„Лесја Украинка“: Медиумите да не шират дезинформации за иницијативите за преименување на улици

-

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ апелира до медиумите и порталите да не шират лажни и извртени информации во врска со петициите за преименување на улици во различни земји, каде се наоѓаат руски амбасади и дипломатски претставништа (што навистина е глобална иницијатива на Украинското МНР во знак на солидарност со Украина), а поконкретно, да не шират провокативни и нецелосни информации дека наводно е побарано улица „Македонија“ во Варна во Република Бугарија да се преименува во улица „Украина“.

„Со тоа се поттикува омраза помеѓу трите земји и се дава повод за злонамерни гласници кои ја поддржуваат руската агресија врз суверена Украина да предизвикуваат непотребни тензии во момент кога најмалку се потребни и во земјата и пошироко, особено во врска со чувствителното прашање за членството на Северна Македонија во ЕУ“, се вели во соопштението од Здружението на Украинци.

Оттаму тие апелираат до медиумите внимателно да ги пренесуваат информациите, особено дека иницијативата за преименување „се однесува само на делот на улицата каде се наоѓа рускиот конзулат во Варна да се преименува во улица „Украина“, а не и целата улица“.

Тие сметаат дека таквата инцицијатива двете „пријателски земји да делат една иста улица во Варна, дополнително може да послужи за пример и за симбол на добри односи помеѓу Република Северна Македонија и Украина“.

„Истото се однесува и само за делот на улицата во Скопје“, велат од „Лесја Украинка“.

Додаваат дека информацијата за барање за преименување на само дел од улицата во Варна е јасно претставена во бугарските медиуми.

„Здружението уверува дека Украина и Украинците секогаш со длабока почит се однесуваа и се однесуваат и кон братската Република Северна Македонија и кон нејзината историја, и во никој случај не сакаат иницијативата да биде толкувана погрешно, и ги повикува информативните портали и медиуми на достојно претставување на оваа чувствително прашање“, се вели во соопштението.

Оттаму се заблагодаруваат за сестраната поддршка која Република Северна Македонија ѝ ја дава на Украина кога ѝ е најпотребна.

Петиција: Улицата Пиринска, на која се наоѓа Руската амбасада во Скопје да се преименува во „улица Украинска“

АНАЛИЗА: Повисока инфлација, иста стапка на раст на БДП

Ценовниот притисок ги „стопи“ очекувањата за инфлација од 2,2 отсто во оваа економска година, објавува Порталб. Според новите буџетски проценки инфлацијата ќе биде нешто помалку од 3%. Во новата Фискална стратегија...

Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс во својата колумна изјави дека инвестирањето и ангажирањето со земјите од Западен Балкан е геостратешки императив во услови на зголемена глобална...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Вработената во Општина Кочани беше повредена со пластично шише

„Вистиномер“ на социјалните мрежи пронајде објавен видеоматеријал на којшто е прикажан инцидентот и на него се гледа дека сите шишиња коишто се поставени на масата за советниците, се пластични, пишува „Вистиномер“ Во...

АНАЛИЗА: Повисока инфлација, иста стапка на раст на БДП

Ценовниот притисок ги „стопи“ очекувањата за инфлација од 2,2 отсто во оваа економска година, објавува Порталб. Според новите буџетски проценки инфлацијата ќе биде нешто помалку од 3%. Во новата...