше итно примирје. Оваа недела интензивно се работеше на тоа […]

Бројот на убиени во Газа од почетокот на војната надмина 20.000

21 декември 2023

Како што хуманитарната состојба во Газа континуирано се влошува, така и преговорите за примирје во регионот континуирано се комплицираат. Според Министерството за здравство во Газа, бројот на жртви во Газа надминал 20.000, известува Би-би-си. Советот за безбедност на Обединетите нации повторно го одложи гласањето за примирје во Газа, со цел реформулирање на резолуцијата за да […]

Лидерот на Хамас пристигна на преговори во Египет

20 декември 2023

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханијех пристигна во Египет за да се сретне со египетски посредници во преговорите со Израел. Се смета оти ќе се преговара околу воведување примирје во Газа, известува Би-би-си. Ханијех, инаку, живее во Катар. Според Гардијан, средби меѓу премиерот на Катар и високо рангирани членови на ЦИА поминале „позитивно“. Сепак, еден од […]

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за резолуција за примирје во Газа

19 декември 2023

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска ќе гласа за резолуција за примирје во Газа. Се очекуваше вчера да се одржи гласањето, но истото беше одложено за да се допрецизира формулацијата на барањето на резолуцијата, известува Би-би-си. Конкретно, се ублажува барањето на „прекин на огнот“ во „суспензија на огнот“, со цел да се добие […]

Израел бомбардираше камп за бегалци во Газа, најмалку 90 загинати

18 декември 2023

Синоќа израелските одбранбени сили го бомбардираа кампот за бегалци Џабалија, кој се наоѓа на северот на појасот Газа. Според Mинистерството за здравство на Газа, во нападот има најмалку 90 загинати, известува Гардијан. Ова не е првпат кампот Џабалија да биде бомбардиран од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Газа, кој започна на 7 октомври. Џабалија […]

Советот за безбедност на ОН ќе заседава за Газа, ОН предупредува на нови раселувања

8 декември 2023

Откако генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш се повика на членот 99 од Повелбата на ОН, Советот за безбедност денеска ќе треба да заседава за состојбата на Блискиот Исток, јавува весникот Гардијан. Гутереш бара хуманитарен прекин на огнот во Газа за да се спречи катастрофа со потенцијално неповратни импликации за Палестинците, но и за […]

Рама го замолчи рускиот амбасадор во ОН: Прекинете ја војната во Украина и Зеленски нема да зборува

21 септември 2023

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја синоќа беше замолчен од албанскиот премиер Еди Рама на почетокот од состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации. Небензја му се спротивстави на Рама, кој претседаваше со состанокот, во моментот кога Рама му даде збор на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во однос на давањето збор на Зеленски, […]

Русија го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН, за Украина ова е „најлошата првоаприлска шега“

1 април 2023

Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и покрај тоа што Украина ги повика членките да го блокираат потегот. Секоја од петнаесетте земји-членки на Советот за безбедност го презема претседателството на еден месец, по ротирачки модел. Последен пат кога Русија претседаваше, во февруари 2022 година, земјата започна целосна инвазија на […]

Османи пред Советот за безбедност на ОН: Итно повлекување на руските сили од Украина

25 февруари 2023

На една година од руската инвазија врз Украина, министерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации на отворената дебата за Украина на тема „Зајакнување на одговорноста и правдата за прекршување на меѓународното право“, информираат од Министерството за надворешни работи. Оваа отворена дебата доаѓа по вчерашната 11-та Специјална итна […]

ОН бара итен прекин на борбите и пристап до нуклеарната електрана во Запорожје

12 август 2022

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) одржа итен состанок во врска со ситуацијата во нуклеарната електрана во Запорожје, која од пролетва се наоѓа под руска окупација. Рафаел Гроси, шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, рече дека е екстремно критична. Откако неколку пати беше гранатирана нуклеарната електрана […]

Гутереш до Путин: Во име на човештвото, вратете ги вашите сили назад во Русија

24 февруари 2022

Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН) Антонио Гутереш апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да ги запре своите сили, додавајќи дека рускиот напад на Украина е најтажниот момент во неговиот петогодишен мандат. „Претседателу Путин, запрете ги вашите сили од нападот на Украина. Дајте му шанса на мирот. Премногу луѓе веќе загинаа“, изјави тој отворајќи ја […]

Русија ги призна двете пара-држави отцепени од Украина, Западот воведува санкции

22 февруари 2022

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ја потпиша одлуката за признавање на независноста на двете пара-држави – Народните републики Луганск и Донецк и со тоа отвори ново поглавје од украинскиот конфликт започнат во 2014 година. Тој го потпиша и декретот за испраќање на руски војници таму. Русија за денеска го најави потпишувањето на договорите за соработка […]

Советот за безбедност на ОН има шест нови земји-членки

2 јануари 2018

Советот за безбедност на Обединетите Нации има шест нови членки Екваторска Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска, Холандија, Кувајт, Перу и Полска. Знамињата на овие земји, денеска беа поставени пред седиштето на ОН во Њујорк. Египет, Јапонија, Сенегал, Украина и Уругвај го завршија својот мандат минатата година. Советот за безбедност на ОН има 15 членки помеѓу […]

Дипломатските средства за Северна Кореја се при крај, вели амбасадорката на САД во ОН

17 септември 2017

Доколку САД ги исцрпат дипломатските опции за да ја убедат Северна Кореја да ја запре нуклеарната програма, тогаш најверојатно работите во свои раце ќе ги преземе Пентагон, вели амбасадорката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли, за „Си-ен-ен“. – Ние сакавме да бидеме одговорни и да ги искористиме сите дипломатски средства за да го привлечеме […]

Ракетниот тест е подготовка за воени акции во Пацификот, порача Пјонгјанг

30 август 2017

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го оценил вчерашното тестирање на балистичката ракета како успешно и го опишал како подготовка за напад на американскиот остров Гуам во Пацификот, се наведува во соопштението што го пренесе државната новинска агенција на Северна Кореја – КЦНА. Во соопштението се наведува дека Ким Џонг-ун изразил големо задоволство поради успешниот тест и наредил […]

Северна Кореја истрела ракета преку Јапонија, итна седница на Советот за безбедност на ОН

29 август 2017

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска ќе одржи итна седница на барање на САД, Јапонија и на Јужна Кореја, откако Пјонгјанг истрела балистичка ракета што ја прелета територијата на Јапонија пред да падне во Тихиот Океан. Како што јавуваат светските медиуми, сирените за тревога се активирале во северниот дел на Јапанија, предупредувајќи ги луѓето […]

Северна Кореја е непосредна воена закана, смета министерот за одбрана на САД

3 јуни 2017

Северна Кореја забрзано развива ракета со нуклеарна боева глава која може да претставува закана за Соединетите Американски Држави и за други земји, изјави денеска американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, говорејќи на меѓународна конференција во Сингапур. Министерот за одбрана на САД ја нарекол Северна Кореја „непосредна воена закана“, јавуваат светските агенции. Матис истакнал дека администрацијата […]

Советот за безбедност на ОН се закани со нови санкции кон Пјонгјанг

20 април 2017

Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва ја усвои резолуцијата со која остро се осудуваат последните тестирања на ракети од страна на Северена Кореја и се закани со нови санкции кон Пјонгјанг, јавуваат светските агенции. Со резолуцијата, која е усвоена едногласно, се осудува однесувањето и „илегалните активности“ на властите во Пјонгјанг, кои се повикуваат повеќе […]

Страна 1 од 2