понеделник, 19 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Лесја Украинка | 15 резултати

Украинците од центарот на Скопје порачаа: „Русија е терористичка држава“

24 февруари 2023

Држејќи долг банер со натпис „Русија е терористичка држава“ и многу знамиња и цвеќе во сино жолта боја, Украинците од центарот на Скопје им оддадоа почит на нивните сонародници кои веќе една година ги жртвуваат животите за спас на татковината. Тие изразија и голема благодарност за хуманитарната помош и за поддршката од Северна Македонија кон […]

Здружението „Лесја Украинка“ на скопскиот плоштад ќе ја одбележи годишнината од руската воена агресија

24 февруари 2023

Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ денес во 14 часот, по повод годишнина од почетокот на руската воена инвазија врз Украина, организира митинг на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Учесниците на митингот, од плоштадот „Македонија“, ќе се упатат во паркот „Жена борец“, кој се наоѓа во близина, каде ќе положат цвеќе пред споменикот […]

Здружението Лесја Украинка ќе протестира во Скопје по руските гранатирања на украински градови

10 октомври 2022

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ за денеска најави протестен митинг против денешните руски гранатирања на украински градови. Протестот ќе почне во 18 часот, пред Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. Пред граѓаните кои ќе дојдат на протестот ќе се обрати претседателот на „Лесја Украинка“, Олександар Урбанович. По денешните разорни напади, Твитер […]

Во центарот на Скопје отворена „Алеја на Украина“

12 септември 2022

Новата украинска амбасадорка во земјава Лариса Дир од центарот на Скопје каде што денес беа засадени дрвја донирани од Украина и беше отврена изложбата наречена „Алеја на Украина“ порача дека Украина има исклучителна важна поддршка од македонското општество. Таа рече дека Русија продолжува со својата крвава напаѓачка политика, одземајќи животи на цивили и уништувајќи го […]

Украинците во земјава на протест, потсетија на злосторствата извршени врз нивната татковина

12 јуни 2022

Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска организираше мирен протест во Скопје против руската воена агресија врз Украина. Протестот започна во 12 часот на детското игралиште зад Универзална сала, а заврши пред амбасадата на Руската федерација во Скопје. Преку транспаренти и илустрации, присутните ја искажаа загриженоста за случувањата во нивната татковина и побараа Русија […]

Украинците во Скопје утре организираат мирен протест против руската агресија

11 јуни 2022

Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка” најави дека утре (недела) ќе организира протестен митинг во Скопје против руската воена агресија врз Украина. Како што најавуваат од здружението, мирниот протест ќе започне во 12 часот на детското игралиште зад Универзалната сала, а во 12.30 часот ќе се префрли пред амбасадата на Руската федерација во Скопје.

Здружението „Лесја Украинка“ бара реакција за дезинформациите што ги негираат злосторствата во Украина

7 април 2022

„Лесја Украинка“, здружението на Украинците во Северна Македонија се огласи со реакција на сè почестите дезинформации во врска со инвазијата на Русија врз Украина, како и одобрувањето на воените злосторства, односно на навредите и говорот на омраза на интернет. Здружението побара мерки за сузбивање на овие негативни појави, кои се оквалификувани како кривични дела во […]

„Лесја Украинка“: Медиумите да не шират дезинформации за иницијативите за преименување на улици

2 април 2022

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ апелира до медиумите и порталите да не шират лажни и извртени информации во врска со петициите за преименување на улици во различни земји, каде се наоѓаат руски амбасади и дипломатски претставништа (што навистина е глобална иницијатива на Украинското МНР во знак на солидарност со Украина), а […]

Тага, гнев и плач на протестот против руската агресија, отворен и шатор за донации за Украина [фото]

6 март 2022

Итно сопирање на руската агресија во Украина и затворање на небото за прелети на руската авијација. Ова е главното барање на граѓаните коишто денеска во центарот на Скопје се собраа на протестот против руската инвазија врз Украина. Во плач и неверување, со гнев и тага, секој од присутните на протестот на различен начин испрати апел […]

Во недела протестен марш во Скопје против руската агресија во Украина

5 март 2022

Здружението на украинците во Република Северна Македонија, „Лесја Украинка“ ги повикува граѓаните да излезат на утрешниот протест кој ќе започне во 14:00 часот со собир кај споменикот „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“.  „Ги повикуваме сите свесни граѓани да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и […]

Повеќе апели за хуманитарна помош за нaстраданите во војната во Украина

2 март 2022

Битките во Украина не стивнуваат. Според најновите податци кои ги објавија светските медиуми во изминативе 24 часа поради руските гранатирања на украинскиот град Харков убиен е најмалку 21 цивил, а 112 се ранети. Бидејќи во рушевините кои остануваат од гранатирањата многумина губат сѐ, претседателот на Здружението на Украинците во Северна Македонија, „Лесја Украинка“, Александр Урбанович […]

Страна 1 од 1