Стара фотографија од поплава во ГТЦ се прикажува како да е нова, од последното невреме во Скопје

-

Фотографијата од ГТЦ што се споделува на социјалните мрежи нема никаква врска со невремето што се случи на 30 август годинава. Всушност, таа е стара цели осум години. Снимена е во 2014 година, при силно невреме што се случило во мај истата година, пишува ВистиномерВистиномер.

На Фејсбук страница споделена е фотографија на која е прикажана поплава во Градскиот трговски центар. Ова претставува манипулација, бидејќи фотографијата не е направена за време на поплавите што се случија при невремето што го зафати Скопје на 30 август 2022 година, туку е од 2014 година.

Во објавата пишува:

„ГТЦ

Најубавиот водопад на светот“

По невремето што пред неколку дена го зафати Скопје и обилните врнежи на дожд проследени со силен ветер, на социјалните мрежи се појавија фотографии од повеќе поплавени, улици, куќи и објекти. Меѓу нив, се споделува и фотографија што прикажува поплава во Градскиот трговски центар, која е стара повеќе години и не е направена при последното невреме. На фотографијата се гледаат скали кои се наоѓаат во Градскиот трговски центар, а по нив тече голема количина вода предизвикана од силен дожд.

Но, фотографијата нема никаква врска со невремето што се случи на 30 август годинава. Всушност, таа е стара цели осум години. Снимена е во 2014 година, при силно невреме што се случило во мај истата година.

Тоа го потврдуваат и неколку медиумски извештаи каде што е објавена оваа фотографија.

На медиумот Балкан Инсајт, објавен е напис во кој се известува за невремето што се случило и штетите кои биле предизвикани. Во таа објава може да се забележи потполно истата фотографија од скалите на Градскиот трговски центар.

Истата фотографија е објавена и на ОКНО каде што има репортажа од невремето и поплавата што се случува во 2014 година и проблемите што ги предизвикал дождот.

Фотографијата ја има и на Нова ТВ која што пренесува реакција на надлежните од Град Скопје кои што раководеле со тогашната градска администрација, за поплавата која што се случила во 2014 година.

На вака споделената фотографијата ѝ недостига соодветен контекст (missing context), бидејќи е објавена без објаснување дека станува збор за стара фотографија. Притоа, се измамуваат читателите да донесат погрешен заклучок дека истата е снимена сега, а не пред осум години.

Сето ова се прави за да се за да привлече внимание и да се постигне што е можна поголема читаност и прегледи на Фејсбук страницата и да се добијат многу реакции, коментари и споделувања на објавата.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...