fbpx

Низа жестоки напади од Русите во Украина, во Миколаив употребени ракети С-300

-

Во текот на изминатава ноќ, украинскиот град Миколаив беше гаѓан од руските сили со ракети С-300, од кои најголем дел паднале во индустриски комплекс на периферијата на градот. Претходно, Миколаив беше и гранатиран, а од нападите на Русите, во градот избија и четири пожари, извести украинската новинска агенција Укринформ.

Како што извести Подрачната единица во Миколаив на Државната служба за вонредни ситуации, во последните 24 часа во градот избиле четири пожари како резултат на нападите. Во силното гранатирање од страна на Русите бил погоден и веќе гранатиран магацин на едно од градските јавни претпријатија, при што избил пожар.

Нападнати биле и неколку други села, при што е уништена станбена зграда во селото Первомајске. Погоден бил и силос со пченица во гратчето Вознесенск.

Во областа Миколаив секое трето училиште е оштетено, а вкупно 23 од почетокот на руската агресија на 24 февруари биле уништени, известува Укринформ.

Напади беа извршени од руските сили и во регионот Донецк, при што вчера загинале тројца цивили, а тројца други биле повредени, соопшти раководителот на Донецката регионална воена управа. Жртви најверојано има и во Мариупол и Волноваха, но точната ситуација моментално не може да се процени.

Тешки артилериски напади се вршени и во областа Никопол во регионот Днипропетровск. Во двата напада според засега познатото нема повредени и настрадани цивили. Во градот Никопол биле оштетени станбена зграда и десет приватни куќи, како и едно училиште, детско спортско училиште, продавница и кафуле.

Во текот на изминатото деноноќие, како што пишува Укринформ, украинските одбранбени сили нанеле големи штети на руските сили. Биле убиени 300 војници и други воен персонал, со што бројката на убиени припадници на руските вооружени сили од почетокот на инвазијата на 24 февруари се искачи на 49.800, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...