fbpx

Здружението Лесја Украинка ќе протестира во Скопје по руските гранатирања на украински градови

-

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ за денеска најави протестен митинг против денешните руски гранатирања на украински градови. Протестот ќе почне во 18 часот, пред Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.

Пред граѓаните кои ќе дојдат на протестот ќе се обрати претседателот на „Лесја Украинка“, Олександар Урбанович.

По денешните разорни напади, Твитер со свој пост реагираше и амбасадорката на Украина во Северна Македонија. Лариса Дир.

Таа објави видео во кое се гледаат бруталните напади, а завршува со порака која гласи: „Дајте ѝ на Украина помоќно оружје“.

Денеска, како што пренесе Ројтерс, Русија истрела крстаречки ракети врз градовите низ Украина за време на утринскиот шпиц, убивајќи цивили и уништивајќи го снабдувањето со струја и топлина. Овие напади, рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи за одмазда за украинските напади, вклучително и на мостот кон Крим.

Ракетите погодија фреквентни раскрсници, паркови и туристички места во центарот на Кијив со интензитет што не е забележан, откако руските сили се обидоа да го освојат главниот град на почетокот на војната.

Експлозии беа забележани и во Лвив, Тернопил и Житомир во западна Украина, Днепро и Кременчук во централна Украина, Запорижје на југ и Харков на исток. Украинските власти соопштија дека најмалку 10 луѓе загинале, голем број се повредени, а делови од земјата останале без струја.

Во телевизиско обраќање, Путин рече дека наредил „масивни“ напади со долг дострел против украински енергетски, командни и комуникациски цели, користејќи проектили истрелани од воздух, море и копно, како одговор на, како што рече, терористичките напади, вклучително и експлозијата, во саботата на Кримскиот мост.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во изјава на платформата Телеграм рече дека е убеден дека по масовниот ракетен напад на Русија врз украинските градови, целиот свет повторно го виде вистинското лице на терористичката држава која ја покрива својата криминална суштина со разговори за мир.

„Денес цел свет уште еднаш го виде вистинското лице на терористичката држава која го убива нашиот народ. Не само на боиштето, туку и во мирните градови. Земја која само ја покрива својата вистинска крвава и криминална суштина“, рече Зеленски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...