Лесја Украинка: Македонија да побара Специјален трибунал за руските злосторства во Украина

Меѓународниот кривичен трибунал за Руската Федерација е поддржан од 33 земји во светот

-

Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ побара од македонските власти да се приклучат на земјите кои побараа формирање на Специјален трибунал за судење на руските воени злосторства извршени со руската агресија врз Украина.

Неодамна Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави дека распиша налог за апсење на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, како и за апсење на комесарката за правата на децата во Руската Федерација, Марија Лвова-Белова, за незаконското депортирање на украински деца.

„За нас, за Украинците, ова е историска одлука за Украина и за целиот систем на меѓународно право, меѓутоа тоа е само почеток на долгиот пат до враќање на правдата. И овој пат мораме да го поминеме заедно со целиот слободен и демократски свет, заедно со пријателската Република Северна Македонија. Очекуваме сите држави, кои се сметаат себеси за дел од цивилизираниот свет, да преземат соодветни чекори за изведување пред лицето на правдата на осомничените за сторени меѓународни злосторства“, се наведува во соопштението на Здружението „Лесја Украинка“.

Тие се сигурни дека апсолутно правичната одлука на Меѓународниот кривичен суд ќе има катастрофални последици за Путин и неговиот најблизок круг на луѓе.

„Сите знаат дека Украина прави максимални напори да создаде механизам за изведување пред лицето на правдата на руските лидери вклучени во злосторствата во Украина. Основната група за создавање на Специјален трибунал, која работи на можни алгоритми за работа, веќе вклучува 33 држави. Украинската заедница се обраќа со молба до Северна Македонија да се приклучи на оваа група за да бидат казнети оние кои се виновни за убиства, силување, тортура, киднапирање деца, со цел да не се прошири злото низ светот“, стои во соопштението од „Лесја Украинка“.

Меѓународниот кривичен трибунал за Руската Федерација е поддржан од 33 земји во светот, вклучувајќи ги земјите-членки на ЕУ, Обединетото Кралство, Австралија, САД, но и земји од други континенти, како што е Гватемала. Европскиот парламент на 19 јануари годинава усвои резолуција, со која се повикува на формирање меѓународен трибунал што ќе ги врши истражните и обвинителските активности за процесуирање на кривичните дела извршени како последица на агресијата врз Украина.

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Асад побегна од Дамаск, бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна

Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор, а сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец,...

АХВ: Неделава спроведени вонредни контроли и во кујните на приватните градинки

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли. Со надзори, во текот на оваа недела опфатени беа 38 кујни...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите...